Еве еден пример, во кој преку приказна се поставуваат вредносни координати и испраќаат пораки, а каде може да согледаме, дека всушност Бог е заборавен.
Дали си богат или сиромашен?
Еден ден еден богат татко го зеде својот син да ја поминат ноќта со многу сиромашно семејство, со цел да му се покаже како живеат луѓе кои немаат многу пари за трошење.
На патот кон дома, таткото го праша неговиот син што мисли за тоа искуство, а син ми одговори: "Тоа беше многу убаво искуство, татко."
Научив дека ние имаме едно куче а тие имаат четири, ние имаме многу убав базен, но тие ја имаат реката, ние имаме сончев покрив, но тие го имаат небото со ѕвездите и месечината, ние имаме голема тераса со прекрасна градина, но тие имаат шума.
Додека детето зборуваше, неговиот татко остана без здив слушајќи што синот му кажува.
Тогаш детето дополни: "Ти благодарам што ми покажа колку сме сиромашни!"
***
Кога го мериме тоа што го имаме, тоа е резултат на нашето видување на животот.
Ако имате љубов, пријатели, здравје, хумор и позитивно размислување, имаме се во животот.
Замислете се за момент и проценете дали сте богати или сиромашни.
Извор: Магазин.ба