логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Што значи чинот донирање или пресадување орган? Медицински феномен што се остварува благодарејќи на напредокот на научната медицина? Точно. Етички проблем? Секако. Правен проблем? И тоа. И се' е опфатено? Не е. Магијата и достоинството на животот се многу повеќе од сето ова. Прашањето е од која возраст треба да се учат


Прашањето на веронаука во училиштата во Македонија отвора старо и големо прашање. Настрана што мислат граѓаните за МПЦ, настрана скептиците што се сомневаат во педагошките способности на новите учители. Се работи за дологовековната конфронтација на науката и верата и за средбата или местото на нивното помирување. Филмот „Контакт“ снимен 1997 (според дело на големиот Карл Саган) раскажува за еден радиоастроном (го игра Џоди Фостер) кој открива сигнали од вселената пратени од супериорна вонземска цивилизација. Заедно со други научници, таа ќе успее да ги дешифрира пораките во кои има инстуркции за градење машина со која земјаните ќе може да воспостават физичка комуникација со интелигентните суштества од далечна планета. Но, кога ќе дојде моментот да се донесе одлука кој ќе биде првиот што ќе патува со машината, научникот астроном д-р Елеонор Аровеј ќе се соочи со големо прашање, што е од онаа страна на физиката. Таа смета дека таа треба биде патникот затоа што прва ги открила сигналите и затоа што како научник го претставува вековниот стремеж на човекот кон напредок и нови сознанија. Но, свештеникот Палмер Џос (Метју Меконахи) советникот на претседателот на САД за верски прашања, се спротивставува, укажувајќи дека таа е атеист. Меѓународниот комитет составен од научници, филозофи, теолози и политичари ја одбива д-р Аровеј како кандидат затоа што таа, всушност, не е вистински претставник на човештвото. Имено, 80 отсто од светското население верува во Бога.

Не е битно како оди филмот и како завршува. Битно е кога е моментот едно дете да го научи овој факт и каде треба да го научи - колку што е битно прашањето дали науката го претставува човекот или е тоа верата.

Точно е, со картезијанската парадигма, западниот човек го подели човекот на душа и тело, а светот на човекот го подели на космос, кој наликува на совршен часовник, и на Бог. Повеќе од неколку децении западниот научник реагира на оваа „шизофренија на западниот човек“ (Капра, Нидам). Денес за Европа станува се' поактуелно прашањето колку е остварлива средбата меѓу, како што се вели, Атина и Ерусалим, меѓу библиското откровение и филозофскиот логос. Европа е со векови во метафизичка повеќејазичност - како што би рекол Слотердајк, ние 2.000 години зборуваме и христијански и старогрчки. Како да се надмине оваа дихотомичност на човекот. Како може да се помират тие два светогледа, на свет кој функционира како сложена машина и на свет создаден од Бога.

Денес, оваа поделеност на човекот се обвинува дека го создала човекот-научник и човекот на неодговорниот напредок што ја уништува животната средина и ја доведува во прашање иднината на човештвото. Западниот научник страда од Пилатовиот синдром. Си ги мие рацете од погубните консеквенци на напредокот (базиран на научни откритија).

Парадоксот на рационализмот се крие во прашањето: Зошто треба да веруваме дека еден свет без вера, кој е заснован на научни сознанија, е тој добриот, вистинскиот, убавиот свет? (Удо ди Фабио).

Макс Вебер, уште пред стотина години, зборува за интелектуализмот кој и' ја одзема магијата на верата. Тој направи работите во светот да се „случуваат“ и да „се“ (такви какви што се), но да немаат значење.

Смислата има магична содржина. Како и животот. Секој во Македонија може да си го постави прашањето: зошто рационалното толкување на светот не успеа да потисне една цела димензија на стварноста: верата, огромен број прастари обрасци на животност, легенди, митови, учења на старите, секојдневни животни мудрости, недофатени од науката. Што се Духови или Духовден? Примитивен ритуал на една раса која верува во натприродното. Ова може да го каже Мистер Спок во „Стартрек“ кога „Ентерпрајз“ ќе налета на некоја планета населена од горе-долу интелигентни суштества. Но и најголемиот атеист ќе се воздржи од вакво објаснување на Духовден - барем од пристојност.

Во социолошката и антрополошката литература што се однесува на здравјето и болеста, чест е заклучокот дека класичниот медицински третман (значи научен) треба да се дополни не само со социјалната поддршка, туку и на духовно поле. Религиозноста, верата во Бога, вербата во себе, итн., го потпомагаат оздравувањето. Со други зборови, ефектите од молитвата што се практикува заедно со терапијата се позитивни. Молитвата му помага на болниот.

Ова значи дека молитвата и барањето медицинска помош не се исклучуваат. Така, едно истражување на Бирон и Кениг, објавено во списанието „Геронтологист“ покажува дека пациентите повеќе се молат во врска со оние симптоми за кои разговарале со лекарот или примаат лекови.

Во поголем број студии се утврдува или потврдува дека религиозноста може да биде значаен фактор во здравствената нега.

Во една студија на Американците Кинг и Бушвик, 77 отсто пациенти изјавиле дека лекарите треба да водат сметка за спиритуалните потреби на пациентите, а 48 отсто сакале тие да се молат со нив.

Во познатата американска ТВ-серија „Чикаго хоуп“ во речиси секоја епизода има гранични ситуации што се разрешуваат или во црква или пред Бога. Што значи чинот донирање или пресадување орган? Медицински феномен што се остварува благодарејќи на напредокот на научната медицина? Точно. Етички проблем? Секако. Правен проблем? И тоа. И се' е опфатено? Не е.

Магијата и достоинството на животот се многу повеќе од сето ова. Прашањето е од која возраст треба да се учат.

Бранислав Саркањац (Авторот е универзитетски професор)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3124
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная