логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Господарот на прстените – голема бајка или пат во прелест?
Владимир Димитријевиќ

 

Толкиновото сфаќање на митот
 Големиот мајстор за бајки  за возрасни, Џон Роналд Рејел Толкин, во своајта автопоетска книга ″Дрво и лист″ настојувал на толкувањето на бајката како на некој вид предхристијанска философија, која во своите најважни елементи се сложува со христијанството и неговиот поглед на свет. Во еден разговор со пријателот Клајв Стејплз Луис, исто така христијански писател, Толкин рекол: ″Дрвото го нарекуваш дрво и за тој збор повеќе не размислуваш. Но, тоа не било дрво додека некој не го нарекол така. Ѕвездата ја нарекуваш ѕвезда и додаваш дека тоа е дури топка од материја која се држи до математичката патека. Именувајќи ги нештата и опишувајќи ги, ти самиот пронаоѓаш сопствени термини за нив. А бидејќи говорот е изум поврзан со појавите и идеите, така и митот е изум во врска со вистината. Ние сме создадени од Бога и заради тоа, иако митовите кои сме ги исплеле неизбежно содржат грешка, тие разоткриваат и зрак на вистинската светлина, вечната вистина која е со Бога. Дури создавајќи митови, станувајќи подтворец кој измислува приказни, човекот може да тежи кон Совршенството кое го познавал пред Падот. Иако нашите митови скитаат, тие се сепак на трагата, колку и несугурна, кон вистинско пристаниште, додека материјалистичкиот ″прогрес″  води само кон бездна која зјае и кон Железната Круна на силата на злото″. Бидејќи човекот е создаден по ликот на Творецот на небото и земјата, и тој самиот може да создава ″секундарни светови″. Понекогаш неговата творечка вообразба и слугува на темнината но тоа е злоуптреба на богодаруваната моќ, а не она што Бог го сакал кога му дал на човекот да создава. Толкин во својот оглед за бајката вели дека Евангелието е книга која во себе ја вклучува суштината на сите бајки на светот - бидејќи во него е откриен – ″највеличенствениот и најдовршениот од сите замисливи Среќни Краеви″ (а секоја бајка се завршува со Среќен Крај). Божиќ е Среќниот Крај на приказната на човековото повикување  кон Бога, а најсреќниот Крај е, секако Воскресението, победата над смртта. Евангелието не ги укинало човечките бајки, туку ги осветлило, и на Среќниот Крај му дало вистински смисол....

2011.Kalendar2.jpg
Опаснотите на Толкиновиот пат
Во својот прекрасен текст за музиката и воспитувањето, јеромонахот Јован ( Чулибрк) предупредил на фактот дека Толкиновата книга претствува дело со голема сила на заведување, укажувајќи на примерот на познатиот музичар Сид Берет, еден од основачите на ″Пинк Флојд″. Берет имено, откако го прочитал ″Господарот на прстените″ потполно се повлекол од овој свет, во својот дом направил инсценација која подсетува на пределите во Толкиновата Средна земја и втонал во ″виртуелната стварност″ на романот.
Во текстот на Алексеј Јаковлев Козирјев и на Димитриј Ваљуженич ″Борбата со паднатите ангели″ се наоѓа и вакво размислување: ″Книжарите и трафиките се полни со најразновидни лектири на чии страници доброто се бори против злото и секако носи победа. Што се однесува до злото, се чини дека е се јасно. Но, што да се каже за сомнителното добро кое нí се нуди? Каква движечка сила стои зад него? Да ја земеме, на пример, многу интересната, крајно атрактивно напишаната книга на професорот на оксфордскиот универзитет Џон Толкин: ″Дрво и лист″, ″Таму и назад″, ″Господарот на прстените″ и др. Што можеме да забележиме? Маѓепсаниот читатал ги созрецува прекрасните красоти на ″паралелниот свет″, мечтaењето го одведува во таинствената ″вилинска земја″. Племенитите џуџуња и благородните самовили се борат со одвратни зли битија. Секоја книга има неверојатно интересно сиже. Раскажувањето е динамично, возбудливо. Романтичарските фантазии го маѓепсуваат читателот, пред чии очи се води жестока борба помеѓу доброто и злото, за да на крајот, секако, победат позитивните јунаци.″
Има и такви кои сметаат дека овие ремек – дела, кои се засновани на нордиската митологија, предизвикуваат вистински христијански чувства, па затоа се препорачливи во воспитувањето на децата на сите возрасти. Меѓутоа, сите тие бајки, легенди и фантазии не се никако така наивни како што би можело да се причини на прв поглед. Фолклорот на кои се засновуваат во себе крие поголем слој на древен пагански демонизам. И што е уште позначајно, авторот на тие ″симпатични″ фантастични приказни добро знае дека има работа со ″натприродни минијатурни битија″ кои се одликуваат со магиска сила. И понатаму: паралелните светови и вилинските земји се творенија на паднатите, отфрлени духови. Под маската на племенитите џуџуња и самовили се сокриваат лажливите, лукавите, сурови демони. Мораме да му оддадеме признание на Толкин за неговата отвореност и искреност. Му се случува сепак да открие кај доспеваат љубителите на неговите фантастични приказни. ″Патот во земјата на сништата не е исто што и патот во рајските населби″, признава учениот писател ( ″Дрво и лист″, Москва, с. 14). Поради вистината би требало, да се додаде оваа реченица да има и продолжеток: Толкин вели дека патот во самовилската земја, колку тој тоа го поима, не е пат во адот, туку се наоѓа во меѓупросторот на човечкото творештво и слободата.
Англија помеѓу двете војни, како и поголемиот број од традиционалните христијански земји од Европа, се нашла на силен удар на безбожништво и на разулавен секуларизам кој на прв поглед не можел да се запре. Во обидот да се избега од простачкиот рационализам и просветителскиот ″џуџест ум″, многу интелектуалци се свртиле кон истражувањето на подсвесното, митското, неразумното или надразумното. Таква била судбината на ирскиот поет Вилјем Батлер Јејтс, членот на магиската дружина ″Златна зора″, кој се обидел во едно време во кое ″средиштето веќе не држи″ и ″соколот веќе не го слуша соколарот″ (″Второ доаѓање″) да изгради една нова, спасителна лична митолигија (книгата ″Визија″ ја напишал по диктат на духови, кои му се јавиле преку леди Грегори). На друга страна, таква  била судбината на Џејмс Џојс, кој во ″Финегановото бдение″ се обидел да стане ″бог″ и да создаде цел еден нов свет, заснована на јазиците и митовите на многу народи. Така да, и Толкиновиот обид може да се толкува како бекство од лажниот и безбожен свет, во кој нема место за човекот и неговите богостремечки потреби. Секако, ова бегство не можело да биде сосема успешно, бидејќи не се темелело на христијанското откровение туку на настојувањето да се вратиме на човековата митска праоснова (сличен бил и подфатот на Карл Густав Јунг, основачот на гностично - паганската длабинска психологија и архетипологија).
Во својата студија за нихилизмот, ″човекот против Бога″, отецот Серафим Роуз ја опишува немоќта на виталистичкиот одговор на вулгарниот материјализам токму од перспектива на фактот дека витализмот е пат кој не води кона Христа, така што самиот припаѓа на нихилистичката подлога: Главниот интелектуален мотор на виталистичкото движење е реакцијата против исклучувањето на вишата реалност од реалистички ″упростениот″ свет. Прифаќајќи го ова, од друга страна мораме да го прифатиме неуспехот на витализмот на тоа поле... Овде сосем разбирливото јадикување над губитокот на духовните вредности станува причина, од една страна, на субјективните фантазии и (понекогаш) на прав сатанизам, што тие некритички го земаат како откровение од ″духовниот свет″, а од друга на површен еклектицизам кој црпи идеи од сите цивилизации и секое време, притоа изнаоѓајќи потполно произволна врска помеѓу тие погрешно разбрани фрагменти и сопствени изопачени сфаќања. Реализмот го сведува натприродното на природно, вистината на објективност; витализмот оди уште понатаму, и сî сведува на субјективен впечаток и доживување. Толкиновиот обид значи се наоѓа на половина пат помеѓу традиционалниот, христијански поглед на светот и виталистичкиот неомитологизам чија што цел е да овозможи бегство од вистинската стварност на технотроните утопии. Така да воопшто не е случајно што токму Англичаните, кои на цела Европа секогаш í изгледаат како ладни рационалисти, всушност најмногу од сите во 19 и 20 век сакале да мечтаат и раскажуваат бајки (да се сетиме само на Оскар Вајлд, Луис Керол, Џејмс Метју Бери, Рајдар Киплинг, Клајв Сејплз Луис; т.е на Алиса во земјата на чудата, Петар Пан, хобитите, замјата Нарнија, Могли и Шир Кан). Како што вели еден Англичанец, омилениот писател на Борхес, Честертон: ″Само на здравиот разум му  е позната дивата поезија на безумието″.  Бидејќи тој продолжува: ″во бајките душата е здрава, а светот преполн со чудеса. Во реалистичниот роман светот е чамотен и обичен, а душата се грчи од болка. Бајката говори за тоа што здравиот човек чини во земјата на чудата; а современиот роман за тоа што безумникот прави во земјата на досадата″(подвлечено од авторот).
Што му се случило на Толкин на неговиот пат? Неоспорно Толкин бил христијанин, и тоа искрен. Тој митскиот свет на Средната Земја ја исчистил од сите двосмислености на паганизмот, без кои нема ниту еден изворен митолошки ситем (доволно е да се сетиме на Аполон, богот на убавината и заштитникот на уметноста, кој во Делфи се јавува во вид на змија – питон; или на мајанскиот бог Квецалкоатл кој, иако бил заштитник на она што е светло и племенито, сепак е ″змија со перки″.) Англискиот писател ги земал индоевропските преданија и го исфрлил од нив сето матно и двојствено што им припаѓа;  и слободно може да се каже дека направил ″христијанска редукција″ на митологијата.
Вилениците се виленици, а Орките Орки; Арагорн е Арагорн, а Црвејзик – Црвејзик. Иако се воодушевувал со светот на германските митови, Толкин умее на време да се запре кога би забележал каде некои од нив водат. Неговата христијанска порака е: тежнеењето кон моќта е демонско; желбата за власт над другите може да ги претвори луѓето во назгули, Сеништа на Прстенот, костурка без душа.
Во тој смисол Толкин бил сосема јасен. Кога се појавила застрашувачката моќ на нуклеарната енергија, тој рекол: ″Ако воопшто постои било какво упатување на современоста во мојата приказна, тогаш се однесуваат на, како што мене ми се чини, на најшироко распространетата претпоставка на  нашето време: да ако сме во состојба нешто да направиме, тоа мораме да го направиме. Мене тоа ми се чини дека е потполно погрешно. Најголемите примери на делувањето на духот и разумот се во одрекувањето.″(подвлечено од авторот) Односно, Толкин стоел на она становиште на хистијанската аскеза, смерното одрекување од моќтта која, нескротена со разумот и љубовтта, води во понор. Фродо е пример кој е понуден на сите....Меѓутоа, некои читатели на  митовите отишле во друг правец. Еден вагнеријанец, кој додека во април 1945 година Берлин горел, оригиналните партитури на германскиот композитор ги засолнил во сеф како клучно богатство на својот режим и поглед на светот, имено сметал дека германската митологија води кон ″тевтонски бес″ на Одиновите пратители кои, во текот на борбите, од луѓе се претворале во ѕверови. Како што знаеме, овој митолог, член на ″Германенорден″ и ″Друштвото на Циглата″ (Друштво Туле), окултист и теософ, се викал Адолф Хитлер. Толкин не го поднесувал. Во годината 1941, му напишал на својот син Мајкл, питомец на Кралската воена академија: ″Го поминав најголемиот дел на својот живот, уште откако бев на твои години, проучувајќи ги германските прашања (во општ смисол, кој ја вклучува Англија и Скандинавија). Има многу повеќе сила и вистина во ″германскиот″ идеал отколку што неуките луѓе тоа го замислуваат... Во секој случај, јас имам во оваа војна една горлива лична омраза и огорченост – која од мене веројатно би направила подобар војник во четириесет и деветата отколу што тоа бев во дваесет и втората – кон тој проклет мал незналица Адолф Хитлер кој го руши, изопачува, врвниот придонес кон Европа, кој секогаш го сакав, и кој се трудев да го прикажам во вистинско светло. Никаде, по игра на случајот, тој придонес не беше повозвишен отколку во Англија, ниту порано осветен″...
Всушност, Толкиновата огорченост со Хитлер била огорченост од доведувањето на вагнеријанската идеологија до крајните заклучоци: бидејќи Вагнер го препознал ″прстенот на Нибелунг″ како клучен символ на германскиот идентитет, а во дваесетиот век музиката на Вагнеровиот ″прстен на Нибелунг″ станала толку блиско поврзана со нацистичката партија и подемот на Третиот Рајх така што тие станале синоними во свеста на луѓето.
За време на Втората Светска војна големите теми и традиции на Потрагата по Прстенот се узурпирани (или, како Толкин тоа го видел, уништени, изопачени и злоупотребени) од страна на германската држава со која Толкиновиот народ се бори во војната /.../ Нацистите во потрагата по прстенот ги привлекувала идеализацијата на тежнеењето кон моќта поради неа самата /.../ (Толкин) Тој  верува дека и за добриот човек стремењето кон моќта е само по себе зло кое ќе го зароби  човечкот дух и душата (Дејвид Деј: Толкиновиот прстен). Очигледно, Толкиновата и Хитлеровата реинтерпретација на митот за прстенот на моќта биле радикално различни... Но, иако оплеменета митологија, и Толкиновата приказна е митологија. А одењето од Логосот кон митот, од Христа кон паганизмот (макар и ″пречистен″, морално христијанизиран) секогаш е враќање наназад. Рускиот истажувач П. Маљков со право вели: Толкин сметал дека митовите и бајките се – едно исто. Сите тие, по неговата дефиниција, сите заедно се варат и мешаат во волшебен лонец, а оттаму секој си зема што сака. Честертон пак, зборувал за нешто сосема друго. Тој пишувал за осуденоста на пропаст на секоја митологија, а светот го споредувал со бајка. Тој го сфатил она што Толкин не успевал да го поими.
Било кој мит, макар и да е измислица, не се труди толку сам со себе да достигне апсолутна вистина, колку што претендира на тоа да ја кривотвори (или барем затслони) со својата раскажувачка привлечност, бујноста на  мечатата и јаркоста на поетските слики. Со бајката работата е сосема поинаква. Таа ништо не се обидува да кривотвори или замени; таа се стреми само кон тоа да во полупараболична форма и со помош на своевиден ″кеносис″ (самосмалување) на читателот или слушателот да му пренесе некои автентични вредности – или од морален тип (на ниво на човечка етика) или дури од сакрално - космолошки тип (на ниво на ″божествена″ онтологија)″. Толкин, особено во космогонискиот ″Силмарилион″, го репаганизирал светот кој што сакал да го прикаже. Иако творецот на сî е Еден – Илуватар (″Father of all″) сепак оние кои ги создал не се смерни ангели, туку двојствени богови на паганската митологија. Маљков продолжува: ″Така обидот да се создаде идејно – уметничка синтеза е направен, но, исходот е неуспешен, бидејќи е извршен не толку по убедување и лична вера, колку по пат на творечка вообразба. Замислата – сосем ″митолошка″ -  писателот во суштина само ја ″дополнувал″ со идеите на христијанското вероучение. Во целина, писателот ја превидел религиозно – симболичната ( а со самото тоа и уметничката) традиција на ″соборното″ искуство на христијанството. Оттаму и резултатот: обидувајќи се да го подигне митот на ниво на верата во Откровението, Толкин го понизил Откровението до нивото на измислица, мит″. Затоа сосем е умесна примедбата на јером. Јован ( Чулибрк) во огледот ″За музиката и воспитанието″: ″ Х.Р.Р. Толкин во основата на сиот свој измислен свет става музичка – инаку плотинистичка – космогонија, во која Единствениот создава Светови кои се изданок на неговите  мисли;  тој им предложува музичка тема која се претворува во Битие кога ќе се отсвири правилно. Значи се губи логосноста – Платон се бунел само поради занемарувањето на зборовите, а овде зборот пополно се губи, а гласот се враќа во немуштост″.
Наместо заклучок
 Но, без обзир на сî (дури и на тоа што Пејџ тврдел дека вдахновението за ″Stairwais to Heaven″,  на песната посветана на ″бога″, на неговиот учител, сатанистот Кроули, го добил читајќи ја ″Господарот на прстените″), Толкиновата потрага била христијанска по својата етичност. Бидејќи, Толин покажува дека идејата ″моќта е право″ е сатанистичка, и да припаѓа на злиот Лекор и неговиот слуга Саурон. На човекот не му треба моќ, туку љубов и милосрдие. Затоа не е случајно што наспроти силните ликови на Доброто какви што се Гандалф, Арагорн, Леголас и сличните, сепак клучен јунак во борбата против злата сила на Прстенот – добродушниот Хобит Фродо, пратен со своите, често комично нејаки другари. Зошто пистаелот направил Фродо, лишен од секаква надчовечност (за разлика до ничеанскиот ″натчовек″ и неговата хитлеровска карикатура) да биде клучната личност на Дружината? Толкин го објаснува тоа: ″Хобитите се, секако, замислени како една гранка на исклучиво човечка раса (не како Вилениците или Џуџињата)....Тие се потполно лишени од нечовечки моќи, претставени се како оние кои се повеќе во допир со ″природата″, и за луѓето необично лишени од амбиција или похот за богатство. Создадени се со мал раст, делумно за да ја прикажат маленкоста на човекот, едноставниот, немечтателниот, просечниот човек...а воглавном за да им го откријат на створенијата со мала физичка снага, засрашителниот и неочекуваниот хероизам на обичниот човек кога ќе се најде во тесно″... Фродо не го фрли прстенот во бездната соссвоја снага; напротив тој се колеба. До престенот се домогна Голум, неговиот некогашен стопан, кому Фродо му го подари животот од чисто милосрдие и кој наспроти сî ќе до издаде Фродо (но, како  и Јуда, ќе пропадне заедно со своето предавство). Односном како што вели Дејвид Деј: На крајот, светот не го спасуваат моќта на умот ниту телесната снага, туку нагоните на човечкото срце. Простата човечка способност да се почуствува сожалување на крајот овозможува злото да биде победено″.
 Овде доаѓаме со причината за популарноста на филмот ″Господарот на прстените″, на кој што ″фанатичните толкиновци″ му префрлаат дека не е верен на словото на романот (на пример, во превиот филм го нема за злото неповредливиот, Том Бомбадил и неговата прекрасна госпоѓа Златозорна). Режисерот Питер Хексон наистина не е сосема верен на словото на делото (иако и тука се трудел), но е верен на духот на истото, и веќе во првото продолжение умел да ни каже како Фродо, опкружен со сите чуда на магијата, од ″белата″ на Гандалф, преку ″сивата″ на Саруман, до ″црната″ на Саурон, е всушност главен јунак, бидејќи е јунак на срцето. И Арагорн и Боромир и Леголас и Гимли – сите ќе бидат во сенка на Фродо Багинс и неговите тројца другари, обични тројца луѓе во времето, кое како што рекол Шекспир, ″излегло од зглобот″.
Затоа, не е случајно што ″Господарот на прстените″ во сî го надмина Коламбасовиот ″Хари Потер″, празна окултистичка прикаска за ″промената на парадигмата″ во детскиот свет. Не случајно што Хексоновиот филм доби толку малку ″Оскари″ за клучните свои елементи (доби ″Оскари″ за споредните работи). Филмот политички е крајно ″некоректен″. Верен на ″старата парадигма″, витештвото и племенитоста на христијанските идеали на западниот среден век, со недвосмислена поделба на добри и лоши (така што добрите се секогаш возвишени и убави, а злите подли и грди), тој не можеше да им се допадне на медиумските манипулатори на Новиот светски поредок. Самиот пак, режисер е необичен, барем по мерилата на ″доблесниот нов свет″. Јан Мекелен, актерот кој го глуми Гандалф, за него вели: ″Кога веќе стигнав на Нов Зеланд (каде што беше снимен филмот, нап. на авторот), го погледав ″Небеските створенија″ (најпознатиот дотогашен филм на Хексон, нап. на авторот) и сфатил дека се работи за човек со голем вкус, интегритет, вродена преданост и побожност. Питер е совршено обична личност која што живее семејно, и неа овде нî прими бидејќи сакаше да бидемем семејство. Затоа е и необичен, и затоа трчајќи ќе дојдам само ако ме повика да играм во неговиот следен филм″.
Бидејќи е така ″старомоден″, и со така јасна порака така што светот на ″старата парадигма″, свет на правите јунаци кои не се плашат од правото зло, единствениот навистина човечки свет, Хексоновиот филм стана еден од најгледаните во историјата на кинематографијата (што, во време на масовни медијски прелести, не го препорачува само по себе, но, покажува дека луѓеето се гладни и жедни за права, чиста и светла, Приказна). Сите актери, од Илаја Вуд (Фродо) до Виг Мортенсен (Арагорн) се избрани одлично; во филмот има, покрај епското и многу лирско. Пределите на Нов Зеланд се поезија.... Тука е и неизбежниот Толкинов хумор, кој стравотијата од Сауроновото око или Сеништата на Прстенот ја кроти и зауздува на особено префинет начин.Со еден збор, вистинска бајка, бајка каква одамна (уште од времето на оние руските) не бевме виделе.
Иако Толкиновиот обид за христијаниазација на митот не успеа во пополност, и може човекот да го доведе во ″виртуелна стварност″ во која се бега од прав ужас од добата на Новиот поредок (сличен на Хитлеровиот, и во слична потрага по моќ сама посебе, моќ која е право на Хаг и на ″хуманитарните интервенции″), сепак станува збор за христијански обид и христијанска парадигма.
Вредностите на културата секогаш се условни. За оние на кои Прологот и Житијата на светите се секојдневно четиво, ″Господарот на прстените″ секако дека нема да има значење. Но, ако  детето од нашето време треба да бира помеѓу Фродо и вештерот Хари Потер, Фродо е сепак подобар избор.

″Црквени  живот″  3/2002

Превод:М.Б.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1890
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2398
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная