логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

ДА СЕ ОМАЖИШ ЗА НЕВЕРНИК?
Втор дел
Но, ајде да ги разгледаме и другите бесмислици кои се наведуваат во конкретното издание. Ова го правиме заради големиот тираж на оваа книга за наше време (15 000), но и затоа што во свеста на многумина постои слично искривено сфаќање на Светото Предание за што и ќе пишуваме на крајот на нашето излагање.


"Духовникот" тврди дека тешкотии може да постојат и во бракот со еретик, но дека тоа е наполно прифатливо бидејќи толку често се случувало и во текот на историјата. Навистина било така, но каноните (Карт 21 (30); Лаод. 10, 31) тоа го сметаат за недопустливо.
 И одсекогаш таквата пракса се сметала за знак (најчесто неоправдан) на снисходење (икономија). Меѓутоа, најголема бесмислица претставува мислењето на авторот дека божем брак со претставник на друга религија (ислам, хиндуизам, будизам) е допустлив, иако и тоа е многу посложено отколку кога е случај со еретик.

 

 "Добро е ако не се постави прашање за одрекување од Христа", вели "пастирот", "и сопружниците се покажуваат како доволно мудри со уважување да се однесуваат кон религиозните ставови на оној другиот. Не е тајна дека предметот на верата често станува повод за потсмевање, конфликти и агресија од страна на мажот или жената кои исповедаат друга религија, дека станува причина за многу спорови на тема кој "поправилно" верува и чија вера може порано да донесе спасение" (стр. 12).


Ете еден восхитувачки бисер на отстапништво! Се испоставува дека жената која во Псалтирот ќе прочита:
"Бидејќи сите богови на незнабошците се бесови" (Пс. 95:5) треба да почне со уважување да се однесува кон верата на својот, да го наречеме, "маж" кој се клања на тие демони.


Жената која е во храмот ги прославува Мачениците, дома ќе го одобрува она против што Мачениците се бореле? Со "мудро уважување" ќе се однесува кон џихадот или поклонувањето на дрвени или камени идоли?
 Овој "старец" навистина, сурово за "нетолеранција" ќе ги осуди и библиските Пророци и светите Апостоли и Маченици кои ги спалувале идолиштата и ја осудувале гнасотата на поклонување на лажни богови.
 Потресно е што авторот лукаво го користи изразот "поправилно" и ги смета бесмислени споровите на тема која религија е спасителна. Се испоставува дека за овој лажен пастир, како и за многумина наши современици воопшто не е битно тоа прашање.


Никој и никогаш  нема да се спаси без Христа и Неговата Цркве и затоа, ако жената го сака својот маж (секако, во случај бракот да се  склопил пред нејзиното преобратување кон Христа) тогаш мора да се погрижи нејзиниот маж да се убеди во таа најважна вистина.
 Секако, од ова не следи дека домот на новопреобратената (или новопреобратениот) треба да се претвори во сала на парламент и да се исполни со непрестајни караници, но од друга страна, сопружникот што не поверувал треба да знае дека неговата вера воопшто не се одобрува од стране на православните, туку дека напротив се смета за заблуда и едвај се трпи со "стиснати заби".


 Ако стане збор за изборот меѓу Бога и мажот, наспроти мислењето на "духовникот" не може ниту да стане збор за трпење (па и зборовите на Апостолот (Рим. 14:1; 15:1) воопшто на се однесуваат на иноверните), туку неопходен е развод.


Како што пишува свети Теофан Затворник:
 "Ако мажот што не поверувал не сака да живее со жена која верува, туку пред неа го става изборот или да и се врати на претходната заблуда или да го напушти, очигледно е дека треба да се напушти таквиот маж; зашто не треба ниту да се  помисли на предавство на верата, а да се остане со мажот против неговата волја би значело да се внесува намерно судир и караници во семејството. Значи, вели: заради мир оставајте ги таквите мажи и жени; во тој случај слободни сте од брачното бреме, не сте му обврзани."


Исто така и Златоуст вели: "ако оној што не верува ти заповеда да принесуваш жртви и да учествуваш во неговата заблуда според правото на сопружништво или да го оставиш, подобро е да се остави бракот отколку побожноста. Ако оној што не верува секојдневно навредува и предизвикува караници најдобро е да се разделиш." И повторно овој "свештеник" учи наспроти Отците!


Уште "посимпатичен" обид да се образложи "благодатноста" на ваквата заедница. "Пастирот" ѝ вели на својата несреќна "овчичка":
 "Ако одлучиш да ја соединиш својата судбина со човек што не верува, тогаш преку тебе, со твоите молитви, со богоугодни дела и добродетелни постапки ќе успееш, се надевам, да стекнеш благодат за целото семејство" (стр. 16).
 На тој начин, тука ни предлагаат да усвоиме вистинско пелагијанско учење за стекнување благодат со сопствените човекови напори. Меѓутоа, каноните на Картагинскиот Собор говорат дека без помош на благодатта воопшто не може да се исполни ниту една заповед (113(127). правило[3]), дека благодатта ни дава и сила и љубов за исполнување на заповедта (112(126). правило[4]) и дека оној кој што сето тоа го отфрла се подложува на анатема. Затоа сите обиди благодатта да се заработи со сопствени сили се бесмислени и човекот кој на тоа се надева е еретик. Бог не само што Самиот нè чисти од гревот и ни укажува на убавината на добродетелта, туку и Самиот, со сопствената сила прави добро заедно со нас.


 Сите обиди да се "заработи" благодатта претставуваат враќање кон законот и отфрлање на Христа (Еф. 2:8-10; Гал. 2:21). Изворите на благодатта кои Бог ни ги дал се светите Тајни од кои едната е Тајната на Бракот (Венчание).
Авторот на брошурата сфаќа дека во случајот на хероината тоа е невозможно и затоа нејзиниот "духовник" е принуден да прибегне кон своерачни извори за кои Откровението ништо не говори. Над нив се исполниле пророчките зборови:
 "Зашто две зла изврши Мојот народ: Мене, изворот на жива вода, Ме оставија и си ископаа извори издупчени, кои не можат да држат вода" (Јер. 2:13).


Првото зло веќе го разгледавме - обидот Тајната Божја да се замени со човекови дела. Тука малку ќе се оддалечиме од темата и ќе ја забележиме чудната тенденција на авторот на сите можни начини да го намали значењето на Тајната на Бракот.
Тука е и советот дека е недопустлив окултниот однос кон тајната (стр. 13-14), дека е недопустливо лукавството при одговорот на прашањето: "го (ја) љубиш ли?" (стр.16). Патем речено, такво прашање не постои во Требникот за Тајната на Бракот и за тоа постои длабока причина за која ќе пишуваме подоцна.


При тоа свештеникот ниту збор не рекол дека во Тајната на Бракот се дава "благодат која ја осветува сопружничката заедница, природното раѓање и воспитување на децата" (Катихизис на Свети Филарет Московски). За "духовникот" единствено што го разликува венчаниот од невенчаниот брак претставува само фактот дека Христос е сведок (стр. 15). Благодатните сили кои се предаваат во оваа Тајна се спомнуваат површно на самиот крај (стр. 52).


 И тоа не е изненадувачко зашто тогаш би пропаднала целокупната пелагијанска слика на замена на благодатта со сопствени напори, која се изложува во ова дело. Пред нас е наполно еретичка тенденција на отфрлање на свештениот карактер на оваа Тајна која го зближува авторот со римокатолиците кои исто така сметаат дека извршители на тајната се самите сопружници, а дека свештеникот е само сведок на неговата законитост.


Меѓутоа, сфаќајќи дека ваквиот пристап ја остава неговата штитеничка во состојба на неувереност во благодатноста на нејзиниот сојуз, "духовникот" измислува втор знак за постоење на благодатта (или средство за нејзино здобивање): "И при тоа, ако вашиот сојуз биде заснован на целомудрена љубов - како може да се зборува дека тој е неблагодатен?
 Зашто,  што е љубовта ако не благослов Божји кој им се праќа на мажот и жената?" (стр. 16) Значи, критеријум за благодатта е постоењето на целомудрена љубов. Да, навистина, свети Јован Златоуст пишува:
"Самиот Бог сее љубов во мажите и жените." Меѓутоа, начинот на кој Он тоа го прави и што е тоа "љубов" - во тоа ставовите на Црквата и авторот се разијдуваат.


Црквата смета, заедно со Златоуст, дека во тајната "се умножува љубовта на младоженецот и се чува целомудреноста на невестата, во домот влегуваат добродетелите и се изгонуваат лукавствата на ѓаволот за сопружниците соединети со благодатта Божја да го поминуваат животот добродетелно", а другиот став смета дека самата по себе "целомудрената љубов" е гарант за постоењето на благодат.


Меѓутоа, во "Православното исповедание" речено е дека е недоволна взаемната согласност за "стапување во вистински брак, ако тие самите не посведочат пред свештеникот дека взаемно си се ветиле".
И токму затоа што во Тајната на Бракот и се дарува вистинска љубов за неа и не се прашува пред вршење на Тајната. Инаку, би се испоставило дека сите оние кои стапиле во Брак заради послушност кон своите родители реално биле лишени од можноста да изградат христијанско семејство.


Затоа за нас е бесмислено тврдењето дека божем  "апостолот инсистирал на тоа дека брачниот сојуз (дури и напола христијански), сојуз на мажот и жената – е симбол на сојузот на Христа и Црквата" (стр. 18). Зборовите на Посланието до Ефесјаните (5:22-32) на кои се повикува авторот се очигледно упатени до христијаните (бидејќи 32. стих тој сојуз директно го нарекува Тајна, па и самата содржина, еднакво упатена кон мажите и жените покажува дека се зборува само за христијанските семејства).
 
Запрепастува како нехристијанин може да ја љуби својата жена "како што и Христос ја засака Црквата" (Еф. 5:25). Сите овие изјави можни се само при лажното сфаќање на самиот поим "љубов". Веќе да не говорам дека тука повторно се отфрла единственоста на Тајната на Бракот, во која се "благословува нивниот брачен сојуз, по примерот на духовниот сојуз на Христа и Црквата" (Катихизис на Свети Филарет Московски).


Но, што претставува "целомудрената љубав" која по мислењето на авторот може со себе да ја замени благодатта на Тајната на Бракот? И овде доаѓаме до најважната заблуда која е својствена како на писателот на книгата Е. Богушева, тако и на многуте православни христијани.
Според нејзиното мислење љубовта е посебно чувство (стр. 33). Овде го гледаме влијанието на љубовните романи и воопшто, на класичната литература врз нашата свест.


За Библијата и Светите Отци љубовта е состојба на волјата и затоа таа може да биде заповед. "Православното исповедање говори дека ‚љубовта во себе ги сместува Десетте Заповеди', а Катихизисот на свети Филарет тврди дека ‚вистинската љубов природно се пројавува низ добрите дела'".


 Преподобниот Јован Лествичник говори: "по својот квалитет, љубовта е уподобување во Бога, во мера која е достапна на смртниците. По своето дејство, таа е извор на вера, бездна на долготрпеливост, море на смирение.
Љубовта е, во вистинска смисла на зборот, напуштање на било каква непријатна мисла во однос на друг човек. Зашто, љубовта "не мисли зло" (1 Кор. 13,5). "Љубовта, бестрастието и боговосиновувањето се разликуваат меѓу себе само и единствено по називот" (Поука ХХХ).


 На тој начин за христијаните станува очигледно дека  вистинската љубав е невозможна без православната вера. Зашто, како што пишува истиот светител: "по моето мислење, верата е зрак, надеж, светлина, а љубовта круг сончев. А сите прават еден блесок и еден сјај" (Поука ХХХ).


Значи, мислата дека "целомудрената љубов" може да даде благодат на веќе забранетиот сојуз е апсурдна, зашто таква љубов едноставно не може да има меѓу "сопружниците". Наполно е бесмислена самата можност за бестрасна љубов таму каде што оној кој љуби не верува во Бога. Сите тие чувства кои се нарекуваат "природна"љубов, согласно на свети Јован Лествичник својствени се и на животните.


 Таа состојба не е благодатна и затоа "лесно му се приближува блудот, и тоа така незабележливо, како што понекогаш откриваме вошки кај гулабите" (Поука IX). Врз тоа чувство не е можно да се изгради христијанско семејство, тоа не е во состојба на човека да му обезбеди светост.


Разгледувајќи ја книшката "Веќе омажена" гледаме дека нејзината главна мисла – можноста на христијанинот да стапува во брак со некој што не верува - директно му противречи на учењето на Црквата кое е засновано на Божјото Откровение.
 Луѓето кои ќе го послушаат мислењето на авторот на оваа книга и ќе ја нарушат заповедта Господова прават тежок грев, ризикуваат да отпаднат од Црквата. Нивниот сојуз нема да биде законит брак, туку прељуба. Во оваа книга исто така забележуваме радикална ревизија на православниот морал која се крие под убавите зборови за љубовта.


Меѓутоа, се поставува прашањето: "во што е причината за таквото страшно изопачување на верата како што горе споменавме, не само во оваа книга, туку и во свеста на многумина православни христијани?" Вистинскиот одговор е: "љубовта кон светот". Современите луѓе, дури влегувајќи во Црквата не сакаат вистински да ја менуваат својата свест. Не сакаат вистински да се покајат (бидејќи "покајание" во библиската смисла на овој збор значи промена на мислењето). Ним им е потребно истовремено да бидат и православни и свои за овој свет. Луѓето никако не сакаат да го направат тој избор и се јавува желба  "сè да се освети".


Така се појавуваат и нови добродетели, непознати на светите Отци (како "толеранција кон заблуда"). Старите термини добиваат наполно нова смисла (на пример, љубов или брак). Се појавуваат ставови дека и нецрковните луѓе може да бидат "добри, примерни" и дека затоа христијанството воопшто не е ни потребно.


 Христијанството е нешто пожелно, но не и задолжително. Уште повеќе што животните цели и на едните и на другите се истоветни - потрага по удобност по секоја цена и обожување на културата. Дури и односот кон раѓање на деца. Зарем не е познато дека многу голем број умислени "христијанки" веста за бременоста ја доживува скоро како дијагноза на малигни тумор.


 И иако одат во храм и на секоја служба го слушаат спомнувањето на "богоотците Јоаким и Ана", нивниот главен бог ќе биде комфорот и парите. Зарем тогаш за чудење  е желбата при таква сличност на погледите на светот и конечно да стане свој за безбожниците?
Колку често луѓето говорат: "па не може да се биде во наше време фанатик?! (како времето да значи нешто во животот на оној кој му служи на вечниот Господ?) Не смее да се биде "бела врана".
 Тоа не е смирено, не е христијански.


 Не смеат да се осудуваат постапките на другите луѓе. Ние треба да ги прифаќаме сите онакви какви што се и во ништо не смееме да ја покажуваме нашата надмоќ (за таа цел е измислен и специјален назив "триумфализам").
Треба да се биде потрпелив. Па и вие самите не треба да се трудите да навредувате со своето однесување. Треба да се трудиме да бидеме како и сите, инаку ќе ги оттурнеме луѓето од Црквата (навистина тогаш е и несфатливо зошто да се вика некој во Црквата, ако Таа во потполност треба да биде солидарна со цивилизацијата).


Тука треба да се нарушат сите правила на политичка коректност и да се наведат зборовите на апостол Јаков: "Прељубодејци и прељубодејки, не знаете ли дека  пријателството од овој свет е непријателство на Бога? Оти, кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога. Или, пак, мислите дека Писмото напразно зборува: Со ревност го љуби духот, што го вселил во нас" (Јак. 4:4-5).


Зад ова се крие отсуство на свест за својот пад и чудовишната бездна на злото кое го зафатило овој свет. Затоа таквите луѓе и не ја гледаат потребата за спасение кое може да го изврши единствено Творецот. Само кога човек на себе ќе ја почувствува моќната рака Божја сфаќа колкава бездна ги дели членовите на Црквата од најдобрите иноверни луѓе  и безбожници.


Зашто, според вистинските зборови на свети Златоуст оној што не верува му е: "туѓ на оној што верува. Тие немаат ниту иста глава, ниту еден и ист татко, ниту еден и ист град, храна, облека, дом; сè се разликува кај нив. На првиот сè му е на земјата, на другиот на небесата. На оној што верува цар му е Христос, на оној што не верува - гревот и сатаната.


На оној што верува храна му е Христос, на оној што не верува скапаното и гнојот. Па и облеката на оној што верува му ја прави Господарот на ангелите, а на оној што не верува црвите. На оној што верува град му е небото, на оној што не верува земјата. А ако со тие што не веруваат немаме ништо заедничко, кажи ми во што треба да имаме општење со нив?
И ние сме поминале низ истите маки на раѓањето и сме потекнале од иста утроба? Меѓутоа, ни тоа не е доволно за најблиско сродство. Значи, да се потрудиме да се направиме  граѓани на горниот град."
Таквиот човек гледа дека вистинската љубов никогаш нема да дозволи крајниците на телото Христово да се предадат на потсмевање на оние што не веруваат, но никогаш нема ниту да се помират со фактот дека луѓето живеат далеку од Творецот.


 Никогаш човек кој ги вкусил животворните струи нема да се смири гледајќи дека тој со кого што живее војува против Бога. Само човек којшто е призван со Љубовта, Која го движи сонцето и ѕвездите, може да ја победи окаменетоста на туѓото срце. Но, првиот услов за тоа претставува исполнување на заповедта:
"Затоа излезете од нивната средина и одделете се! Вели, Господ, и: Не допирајте  се до нечисто, и Јас ќе ве примам!" (2 Кор. 6:17) .


Оној што е призван во бракот нека го напушти незнабожечкиот начин на живот останувајќи во телесната заедница ако оној што не верува не хули на верата. Ако си призван како безбрачен - или биди девственик или стапи во брак со православен христијанин.
 Ако си упаднал во блуд, стани, отфрли ја незаконитата заедница или направи ја законита низ обострано Покајание и Брак. Тогаш ќе можеш да ѝ пријдеш на Љубовта, Која води кон Себе и Самиот милостив Творец ќе те научи и ќе ти даде и вечно спасение и на земјата христијанско семејство и сè што е потребно за живот и побожност.
 
ЗАБЕЛЕШКИ:
Свештеномаченикот Данил ова дело го напишал како одговор на книгата "Веќе сте се омажиле..." од Е. Богушева.
Изразот "поколението на Базарови" врзан е за познатиот роман "Татковци и деца" од Иван Тургењев  во кој младиот Евгениј Базаров е прикажан како нихилист и претставува многу негативен пример. (заб. прев.)
Преведе од српски: Мирјана Даниловска Мина
 
Извор:
Светосавље.орг. Библиотека
Свештеномученик ДАНИЛ Сисојев
УДАТИ СЕ ЗА НЕВЕРУЈУЋЕГ?
Прeвод са руског:
Станоје Станковић
http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Izazovi/BrakNeverujuciSisojev.htm

 

Друго:

Свештеномаченикот ДАНИЛ Сисојев- ДА СЕ ОМАЖИШ ЗА НЕВЕРНИК?

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная