Неговата Светост, Грузискиот Патријарх Илија II, највозљубениот духовен татко на цела Грузија, претходниот ден ја направи својата 59-та групна крштевка во храмот на Св.Троица во Тбилиси, во чест на славата на Св. Козма и Дамјан. Грузискиот Претстојател стана кум на нови 564 деца. Неговата светост лично ги благослови сите свои нови дечиња и им подари крст и крштален лист.
„Господ со нас. Ви го честитам овој среќен ден. По милоста Божја крстивме повеќе од 500 деца денес. Ќе се молам Господ постојано да ги заштитува“, изјави Патријархот.
Со првата масовна крштевка во 2008 година, Патријархот Илија ја започна својата иницијатива за подобрување на тешката демографска состојба во Грузија, предизвикана од високата пост-советска стапка на абортуси. Вакви масовни крштевки се одржуваат 4 пати годишно и при нив Претстојателот лично крштева и станува кум на секое трето и следно дете на венчаните православни брачни парови.
До сега тој станал кум на 39,242 деца.Бидете со Христа
https://bigorski.org.mk/vesti/svet/novi-564-deca-krsteni-od-patrijarh-ilija/