Скопје, 17 март (МИА) - Во Кинотеката на Македонија денеска почнува 10-тиот Фестивал на италијански филмови насловен „Прозорец кон италијанскиот филм“, оваа година посветен на делата на Џузепе Ферара.
Фестивалот кој трае до 22 март, го организира Амбасадата на Италија во Скопје во соработка со Кинотеката на Македонија и Скопскиот филмски фестивал. Филмовите на Ферара ќе бидат прикажани од 17 до 21 март со почеток во 20 часот.
На Фестивалот ќе бидат прикажани филмовите: „Камен во уста“, „100 дена во Палермо“, „Случајот Моро“, „Банкарите на бога“ и „Гвидо кој ги предизвика Црвените бригади“. Режисерот Ферара ќе присуствува на проекциите на 20 и 21 март.
Филмовите на Ферара ја пресликуваат италијанската историја на 50-тите години, давајќи една многу жива претстава за најзначајните проблематики кои ја засегаат Италија, како што се организираниот криминал и борба против него, корупцијата и тероризмот со политичка заднина. рп/јт/7:51