(13.01.2013 12:17)
На 11 јануари, во Петропавловскиот храм во Минск беше отслужен покаен молебен за простување на гревот на детеубиство и за искоренување на гревот на абортусот во општеството, соопштува сајтот на Белоруската Православна Црква.
„Ги покануваме сите на соборната молитва, која што – веруваме – ќе биде услишана, и во некој агол од Белорусија во тој момент мајка ќе донесе решение да го сочува животот на своето дете. Нашето соборно молитвено обраќање кон Господ Бог, кон Пресветата Владичица Богородица и светите маченици-младенци, заради Христос, во Витлеем убиени, ќе им помогне на многумина вистински да ја осознаат тежината на гревот на прекинување на бременоста, ќе помогне многумина да се одвратат од неправилниот чекор, ќе даде надеж за промена на сознанието на нашите сонародници по однос на тој тежок“, — се вели во обраќањето на Центарот за заштита на мајчинството и семејните вредности на Белоруската Православна Црква кон општеството.
Текстот на молебниот е изработен од Синодалниот оддел за црковно добротворство и социјално служење на Руската Православна Црква.
После богослужбата во салата за конференции на Петропавловската парохија се одржа конференција на тема „Белорусија без абортуси – што можеш ти да сториш за тоа?“
Извор: Православие.ру
Преземено од МПЦ-ОА