логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


14.03.2014 год.

Бизнис моделот на продавање на весници се потпираше на својата локална улица, секој дом, секое семејство да дознае што е ново во светот. И подоцна, за време на ручек, да се дебатира. А, кога се дебатира, сакале или не, освен родителите разговорот го слушаат и децата. Денеска нема дебата, ниту на ручек. Дури се поставува и прашањето дали семејствата и заедно ручаат, а не, пак, да се развие дискусија за некој глобален проблем.
 

Пишува: Владо Ѓорчев

 8711304574_b0fb21aa89_z

Ако читате по рубриките за бизнис во медиумите, за само пет минути ќе наидете на многу експерти кои ја предвидуваат конечната смрт на печатеното новинарство. И се чини дека само малкумина (како мене) мислат дека сѐ уште има некој живот и надеж за нив.

Но, која и страна од дебатата да ја заземете, ќе остане фундаменталниот проблем: со секоја измината година, младите луѓе растат сѐ помалку заинтересирани за вести.

Ова го потврдуваат и статистиките од САД. Според анкетата направена на Харвард, само еден од 20 тинејџери и еден од 12 млади луѓе читаат весник на дневна основа.


Кој колку пријатели има на Фејсбук (просек): млади 18-33 год. (millenials), средна генерација 34-49 год. (generation X) и постари генерации (younger/older boomer), Извор: Pew Research Center for People and Press
Кој колку пријатели има на Фејсбук (просек): млади 18-33 год. (millennials), средна генерација 34-49 год. (generation X) и постари генерации (younger/older boomer), Извор: Pew Research Center for People and Press

 
Онлајн вестите во моментов стојат малку подобро, но трендот на опаѓање е присутен и тука. Една неодамнешна студија покажа дека во 2008 година, околу 64 отсто од 18 до 24–годишниците пролистале весник онлајн, додека во 2009 година тој процент опаднал на 54 отсто. Бројките се дури и загрижувачки ако се има предвид дека студијата мерела дали испитаникот читал вести, а во „читале“ биле опфатени и оние млади луѓе кои само еднаш отвориле интернет годишно со намера да видат некоја вест.
 
Премногу политизирани насловни страници
 
Зошто младите луѓе не следат вести? Преголемата политичка окупација во медиумите секако дека во еден дел придонесува младите луѓе да не сакаат да купат весник и уредно, ако ништо друго, барем да го прелистаат. Во бавната смрт на весниците придонесоа и тие самите. Таа, секако ненамерно, е нагласена и заради насловните страници полни со политика. Кога на насловна страница на сериозен дневен весник сте видела некоја друга тема, која не мора да е забавна, но еве нека биде од општ образовен карактер? Значи, тука нешто смрди, а за да се исчисти миризбата печатените изданија и тоа како треба да подразмислат за промена на уредувачката политика кога се работи за насловната страница.

Друго дваесет е тоа што ниту еден печатен медиум во Македонија не прави анализа за тоа која целна група го чита и според тоа да состави насоки како треба да се однесува. Научна фантастика е, пак, да се направи анкета за тоа што младите би сакале да прочитаат во нивните весници: за тоа не станува збор ниту на стручните колегиуми.

Сето ова секако дека не треба да е оправдување зошто младите не читаат политички и деловни вести, но воопшто не е ниту за занемарување. Зашто, покрај забавните содржини, сигурно, ако ништо друго, младите ќе го прочитаат или барем ќе го перцепираат и политичкиот наслов.

Новинарите имаат должност да информираат. Но, граѓаните и тоа како имаа должност да бидат информирани. И за земјата, но и за случувањата во светот.
 
Прочитајте сите за тоа
 

На почетокот на 20 век за новинарството во голема мера се сметаше дека е  трговија. Немаше ограничување на образованието за влез во некоја редакција. Поради тоа и редовно имаше здрав прилив на млада крв. Тогаш во новинарските училишта предаваа теоретичари и академици наместо вистински новинари. Новинарство стана работа за средната класа.

Но, за кратко време работите се променија. Од трговија, новинарството стана вистински производ кој нуди нешто, нуди услуга, нуди информација. Весниците, особено големите „метро“ дневни весници, почна да се сфаќаат себеси многу сериозно. Веќе не можеше талентиран млад човек од колеџ, па и со неколку години работно искуство, да слета на работа во весниците во Њујорк или Чикаго.

Од друга страна, пак, од 1990-те до 2000-те години, самите весници се свртеа кон читателите од средна возраст. Тоа може да се забележи од содржините на весниците и магазините од кои се гледа како уредничките колегиуми размислувале.

Ако музичките критичари собрани околу Битлси и Ролинг Стоунс се бореа да останат во чекор со хип-хопот, весниците за политика и бизнис не се снајдоа баш најдобро за да одговорат на интернет револуција која се случуваше околу нив.

Сега весниците се соочуваат со најтешкиот дел пат во својата историја. Илјадници весници низ светот се затворени, а голем број се под стечај. Но, светот и експертите и понатаму вниманието го насочуваат кој снабдувачите на вести, а не кон потрошувачите на вестите. Дали сте слушнале некои медиумски експерти да кажат како да се направи употреблив модел на политички и бизнис медиум (печатен и онлајн) наспроти порталите на кои под „А“ им е голотијата ?

Клучно прашање во моментов е како да се фати вниманието на една генерација која малку се грижи за вести во било каква форма.

Кој колку лични фотографии споделил на Интернет (просек): : млади 18-33 год. (millennials), средна генерација 34-49 год. (generation X) постари генерации (younger/older boomer), не одговориле (silent), Извор: Pew Research Center for People and Press

Кој колку портрет фотографии споделил на Интернет (просек): : млади 18-33 год. (millennials), средна генерација 34-49 год. (generation X) постари генерации (younger/older boomer), не одговориле (silent), Извор: Pew Research Center for People and Press

 
Гледајќи наназад од насловните страници на весниците и моментот кога деца на улица извикуваа  „Прочитајте сите за тоа!“ до денеска, разликата е огромна. Тоа е време кога хартијата беше како фрижидер – за секого нуди по нешто и притоа е свежо, опипливо и видливо. За разлика оттогаш, денес весниците и онлајн изданијата нудат бајато, виртуелно и неопипливо (пластично) или недокажливо нешто. Бизнис моделот на продавање на весници се потпираше на својата локална улица, секој дом, секое семејство да дознае што е ново во светот. И подоцна, за време на ручек, да се дебатира. А, кога се дебатира, сакале или не, освен родителите разговорот го слушаат и децата. Денеска нема дебата, ниту на ручек. Дури се поставува и прашањето дали семејствата и заедно ручаат, а не, пак, да се развие дискусија за некој глобален проблем. Освен пред телевизор кога најверојатно, а денеска како мода, постои само озборување за убавина и стајлинг. Поради тоа, а како пракса која е наметната од родителите, денеска младите најмногу се „загрижени“ за стајлингот, убавината, а од пласираните информации и вести низ социјалните мрежи и порталите најмногу ги голтаат вестите од типот „Станија се појави без гаќи и градник“.
 
Причини за „заспаноста“ на младите

 
Според досега направените анализи, ќе набројам неколку причини кои најмногу влијаат врз младите и кои ги оттргнуваат да читаат политички е економски вести:

1.       Нема страст
Медиумите се здодевни – нема страст во новинарство. Кога ќе прочитате било која насловна страница во весник, а и во онлајн медиуми, ќе видите клише од ќор-фишеци. Надвор од основните елементите на приказната, нема жар, само голо симнување на звукот. Материјалот, пак, во најмала рака треба да биде направен да ги привлече оние, инаку незаинтересирани за секојдневието.

2.       Нема новинарство
Нема новинарство во новинарството. Колку од вестите што ги добиваме се навистина важни? Важноста е суштината на вестите. Постојат два вида на вести: тешки вести и меки вести. Но, она што треба да им значи најмногу на читателите е колку една приказна одекнува во нас како луѓе, колку приказната испраќа апел до нашите инстинкти. Кога политиката влезе во редакциите, медиумите си ја селектираа публиката на генерички групи на луѓе. Новинарството треба да биде неутрална платформа која секој може да ја „свари“, а не само одредена група.

3.       Непрактичност
Весниците додуша сега станаа непрактични. Од појавата на ЦД-то големите плочи во печатниците станаа неупотребливи. Ништо не е на дофат толку лесно и брзо колку еден лаптоп или преносен паметен телефон со интернет пристап. Потоа, тука е и прашањето за хартијата како отпад, но Македонија е сѐ уште далеку од дебата на оваа тема.

 Што им е интересно, а што здодевно на младите во Македонија, истражување „Млади и медиуми“. Извор Метаморфозис

 
.4. Цена
Како да се заштедат пари? Зошто да се плаќа за нешто што е бесплатно? Ова е теза која ја засега и музичката индустрија и индустријата за хартија и слично. Како пиратската музика, така и вестите се многу подостапни бесплатно на интернет, во голема мера на веб-сајтовите.
 
Што се прави на Фејсбук
 

Како и да е, и покрај технолошката индустрија и појавата на социјалните мрежи, во кои, пак, младите се најбројни читатели, сепак, опаѓа читањето на политички и бизнис вести.

Според Истражувачкиот центар за луѓе и медиуми Пју (Pew Research Center for the People and the Press  - САД), повеќе од една третина од луѓето под 25 години не добиваат вести на дневна основа. Парадоксот е во контрастот зашто тинејџерите поминуваат многу часови секоја недела онлајн. Неодамнешната британска студија проценува дека дури и млади под 31 година, кои се особено многу на Фејсбук, не добиваат вести на дневна основа, иако се на најстариот и најпосетен социјален медиумски сајт во светот.

Дали младите луѓе би можеле да бидат убедени критички да се вклучат во читањето вести и да разговараат за тоа на Фејсбук? Ако го прават тоа, ќе им се врати ли чувството на заедништво? Покрај тоа, нивната вклученост ќе се претвори во реален свет, наспроти виртуелниот активизам.  И, ако тоа се случи, ќе знаеме ли како да развиеме успешен медиум?

Во одредени истражувања  (Greenhow ) е заклучено дека  тинејџерите и младите луѓе на социјалните мрежи се повеќе поради неформални дружења – за да лајкуваат омилени фотографии, да тагнуваат и слични активности. Тие се, исто така, практикуваат „faceworking“ , термин кој Нил Селвин, социолог од Лондон, го објаснува како – кога луѓето намерно го користат нивниот социјален сајт за промовирање на информации, решавање на проблеми, споделување и креативна инспирација .


Мобилни телефони, мобилен интернет и други навики кај младите – истражување „Млади и медиуми“. Извор: Метаморфозис и МОФ

Мобилни телефони, мобилен интернет и други навики кај младите - истражување „Млади и медиуми“. Извор: Метаморфозис
 

Иако социјалните мрежи како Фејсбук се најпогодни за вестите да станат достапни на младите, сепак, оваа социјална мрежа им разви толку апликации кои ги оттргнуваат да посегнат по политички и бизнис вести. Од апликациите младите денеска на Фејсбук лесно можат да го направат следново:

- Тие пишуваат на лажни мрежи во рамките на Фејсбук;

- Лајкуваат приказни кои другите ги пишуваат;

- Пишуваат коментари;

- Комуницираат со другите корисници онлајн;

- Заработуваат поени за ангажирање во овие и други активности.

Значи нема категорија „читаат вести“. Според сето кажано, може да се заклучи дека засега имаме повеќе прашања отколку одговори. Дали постоењето на нови начини на пренесување вести и информации во рамките на постоечките социјални мрежи ги охрабрува младите за следење на вести и потоа граѓански да се ангажираат? Како може овие искуства да се насочат кон медиумите и да почнат да анализираат зошто е тоа така? Дали медиумите можат да се насочат кон тоа да ги натераат младите луѓе, особено оние кои растат во ерата на Фејсбук, да почнат да читаат вести?

Овие се клучните прашања кои и новинарите и експертите треба да ги одговорат.

 

(На национално ниво, кај нас во Македонија, за навиките на младите во однос на медиумите и социјалните мрежи, погледнете го истражувањето изработено од страна на „Метаморфозис“ и „Младински образовен форум“ на тема „Млади и медиуми“ а објавен во национален извештај овде.)

--------------------------------------------------------------------------------

Оваа новинарска лекција е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Новинарската лекција e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на новинарската лекција е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

  Извор: 

 http://a1on.mk/wordpress/archives/297753

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1906
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2418
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная