Краткометражниот игран филм “ADIEUS” (Разделби) во режија на Горан Тренчовски во продукција на МТВ влезе во официјалната селекција на 5-тиот Интернационален Фестивал на краток филм којшто од 8 до 11 мај ќе се одржи во Науса, Грција. На фестивалот филмот “Адиеус” ќе биде прикажан заедно со филмови од целиот свет.
Филмот “Adieus” е дигитално сработен според триделната филмска серија за вампирџиите. Во филмот играат: Петар Темелковски, Роберт Вељановски, Петар Арсовски и др.
Дејствието се одвива околу учителот и неговиот ученик кои се впуштаат во мисијата наречена истерување на празноверието од македонскиот дел од Балканот.
Сценарист е Владимир Плавевски, директор на фотографија Александар Касапинов, монтажер Дилавер Мустафа, а композитор Димитрије Бужаровски.
“Adieus” на Тренчовски неодамна имаше своја проекција и на фестивал во Нови Сад, а е поканет да учествува и на други фестивали.
Известува:Горан Тренчовски