Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје денеска беше презентирана Европската библиотека која нуди бесплатна услуга и пристап до фондовите на 48 национални библиотеки од Европа, на 36 јазици, меѓу кои и македонскиот.
Библиотеката овозможува пребарување на дигитални книги, весници, списанија, постери, мапи, видео записи и други документи, како и можност за истражување на историјата и културата на Европа преку он-лајн изложба. На веб страницата на Европската библиотека www.TheEuropeanLibrary.org може да се пребарува на македонски јазик, а нашата држава во Европската библиотека е присутна со три збирки - Главниот каталог на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, Централниот каталог на Република Македонија и дел од старословенските ракописи. Извршен е и дел од ориентални ракописи и од географски карти.
Европската библиотека овозможува пристап до 150 милиони библиографски или дигитални записи на 20 различни јазици.
НУБ се подготвува и за влез во Европската дигитална библиотека и досега со поддршка од Владата и од Министерството за култура е обезбеден простор за изградба на дигиталната библиотека, набавена е најсовремена опрема за скенирање на библиотечни материјали, подготвена е Стратегија на институцијата за дигитализација на збирките и посебните фондови, а се обучува кадарот кој ќе биде вклучен во овој процес и преостанува уште софтверската поддршка.
Извор: