Казна затвор од шест месеци му е изречена на архимандритот Никодим Царкњас од страна на грчкиот суд поради инцидентот предизвикан од група млади во Воден. Во судскиот спор тој беше обвинет дека претепал и му нанел телесни повреди на едно 12-годишно момче што учествувало во инцидентот кај домот на Царкњас.
Во нападот на група млади хулигани беше сериозно оштетен домот на архимандритот, кој се залага за почитување на верските и на националните права на Македонците во Грција. Хулиганите, кои пееле грчки националистички песни, со камења ги искршиле прозорците на куќата. Ова е само обид да ме заплашат, но нема да им успее - изјави вчера Никодим Царкњас.