Марк Твен бил многу повеќе од човекот што ги создал култните ликови Том Соер и Хаклбери Фин.
Твен, роден како Семјуел Ленгхорн Клемeнс, бил вистински провокатор во текот на неговиот живот, предизвикувајќи ги оние што имале моќ со помош на неговото пенкало, кое било многу помоќно од кој било меч.
Освен што бил голем литературен ум и филозоф, Твен бил и исклучителен иноватор, можел да се пофали со три патенти и одлично пријателство со големиот Никола Тесла.
Во продолжение ви нудиме некои од неговите мудри мисли што ќе ве инспирираат да размислувате, учите, сакате и да го живеете животот со полни гради.
- Љубезноста е јазик што глувите можат да го слушнат, а слепите да го видат.
- Држете се подалеку од луѓе што се обидуваат да ги омаловажат вашите амбиции. Малите луѓе секогаш го прават тоа, но големите прават да се чувствувате дека можете да бидете одлични.
- „Класици“ - книги што луѓето ги фалат и не ги читаат.
- Храброста е отпор кон стравот, владеење над стравот - а не отсуство на стравот.
- Не буди ја заљубената жена. Остави ја да сонува, за да не плаче кога ќе се врати на својата горчлива реалност.
- Добри пријатели, добри книги и сонлива совест: ова е идеалниот живот.
- Од сите животни, човекот е единствен што е суров. Тој е единствениот што нанесува болка затоа што ужива во тоа.
- Тајната на успехот е да ја направите вашата работа ваш одмор.
- Ако ја кажете вистината, не мора на ништо да се сеќавате подоцна.
- Човекот што не чита нема предност пред човекот што не знае да чита.
- За да ја добиете целата вредност на радоста, мора да ја поделите со некој.
- Политичарите и пелените мора да се менуваат често, поради истата причина.
- Дајте му на секој ден шанса да стане најубавиот ден во вашиот живот.
- Образование: патот од арогантно незнаење до мизерна несигурност.
- Не дозволувајте школувањето да го попречи вашето образование.
- Колку повеќе дознавам за луѓето, толку повеќе ми се допаѓа моето куче.
- Двата најважни дена во вашиот живот се денот кога се родивте и денот кога ќе откриете зошто се родивте.
- Брчките покажуваат каде биле насмевките.
- Стравот од смртта произлегува од стравот од животот. Човек кој живее целосно е подготвен да умре во секое време.