логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Старец Порфириј Кавсокаливит

 

markov.freski.jpg

Самиот Господ ќе нé научи на молитвата

Човекот ги бара на небото радоста и среќата. Го бара вечното далеку од сите и од сé, бара да ја најде радоста во Бога. Бог е тајна. Он е молчење, Он е бескраен, Он е сé. Склоноста на душата кон небото ја има целиот свет: сите бараат нешто на небото. Кон Него се насочуваат сите битија, макар и несвесно.

Кон Него непрестано да го насочувате вашиот ум. Возљубете ја молитвата, односно разговорот со Господа. Љубовта кон Бога, кон Младоженецот Христос, е сé. Станете достојни за Христовата љубов. За да не живеете во темнина, притиснете го прекинувачот на молитвата, за да дојде Божјата светлина во вашата душа. Во длабочината на вашето битие ќе се појави Христос. Таму, во длабочината, е Царството Божјо. Царството Божјо е внатре во вас (Лука. 17, 21).

Молитвата се врши само со Светиот Дух, Он ја учи душата како да се моли. Бидејќи не знаеме за ќто да се помолиме како што треба, туку Самиот Дух посредува за нас со неискажливи воздишки (Рим. 8, 26). Ние нема потреба да вложуваме напор. Да Му се обраќаме на Бога со расположение на смирен слуга, со молбен и преколнувачки глас. Тогаш нашата молитва Му е благоугодна на Бога. Да стоиме со побожност пред Распнатиот и да велиме: Господи Исусе Христе, помилуј ме. Тоа кажува сé. Кога умот на човекот ќе се придвижи за молитва, тогаш во дел од секундата доаѓа Божјата благодат. Тогаш човекот станува облагодатен и сé гледа со други очи. Суштината е во тоа да Го возљубиме Христа, молитвата, изучувањето. Земаме еден миллион и го сечеме на делчиња. Трудот на човекот е еден дел од милионот.

Пред молитвата душата треба да се подготвува со молитва. Молитва за молитвата. Слушнете како се моли свештеникот тајно, додека се чита Апостолот на Божествената Литургија:
Запали ја во нашите срца, Човекољубив Владико, непреодната светлина на Богопознанието, и отвори ги очите на нашиот ум за да ги разбереме Твоите евангелски проповеди. Всади го во нас и стравот на Твоите блажени заповеди, те победувајќи ги телесните похоти, да живееме со духовен живот, мислејќи и вршејќи сé што Ти е Тебе угодно. Бидејќи Ти Си просветлување на нашите души и тела, Христе Боже, и Тебе слава Ти вознесуваме со беспочетниот Твој Отец и Пресветиот и Благ и Животворен Твој Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.

Во молитвата влегуваме без да го забележиме тоа. Потребно е да се најдеме и во соодветна клима. Дружењето со Христа, духовниот разговор, изучувањето, пеењето, кандилото, темјанот стануваат соодветна клима, за да се врши сé едноставно, во простота на срцето (Прем. Сол. 1, 13). Читајќи ги црковните песни и богослуженијата со љубов, без да забележиме стануваме свети. Се веселиме со Божествените зборови. Тоа веселие, таа радост е нашиот труд, за да влеземе лесно во атмосферата на молитвата. Тоа е, како што велиме, загревање. Можеме при тоа и да имаме во умот убави слики од некои места што сме ги виделе. Тој труд е благ и бескрвен. Но да не го забораваме тоа што го вели Господ: Без Мене не можете да правите ништо (Јован. 15, 5).

Самиот Господ ќе нé научи на молитвата. Нема да ја научиме самите, ниту некој друг ќе нé научи на неа. Да не велиме направив толку метании, и сега ја обезбедив благодатта, туку да бараме во нас да засветли непреодната светлина на Богопознанието и да ги отвори нашите духовни очи, за да ги разбереме Божествените зборови.
На тој начин, без да го забележиме тоа, Го љубиме Бога без стегање, труд и борба. Тоа што им е тешко на луѓето, за Бога е многу лесно. Бога ќе Го возљубиме изненадно, кога ќе нé осени благодатта. Ако многу Го возљубиме Христа, тогаш молитвата сама ќе се кажува. Христос ќе биде постојано во нашиот ум и во нашето срце.
Меѓутоа, за да пребиваме во таа состојба и да не ја загубиме, потребен е Божествен ерос, односно Божествена, огнена љубов кон Христа. Љубовта Му се упатува на едно повозвишено Битие. Возљубениот, односно Бог, копнее по оној што Го љуби и тој што љуби сака да стигне до Возљубениот. Возљубениот го љуби оној што љуби со Божествена и совршена љубов. Бог, Кој го љуби човекот, е несебичен.
Љубовта кон Бога е повозвишена кога се изразува како благодарност. Потребно е да љубиме не како должност, туку како што е потребно да јадеме. Многу пати ние Му се доближуваме на Бога од потреба за да се потпреме, бидејќи сé околу нас не нé успокојува и чувствуваме осаменост.


За да дојде Христос во нас, треба нашето срце да е чисто

Божјата благодат нé учи на нашиот долг. За да ја привлечеме, потребна е љубов и копнеж. Божествената љубов бара божествена љубов. Љубовта е доволна за да нé доведе во соодветна "форма" за молитва. Христос Самиот ќе дојде и ќе влезе во нашата душа, доволно е само да најде одредени работи кои Му се угодни: добро волја, смирение и љубов. Без нив не можеме да кажеме Господи Исусе Христе, помилуј ме.
Имаме, на пример, едно радио. Кога ја имаме насочено неговата антенна на точка 1, да кажеме, каде што се наоѓаат повеќето станици, тогаш емисијата се слуша подобро. На точката 2 нема толку станици и се слуша некако послабо. На точката 3 не се слуша воопшто добро. Истото се случува и во комуникаијата со Бога. Кога душата е насочена на 1, тогаш комуникацијата е многу добра. Се разбира, тоа се должи на две основни претпоставки, односно на љубовта и на смирението. Со овие претпоставки душата комуницира со Бога, го слуша Неговиот глас, ги прима Неговите зборови, зема Божествена сила и благодат, се преобразува. Се насочува кон Бога на благ начин и доаѓа во умиление. Кога има помалку љубов и смирение (позиција 2), тогаш послабо куминицираме со Бога. Кога душата ќе ја земе позицијата 3, тогаш нема воопшто добра комуникација, бидејќи е полна со страсти, омраза, непријателства и не може да се воздигне.

За да дојде Христос во нас, кога Го повикуваме со Господи Исусе Христе, треба срцето да е чисто, да нема ниту една пречка, да биде слободно од омраза, од егоизам, од злоба. Треба да Го љубиме и да нé љуби. Меѓутоа, ако имаме во себе нешто што е за осуда, тогаш пак постои една тајна. А тајната е да побараме прошка или тоа да му го кажеме на духовникот. Но за тоа е потребно смирение, како што рековме. Ако се сообразиш применувајќи ги Божјите зборови и немаш грижа на совест и имаш мир и вршиш добри дела, тогаш влегуваш во молитвата благо, без да го забележиш тоа. Потоа чекаш благо, полека полека, додека да дојде благодатта.
Во секое нешто што се случува, дца ја фрлате тажината на себеси. Да се молите со смирение, да не се себеоправдувате. Гледате, на пример, завист од другата страна? Вие помолете се со љубов, за да ñ фрлите љубов на зависта. Слушате клевета против вас? Помолете се. Внимавајте, затоа што ниту најмалиот шепот на негодување не може да се сокрие (Прем. Сол. 1, 10). Најмалото негодување против ближниот има влијание врз вашата душа и не можете да се помолите. Светиот Дух, кога ја наоѓа душата во таква состојба, не се осмелува да ñ се доближи.


Да бараме од Бога да биде Неговата волја во нашиот живот


Нашите молитви не биваат услишани, затоа што не сме достојни. Треба да станеш достоен, за да се помолиш. Не сме достојни, бидејќи не го љубиме нашиот ближен како себеси. Тоа го вели Самиот Христос: И така, ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отиди и најнапред помири се со брат ти, а потоа дојди и принеси го дарот (Мат. 5, 23 - 24). Да одиш прво да се помириш со твојот брат, да се простиш, за да станеш достоен. Ако не се случи тоа, тогаш не можеш да се помолиш. Ако не си достоен, тогаш не можеш да правиш ништо. Кога ќе ги средиш сите несредености и ќе се подготвиш, тогаш одиш и го принесуваш својот дар.

Достоји стануваат оние кои посакуваат и копнеат да бидат Христови, оние кои ñ се предаваат на Божјата волја. Да немаш никаква волја, тоа има голема вредност, тоа е сé. Робот нема никаква своја волја. Да немаме никаква своја волја може да се случи на благ начин: со љубовта кон Христа и со исполнувањето на Неговите заповеди. Оној кој ги има Моите заповеди и ги пази, тој е оној што Ме љуби. Оној што Ме љуби, пак, ќе биде возљубен од Мојот Отец и Јас ќе го возљубам и ќе му се јавам (Јован. 14, 21). Потребна е борба. Треба да се бориме со кнезот на темнината и на овој век (Еф. 6, 12). Треба да се бориме со лавот кој рика (1. Пет. 5, 8). Не е дозволено во борбата да победи селукавиот.

Тоа претпоставува солзи, покајание, молитва, милостиња, прозба придружена со доверба во Христа, а не со маловерие. Само Христос може да нé извади од обрачот на осаменоста. Молитва и покајание и милостиња. Дајте барем една чаша вода, ако немате пари. И да знаете дека колку повеќе се осветувате, толку повеќе се услишуваат вашите молитви.

Да не Го присилуваме Бога со нашите молитви. Да не бараме да нé ослободи од нешто, од болест и сл. или да ни ги реши нашите проблеми, туку да бараме сила и поткрепа од Него, за да имаме трпение. Како што Он љубезно чука на вратата од нашата душа, така и ние љубезно да го бараме тоа што го посакуваме и ако Господ не одговара, да запреме да го бараме. Кога Бог не ни дава нешто што упорно го бараме, Си има причина за тоа. Има и Бог Свои "тајни". Штом веруваме во Неговата добра промисла, штом веруваме дека Он знае сé од нашиот живот и дека секогаш го сака доброто, тогаш зошто да не покажуваме доверба? Да се молиме едноставно и благо, без страст и без присилување. Знаеме дека и минато, и сегашно и идно, сé е познато и голо пред Бога. Како што вели Апостолот Павле, ...нема создание сокриено пред Него, туку сé е голо и откриено пред очите Негови (Евр. 4, 13). Ние да не настојуваме. Навалувањето прави повеќе зло отколку добро. Да не се напнуваме да го стекнеме тоа што го бараме, туку да ñ го оставаме на Божјата волја. Затоа што колку повеќе го бркаме, тоа толку повеќе се оддалечува. Значи, трпение и вера и спокој. И ако ние го заборавиме (тоа што сме го барале), Господ никогаш не заборава, и ако е за наше добро, ќе ни го даде тоа што треба и кога треба.

Во молитвата да го бараме само спасението на нашата душа. Не рече Господ: Барајте го најпрво Царството на Бога... и сé друго ќе ви се придодаде (Мат. 6, 33)? Лесно, најлесно Христос може да ни даде сé што посакуваме. И гледајте ја тајната. Тајната е во тоа никако да не треба да имате на ум намера нешто конкретно да барате од Бога. Тајната е во тоа да го барате вашето соединување со Христа несебично, без да велите дај ми го ова, она... Доволно е да велиме Господи Исусе Христе, помилуј ме. Бог нема потреба ние да Го информираме за различните наши потреби. Он знае сé неспоредливо подобро од нас и ни ја пружа Неговата љубов. Работата е во тоа да одговориме на таа љубов со молитвата и со пазењето на Неговите заповеди. Да бараме да биде Божјата волја. Тоа е од најголем интерес за нас, и тоа е набезбедно за нас и за сите кои се молат. Христос ќе ни даде сé богато. Кога постои макар и малку егоизам, тогаш не бива ништо.


Треба да Му пристапуваме сами на Бога во простота и чистота на срцето

Кога имаме со Христа однос на апсолутна доверба, тогаш сме среќни, имаме радост. Ја имаме Рајската радост. Тоа е тајната. И тогаш извикуваме заедно со Апостолот Павле: За мене Христос е живот, а смртта придобивка (Фил. 2, 1), и Не живеам веќе јас, туку Христос живее во мене (Гал. 2, 20). О, што е сето ова! (Благодатна) Лудост! Сé да се прави едноставно и благо.

Треба сами да Му пристапуваме на Бога во простота и чистота. Што вели премудриот Соломон? Потребна е простота (едноставност). Размислете за Господа во добрина и во простота на срцето барајте Го, бидејќи Го наоѓаат оние кои не Му се неверни (Прем. Сол. 1, 1 - 2). Простотата е свето смирение, односно апсолутна доверба во Христа. Да Му го даваме на Христа целиот наш живот. Во Литургијата велиме ...целиот наш живот на Христа Бога да Му го предадеме. А на друго место, Тебе Ти ги доверуваме сиот наш живот и надеж, човекољубив Владико, и Та молиме и Та повикуваме... (Литургија, молитва пред Оче наш).

Дојде еден владика пред некое време за да разговараме. Зборувавме за молитвата. Му велам:
Што значи да се молиме "во простота и чистота на срцето"?
Со едноставност.
Го разбираш тоа, Високопреосветен?
Го разбирам.
Е, јас не го разбирам, тоа е тајна. Тоа се случува само со Божјата благодат.
А, ниту јас не го разбирам, ми вели. Ти благодарам што ми кажа дека само со Божјата благодат се сфаќа и се постигнува простотата и чистотата.
Така да се борите во духовниот живот, едноставно, благо, без присилување. Едноставниот и благиот начин е најсветиот начин во духовниот живот, но невозможно е да го научиш од надвор. Треба тајно да влезе во тебе, така што твојата душа ќе го усвои тој начин со Божјата благодат. Меѓутоа, многу пати, додека ние сакаме да го постигнеме, го дознава тоа противникот и нé попречува. Да го применувате правилото: Да не знае твојата лева рака што прави десната (Мат. 6, 3). Кога бараш, кога Го присилуваш Бога, не доаѓа. Ќе дојде во ден во кој не очекуваш и во час кога не знаеш (Мат. 24, 50; Лука. 12, 46). Овде има тајна, не можам да ви го објаснам тоа. Како што ми се случи на Патмос.

Кога ја губите Божјата благодат, немојте да правите ништо. Продолжете го вашиот живот и вашата борба едноставно, благо, додека без агонија повторно дојде љубовта и копнежот кон Христа. И тогаш сé оди добро. Тогаш благодатта ве исполнува и се радувате. Богослуженијата се е една тајна. Дајте им се (учествувајте во нив со сета душа) и Божјата благодат таинствено ќе дојде.


Клучот за духовниот живот е молитвата

Да Му се молите на Бога со отворени раце. Тоа е тајната на светителите. Штом ги отварале своите раце, ги посетувала Божјата благодат. Отците на Црквата ја употребуваат како најуспешна еднореченичната молитва: Господи Исусе Христе, помилуј ме. Клучот за духовниот живот е молитвата. На молитвата не може да нé научи никој, ниту книгите, ниту старецот, ниту никој. Единствениот учител е Божјата благодат. Ако ви кажам дека медот е сладок, тачен, таков и ваков, нема да сфатите, ако не го вкусите. Истото и во молитвата, ако ви кажам вака е, чувствуваш така итн., нема да разберете, ниту ќе се помолите, освен преку Светиот Дух (1. Кор. 12, 3).

Само Светиот Дух, само Божјата благодат може да ја вдахне молитвата. Не е тешко да ја кажете молитвата, но не можете да ја кажете правилно, затоа што клоца вашиот стар човек. Ако не влезете во благодатната атмосфера, тогаш не ќе можете да се молите. Штом чуете навредлив збор се натажувате, а штом чуете добар збор се радувате и блескате? Со тоа покажувате дека не се подготвени, ги немате претпоставките. За да дојде Божјата благодат, треба да ги стекнете претпоставките, односно љубовта и смирението. Инаку се создава реакција. За да влезете во таа "форма", ќе тргнете од послушанието. Прво треба да му се дадете на послушанието, за да дојде смирението. Гледајќи го смирението, Господ ја испраќа Божјата благодат, а потоа молитвата доаѓа сама, неприсилено. Ако не сте послушни и ако немате смирение, тогаш молитвата не доаѓа и постои страв од прелест. Да се подготвувате полека полека, благо благо и да се молите во умот. Што е во умот, тоа е и во срцето.

 

Превод:
С. С.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3226
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7718
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная