Русија го забранува пропагирањето на хомосексуализмот
25. 01. 2013
Државната Дума - долниот дом на рускиот парламент - го прифати предлог законот со кој се предвидени казни за пропагандата на хомосексуализмот меѓу децата. „За“ гласале 388 делегати, а само еден беше против. Паричната казна за прекршувањето на законот ќе изнесува до 500. 000 рубљи (12. 500евра).
1.jpgНа денешното гласање, Дума практично го усвои законот против пропагандата на хомосексуализмот, зашто пред завршното гласање, ќе има можност уште само за амандмани на законот. Самиот законски проект е инициран од страна на Новосибирската обласна дума во март 2012 година. Законскиот предлог предлага измени во Законот за прекршочна постапка, така што пропагандата за истополна љубов помеѓу малолетните граѓани - штом законот стапи во сила - ќе биде казнувана со 4 до 5 илјади рубљи, од страна на одговорните лица со 40 до 50 илјади, а од страна на правните - 400 до 500 илјади рубљи.
Во Русија, во многу региони, вклучително и Санкт Петербург, веќе се донесени закони за забрана за пропагандата на хомосексуализмот. Претставниците на организациите за заштита на човековите права, остро ја критикуваа оваа иницијатива, тврдејќи дека таа наводно го крши правото на приватност кај граѓанинот и дека самиот поим „пропаганда за хомосексуализмот“ е апсурдна. Помали протести против законот се одржани во Москва, Вороњеж и Саратов.
Во Русија веќе имаше случаи на приведувања заради пропаганда на хомосексуализмот. После концертот на Мадона во Санкт Петербург на 9 август - на правосудните органи им стигнале околу 200 пријави. Револтираните граѓани бараа ѕвездата да се повика на одговорност врз основа на членот 7. 1 од Законот за прекршоци на Санкт Петербург па дури и по членот 213 на Кривичниот законик РФ (за хулиганство).
Дури девет луѓе се обратиле на судот во Санкт Петербург со барање да им се надомести штета поради душевната болка нанесена од страна на оваа американска пеачка. Бараа таа да им исплати 333. 000. 000 рубљи.
Извор: Светосавље
Преземено од: Бигорски манастир
02.02.2013