Тwitter допира до целиот свет, над 60 отсто од твитерџиите се надвор од САД, објави сервисот за микро-блогирање. Oд последниве десет месеци бројот на интернационалните корисници се зголемил за скоро 20 отсто, од 45% во јуни 2009 година до над 60% во април 2010.
„Воведовме шпанска верзија на Twitter во ноември 2009 и забележавме 50% раст во нови корисници чиј роден јазик е шпанскиот.“ вели Мат Санфрод од интернационалниот тим на сервисот.
Најголем раст Twitter забележува за време на важни настани ширум светот, пред се благодарение на моќта за брзо информирање. Пример, за време на земјотресот во Чиле имало и 1200% раст на нови корисници, скоро сите кои зборуваат шпански. Дополнително само половина од сите 10-тина милијарди твитови се на англиски, останите 5 милијарди твитови се на разни странски јазици.
Се надеваме дека ќе видиме и македонска верзија наскоро.
Надополнето: Од Twitter велат бидејќи нема никој македонец вработен во компанијата, потребни им се доброволци за да го преведат сервисот. Доколку сакате да помогнете контактирајте ги Енди Лорек или Мет Стандфор (oдговорен за интернационалнит тим).
автор: Виктор Арсовски
Извор: http://it.com.mk/internacionalen-rast-na-twitter/