Само тие кои инвестираат во себе успеваат!
Во свет кој постојано се менува, не може да очекуваме резултати ако ние стоиме во место. Потребата да се надградуваме, да ги развиваме активно сопствените капацитети произлегува токму од потребата да се биде успешен и исполнет.
Високата стапка на невработеност, особено меѓу младата популација, во нашата земја не е новост. Голем број на млади луѓе чекаат на своето прво вработување. Од друга страна пак, истражувањата спроведени во приватниот сектор укажуваат на фактот дека компаниите се соочени со еден друг проблем – тие не можат да најдат лица подготвени да одговорат на секојдневните работни предизвици. Понудата на кадар на пазарот на трудот не одговара на нивните потреби.
Што всушност бараат компаниите од новите вработени? Работодавачите ги наведуваат следните барани квалитети:
- проактивност и способност за самостојна работа,
- основни менаџмент вештини (планирање, организација, координација, контрола на задачи)
- одговорност и доследност
- иновативно разрешување на проблеми
- примена на конструктивна говорна и пишана комуникација;
- способност да се воспостават и одржат позитивни односи со колегите и надворешните соработници,
- менаџирање на себе си, своето време, стресот
- деловни вештини: преговарање, убедување, презентирање, делегирање, поставување приоритети
- самодоверба и асертивност,
- поседување на лични и професионални развојни цели и планови
Сеедно дали се работи за индивидуи, за бизнис секторот, или за организациите и институциите, постојаното надградување е клучот за да се (о)стане конкурентен и да се издвоите на пазарот. Сите анализи покажуваат дека само оние кои инвестираат во својот развој, успеваат!
Континуираниот личен и професионален развој на индивидуите не е одговорност единствено на компаниите. Личната одговорност е клучна. Секој поединец е одговорен за развивање на своите потенцијали со цел да биде поконкурентен во било која средина. Успешни луѓе се оние кои ги земаат работите во свои раце и го црпат максимумот од себе си и животот.
Проактивноста и надградувањето на своите знаења и вештини пред вработувањето и за време на работниот век се секојдневие на секој поединец во развиените земји. Преквалификацијата и доквалификацијата е нераздвоен дел од сечија професија бидејќи тоа е единствениот начин да се опстои на работното место, но и да се напредува на нови и подобри позиции.
Целта е едноставна – креирање на комплетни индивидуи кои свесно и самоуверено ќе настапат на пазарот на трудот, издвојувајќи се од конкурентите, во насока на остварување на своите посакувани развојни цели. Креирање на подготвени индивидуи кои ќе имаат капацитет да превземат разумен ризик и да стартуваат со свои бизнис идеи.
Како добар познавач на состојбите, имајќи ги предвид сите горенаведени аспекти, Центар за неформално образование - Триаголник нуди цела палета на услуги и обуки кои овозможуваат сигурен, гарантиран и одржлив личен развој. За индивидуи, за бизнис секторот, за организации и институции. Целата идеја за понуда на отворени обуки за индивидуални клиенти доаѓа токму од потребата за постојано надградување, издвојување пред другите и постигнување на високи резултати.
Триаголник нуди обуки кои гарантираат предност при вработувањето, брзо, лесно и подобро вработување, како и напредок во кариерата и повисоки работни позиции. Обуките одговараат на потребите на современите компании и работни средини и на она што се бара или недостасува на пазарот на трудот.
За оние кои имаат потреба од лично и професионално да се усовршат нуди обуки за асертивност и градење самодоверба; комуникациски вештини и тимска работа; и менаџирање на стрес на работно место и себе-мотивација.
За оние кои бараат унапредување на повисоки работни позиции или промена на професијата нуди обуки за преквалификација и доквалификација: развивање и управување со проекти финансирани од ЕУ; обука за менаџмент и обука за финансиски менаџмент.
За сите оние кои бараат валолизирање на својата експертиза и потврда за квалитетите што ги поседуваат нуди акредитирани обуки, препознаени во рамки на Европскиот кредит трансфер систем и сертифицирани во рамки на формалното образование: обука за деловни вештини и обука за стратешко планирање.
Целта е, преку неформално образование, учесниците да го збогатат своето портфолио со релевантни знаења, вештини и компетенции со вистински применлива вредност.
Преземете иницијатива и направете го првиот чекор.
Започнете ја вашата успешна приказна!
Извор: факултети