Теоретичарите на завери сметаат дека тајниот проект на Аљаска предизвикува катаклизма
(Слободна Далмација - Сплит)
4 март
Најновиот голем земјотрес што ја погоди државата Чиле ги вознемири теоретичарите на заговори. Тие за овој трагичен настан, како и за потресите кои во последните неколку години ги погодуваат главно сиромашните делови во светот (Хаити, Перу, Ниас, Гуџарат, Суматра...), причината ја гледаат во дејствување на ХААРП (The High Frequency Active Auroral Research Program).
Се работи за многу антени кои според теоријата можат да се користат за контрола на времето, за „производство“ на потреси и за манипулација со мозочните бранови во човековиот мозок.
Проектот се наоѓа во Гакуна на Аљаска, бидејќи таму е најповолно место за работа со оглед дека регионите околу половите имаат многу активности во јоносферата. За неговото постоење во широката јавност се дозна поради тоа што жителите почнаа да реагираат поради чудните аномалии на небото откако проектот почна да работи, како и поради неколку научници кои се обратија на новинарите за да ги предупредат.
Едноставно, ХААРП деjствува на обратен начин од радискиот телескоп - наместо да прима тој испраќа сигнали. Електромагнетните бранови на ХААРП погодуваат делови на јоносферата и ги затоплуваат. Тоа наводно може да создаде еден вид на бранови во правец према Земјината кора и да предизвикуваат потреси. Воедно, затоплувањето на некои делови на јоносферата влијае и на временските прилики.
Тие кои ја следат работата и дејствувањето на ХААРП тврдат дека бил активен и на 12 јануари 2010 година кога државата Хаити ја погоди катастрофален земјотрес. Истовремено на ЈуТјуб постојат многу видео записи за тоа, како пред потресот на небото биле забележани разни аномалии и бои, посебно во случај на земјотресот кој го погоди Сечуан во Кина.
Последиците од дејството на вакво оружје се несогледливи, тврдат аналитичарите, а за причините зошто се уништуваат само сиромашни региони може само да се шпекулира. На јавноста и е објаснето дека целта на проектот ХААРП е академско истражување за да се промени јоносферата, а со цел да се подобри можноста за комуникација за доброто на човештвото.
Џон Ханском од американската воздухопловба база тврди: ХААРП се состои од неколку елементи кои служат за пренос на енергија како и од многу елементи за проучување на јоносферата. Целта на истражувањето е научна, но дел од добиените резултати можат да се применат и во воени цели.
ХААРП не е единствена институција која се занимава со вакви испитувања. Во Европа постои ЕИСКАТ како и Sura Ionospheric Heating Facility во Русија.
Според истражувањата на американски новинари, научниците на ХААРП (т.е. идејата за праќање на енергија во јоносферата) ја добиле од проучувањето на пронајдоците на Никола Тесла и „Штитот на Тесла“, како и од проучувањето на „смртоносните зраци“. вз/