логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Горан и Софија Тренчовски
ДЕТСКА АНИМАЦИЈА ЗА ОКО И ДУША

Отсекогаш се расправало за тоа дали анимираниот филм треба да биде само гола забава за децата или пак да влијае воспитно во нивниот развој при разграничувањето на етичките начела и моралните вредности. На самиот почеток на анимираниот, некогаш фантазиски филм, Жорж Мелиес и неговите следбеници се обидувале да снимаат космички појави приближувајќи им на гледачите грст глетки од поблиското и подалечното опкружение, коишто можеле да ги гледаат и деца и возрасни. Подоцна, со разгранувањето на филмските жанрови, се појавиле и категориите цртан филм и кукла-филм. Иако генезата на овој вид филмска уметност е поврзана со плакатот, графитот и стрипот, тој денес се негува и толкува како самостоен вид на визуелно раскажување со специфичен, елипсоиден, а честопати и параболичен, речиси бајковит јазик. Преку вештата дизајнерска рака на цртачот (аниматорот), според однапред напишано сценарио, измонтирано врз принципите на филмската граматика, озвучено со најреалистични звуци и со компонирана музика, можноста за создавање убави анимирани дела е неограничена. Практично, режијата на анимираниот филм се состои во умешноста на режисерот/авторот. Покрај класичните  форми на анимиран филм, во експанзија е и филмот направен со користење на компјутерска анимација, каде се појавуваат гласови кои ги позајмуваат актери, по пат на синхронизација. Гледано од занаетски аспект, на цртежот му се вдахнува душа, така што нацртаниот лик со помош на човечкиот глас оживува. Притоа се артикулира вистинска игра помеѓу спојот на имагинацијата, ликовната уметност и - технологијата.
Но со години наназад на нашите телевизиски екрани во недостиг на совесна уредувачка политика се вртат потпросечни анимирани серии за деца кои невкусно влијаат врз развојот на цела една млада популација, врз формирањето на нивните личности, безсовесно учествувајќи во формирањето на изопачен критериум дека лошото е добро а доброто не е во мода! Таквите филмови делуваат штетно кај децата.
Сетете се само на дамнешните божиќни прилики кога во тие празнични термини ги емитуваа незаборавните Бамби, Василиса прекрасна, Волшебникот од Оз, јунаците на Волт Дизни, руската, полската и чехословачката школа на куклен филм...  Вообичаено, тоа беа или утрински саати (кино-утро) или вечерни мигови пред ТВ-дневникот.
Анимираниот филм е најблиската уметничка категорија на која верно ѝ е посветена најмладата гледачка популација, иако постојат и анимирани филмови исклучиво за возрасни. Телевизиските канали забораваат дека децата се нежна категорија гледачи, чија душа лесно се повредува. Исто така, анимираните филмови воопшто не се само наивни приказни за деца. Тие имаат основна цел да пренесуваат одредени пораки. Меѓутоа, преку ТВ-медиумот, а во последно време сè повеќе и преку интернетот, се испраќаат јасни, зајадливи, политички, патолошки, класни пораки, при што децата се користат како инструмент за војување во некои бесмислени пазарно-плуралистички битки. Разгледувајќи го овој загрижувачки феномен, не треба  да заборавиме на моментот на поистоветување или имитацијата. Детската психа лесно ги прифаќа движењата и одликите на карактерите и бргу почнува да имитира, не знаејќи самостојно да ја прави разликата помеѓу позитивното и негативното. Притоа, улогата на родителот, како надгледувач на филмската приказна, но и сеприсутен ментор во однесувањата и реакциите на детето во процесот на рецепција на анимираното филмско дело, е повеќе од неопходна.
Зошто поголемиот број современи анимирани филмови мораат да содржат насилни сцени и треба ли да постои цензура и критериум кај уметничките производи наменети за деца? Треба ли веднаш по некој питом, хуман и милозвучен анимиран филм да се пушта најава за некој криминалистички филм со сурови и опсцени сцени, макар да е секвенца од само неколку секунди. Детското око го лови тоа, а родителскиот прст не може толку брзо да го притисне копчето на далечинскиот управувач.
Во секој случај, потребна е поголема селективност и стручност во правењето на програмската шема на телевизиските станици. Децата сигурно не сакаат тоа да го гледаат, но тие се беспомошни во изборот - што ќе им се сервира, тоа ќе конзумираат. Гледаме како потреперува нивната наивна чиста душа пред некои страотни сцени со врисоци, а тие упорно гледаат, и кога сакаме да го изгаснеме телевизорот, тие сепак велат не. Зошто? Бидејќи таа магична кутија има моќ да диктира и сугерира дека тоа е некоја нормална работа. Апсурд на дваесет и првиот век.
Анимираниот детски филм не треба да биде подмолен убиец на кревката најмлада душа, не треба да ја оптоварува неговата фантазија со недозволиви сцени, со појавување во кадарот раздорни реквизити: ножеви, мечеви, боксерски ракавици, јажиња, секири. Анимираната слика треба да раѓа позитивно чувство. Филмот како уметничко дело треба да биде во функција на развивање на пријатни чувства и емоции, а токму такви филмови за деца ни недостасуваат и такви филмови за нашите деца посакуваме.
Јасно е дека во суштина сè се одвива околу судирот и борбата помеѓу доброто и злото.  Но како тоа најнепосредно безболно да му се доближи до детското ниво, без ниту малку ронка искривоколченост?
Како долгогодишни и верни гледачи на неговото величество филмот, сигурно имате видено разни филмски сцени од кои некои ви оставиле силен визуелен белег во вашата потсвест. Некои од нив можеби ви предизвикувале дури и страшни соништа и кошмари. Фала Mу на Бога што не било вистина.
Така доаѓаме до заклучокот и препораката дека е неопходна филмска едукација на децата од предучилишна и училишна возраст токму преку проекциите на одбрани, добропоучни анимирани филмови, за стекнување на христијански навики и за втемелување на духот за сакање на ближниот.

Извор: ПРЕМИН бр.63/64



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1077
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2647
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная