логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Денес на овие страници, веројатно, го забележавте писмото на поддршка на голема група интелектуалци од регионот за иницијативата позната под кратенката РЕКОМ. Ако не сте го прочитале, замолувам да го сторите тоа. Автор е познатата словенечка професорка Светлана Слапшак, а листата на потписници е импресивна. Кога пред две седмици писмото беше доставено до претседателот Иванов, симултано со доставувањето до претседателите на државите од територијата на поранешна Југославија, само нашите медиуми тоа не го оценија за доволно важно за нотирање. Денес ова писмо се наоѓа на страниците на најрелевантните весници во регионот. Јас бев замолена да помогнам за собирањето на потписите, а вие проценете колку беше успешна мисијата. Бескрајно сум благодарна за безрезервната поддршка што ја дадоа сите, а македонската интелектуална „репрезентација“ е толку бројна и со таков калибар, што колегите од соседните држави останаа восхитени. Втората работа е дека РЕКОМ е една од светлите точки во европскиот извештај за напредокот на земјата. Нека остане забележано, иако ја делиме горчината од извештајот во кој „нашата“ безимена земја и нејзиниот безимен народ со безимен идентитет беа пофалени за некои реформи, а казнети за нешто што не е наша вина. Нејсе, длабоко сум уверена дека РЕКОМ има многу поголемо значење за нас самите, и без оглед на европскиот контекст. Ова е нешто што мораме да го направиме за себе и за нашите деца. Иницијативата е насочена кон формирање независна регионална комисија, со мандат да ги утврди и јавно изнесе фактите за воените злосторства и другите тешки прекршувања на човековите права, да придонесе кон расветлување на судбината на исчезнатите, во војните 1991-2001 година (www.zarekom.org).

Кога го споделив писмото преку имејл и на Фејсбук, реакциите беа различни. Некои веднаш ги сфатија важноста и тежината на процесот, други сметаа дека ова нема значење за нас (темата е затворена со амнестијата), трети начелно го поддржаа, ама не ја видоа Македонија во тој контекст. Имаше и такви за кои ваквите иницијативи се некаков конспиративен зафат за сместување во (за нив, омразениот) политичко-географски простор во кој веќе не припаѓаме. Мојот одговор е принципиелен: без оглед како ќе се одвиваат работите, дали ќе се зачлениме во НАТО/ЕУ или не, или можеби почесто ќе дочекуваме шеици и махараџи, ние остануваме дел на овој наш Балкан. Европејци или не, нема да можеме да се „разведеме“ од него, а соседите и натаму ќе ни бидат соседи, во добро и во зло. Регионализмот е нешто што далеку ја надминува приказната за страшилото наречено „Југославија“, а и европеизмот е само облик на регионално вмрежување и споделување. Одговорно тврдам дека македонскиот конфликт го има истото извориште како оние во Хрватска, во Босна, а можеби најмногу во Косово. Не само што првата жртва на воениот виор беше Сашко Гешовски туку ние бевме последната епизода на прелевањето од север кон југ. Не мислам дека ни било пишано да се втурнеме во насилство, но убедена сум дека неуспехот на превенцијата лежи во регионалниот контекст. Конфликтите нема никогаш да бидат затворени, ако не се мине последната најтешка милја: соочувањето со вистината, каква и да е, помирувањето, но и оддавањето респект на оние што страдаа и сé уште страдаат. Документацијата покажува дека националното/етничкото потекло на сторителите/жртвите не значи дека нивната судбина се одвивала на „нивна територија“. Како што Македонци гинеа или страдаа на друг начин во други краишта, така и некои оттаму го загубија животот на наша територија.

РЕКОМ не е новина, дури и за Македонија. Ќе се сетите на трибините и 10 илјади потписи од граѓаните собрани во јуни. Акцијата сега продолжува, а јас ја имам тешката задача на јавен заговарач кај нас и за нас. Кога го слушнав предлогот, првата реакција беше да укажам дека е ова невозможна мисија. Законот за амнестија доживеа автентично толкување, владината коалиција почива на цврст договор, а јас не знам како да заговарам нешто вакво во крајно неповолна атмосфера. Ме убедија дека и другите јавни заговарачи (Жарко Пуховски, Здравко Гребо, Наташа Кандиќ, Игор Мекина, Азем Власи) нема да имаат нималку полесна задача. Од нас се очекува да ја подметнеме „ногата“, дури и ако боли, ама да не дозволиме вратата на заборавот да се затвори сосема. Во декември ќе го претставиме РЕКОМ во ОН.
Вродената борбеност не дозволува да се препуштам на дефетизам. Тука е и прекрасното чувство дека на оваа страна на „барикадата“ стои интелектуалниот и етички капитал на ова општество. Овие триесетмина се само дел од оние на кои ќе се потпирам, бидејќи сум убедена дека нé има многу. Мнозинството граѓани е она што страда во конфликтите, а кое по нивното завршување останува заборавено. Тоа памети и чувствува, и покрај тоа што политичарите најчесто доживуваат амнезија. Ќе биде ли премногу наивно да верувам дека пораката од ова писмо и од РЕКОМ ќе стигне и до некои политичари и луѓе што се во позиција на моќ? Сакам да верувам дека и политичката елита ќе почне да си верува себеси, а и нам, дека мирот нема да се загрози ако се вознемириме со деталите од 2001-та. Напротив, ќе тргнеме по пат на негово втемелување и во општеството и во нашите умови, за никогаш да не ни се повтори минатото. Патот е долг, понекогаш сличен на темен тунел, но дури и една запалена свеќа има моќ да врати светлина и надеж. Овие луѓе што го потпишаа писмото запалија по една свеќа, секој од нив.

Авторката е универзитетска професорка
  
   
Автор: Билјана Ванковска 

Извор:

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102211924302&id=13&prilog=0&setIzdanie=22412

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2123
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2637
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

20/01/2025 - понеделник

Собор на свети Јован Предвесник и Крстител; Светиот маченик Атанасиј;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Голем молитвенику пред Господа, подвижнику во смиреномудрието,  учител на монасите во трпението, \ Георгие оче наш преподобен,  застапи се пред Бога...

Тропар на Собор на  св Јован Крстител     7 јануари / 20 јануари 2024

Тропар на Собор на св Јован Крстител 7 јануари / 20 јануари 2024

Глас 2     Споменот на праведникот е со пофалби,  а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа, Претечо, оти навистина...

Тропар на Богојавление  6 јануари / 19 јануари 2025

Тропар на Богојавление 6 јануари / 19 јануари 2025

     Кога во Јордан Те крштеваа Тебе Господи,       се покажа поклонувањето на Пресвета Троица:      Родителскиот глас сведочеше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная