(03.02.2013 17:10)
Во Москва започна Светиот Архиерејски Собор на Руската Православна Црква
На 2 февруари во салата за црковни собори при храмот „Христос Спасителот“ започна со работа Светиот Архиерејски Собор на Руската Православна Црква, кој ги собра архиереите на Московската Патријаршија од Русија, Украина, Белорусија, Молдавија, Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Литванија, Летонија, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Естонија и земјите на далечното задграничје, каде постојат епархии на Руската Православна Црква. На Соборот се поканети вкупно 290 архиереи од 247 епархии на РПЦ, соопшти Информативната служба на архиерејскиот Собор.
На Соборот претходеше Божествена Литургија во храмот „Христос Спасителот“, а непосредно пред пленарното собрание, се отслужи молебен.
Претседател на архиерејскиот Собор, согласно со Уставот на РПЦ, е Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, кој го отвори Соборот за работа со воведно обраќање за животот и активностите на Руската Црква.
На адресата на Соборот пристигнаа честитки од претседателот на Руската Федерација В.В. Путин, претседателот на Украина В.Ф. Јанукович, претседателот на Република Белорусија А.Г. Лукашенко и претседателот на владата на Молдавската Република В. Филат.
Извор: Светигора
Преземено од:МПЦ-ОА