логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Молитви разни

Stefan.V.CHetvtok.jpg


Молитва за болни

  •  Добро сте го уредиле молењето за својата ќерка. Два молебни неделно и спомнување на проскомидија. Тоа изгледа доволно. Но кој тука се моли усрдно? Бог внимава на молитвата, луѓето за нешто да се молат усрдно. Ако никој не воздивне од душа, молебниот ќе биде извршен, а молитви за болната ќе нема. Исто така и проскомидијата, и Литургијата. Тука е само вашата вера и надеж, на која укажуваат молитвите кои сте ги барале. Но, присуствувате ли вие лично на молебните? Ако не, тогаш вашата вера е нема... Вие сте нарачале и со тоа што сте дале пари други да се молат, сте ја фрлиле зад себе секоја грижа... Така нема да има никој кој би болувал за болната. На оние кои го служат молебниот ни на ум не им паѓа со душата да болуваат пред Господа за оние кои се спомнуваат на молебниот... А како и би можеле за сите да болуваат?!

Друга е работата и вие самите сте присутни на молебниот или во црква на Литургија, кога Н. се спомнува на проскомидија... Тогаш црковната молитва ја подигнува вашата болка и побрзо ја вознесува пред Престолот Божји... вашата болка и самата молитва на Црквата ја прави поусрдна...
Гледате ли значи во што е силата!.. И самите бидете присутни на молебните, со душата болувајте за болната... Во црква на ЛИтургија усрдно молете се во текот на проскомидијата... и посебно кога после Тебе поем ја пејат богородичната песна Достојно ест... Тука после совршената жртва одново се спомнуваат и живите и умрените...
Спомнувањето на Литургија е појако од самото спомнување на проскомидија затоа што ги изразува вашите најсилни сочувства кон болната и воедно најсилната вера и надеж дека Господ нема да ве остави без својата помош...
Но главно е самите да боледувате за болната... И повеќе да помагате на сиромаси... не само на оние кои доаѓаат... Олеснувајте го теретот на сиромашното семејство. Нивната молитва ќе го олесне теретот на вашето срце...


Молитвата на светителите за нас

  •  Верувам дека сите светии на небото сочинуваат едно тело. Зите тие заедно се молат за нас, иако ние упатуваме молитви час на еден, час на друг. И Мајката Божја нас со сите нив нè застапува пред Бога. Кога молите светиите да го присоединат своето застапништво на молитвите на Мајката Божја, вие не правите ништо посебно.  На небо секогаш и е така.

Молитвата за оние кои пропаѓаат


 Вашата тага за сродниците кои пропаѓаат и молитвата за нив Му се пријатни на Бога. Ако во нив не е сè угасено, ако вашата молитва и благонаконетоста Божја кон нив имаат за што да се фатат, тогаш тие ќе се сепнат, ќе ја здогледаат светлоста Божја и ќе отидат по патот Божји. Молете се поусрдно... Вашата добронамерна молитва ќе се одразува на нивните души и ќе буди скрушителни мисли. Зашто постои општење на душите.


Молитвата за упокоените

  •  Никој нема да биде мрзелив да ги спомене своите родители; но треба да се спомнуваат сите православни христијани, не само тој ден туку во секое време, на секоја молитва. И самите таму ќе се најдеме, па нам оваа молитва ќе ни биде потребна како на сиромавиот парче леб и чаша вода. Имај на ум дека молитвата за упокоените е силна баш заради својата сеопштост – зашто доаѓа од страна на целата Црква. Црквата дише со молитвата. Како што во природниот поредок мајката дише во трудноста, а силата на дишењето преминува на детето, така во благодатниот поредок на Црквата дишат со општата молитва сите, а силата на молитвата преминува и на оние кои се упокоиле во крилото на Црквата, зашто Црквата се состои од живи и умрени – оние кои сеуште се борат и оние кои борбата ја завршиле. Не мрзеливи се на секоја молитва усрдно да ги спомнуваш и оние наши отци и браќа кои отишле. Тоа ќе им биде милостиња од тебе...

Молитвата за смртта

Viktor.jpg


 Некои се молеле за смрт и биле услишени. Но, за нас е подобро со покорност да примаме од Господа она што ни дава – било тоа живот или смрт, здравје или болест, изобилие или скудност. И за сè да благодариме.


Молитвата со внимание
 Тоа што се случува службата брзо да помине или личното молитвено правило дабиде извршено скоро незабележливо... тоа е плод на внимателното стоење во црква и исполнувањетона домашното правило со внимание и чувство. Дај Боже секогаш да биде така... Но избегнувајте умисленост...


Молитвата црковна и домашна

  • Црквата е – ваша утеха. Фала Му на Бога, Кој ви дал да ја почувствувате благотворноста од пребивањето во црква. Свети Златоуст често споменува дека е моѓно да се молиме и дома, но дека дома никогаш нема да се помолиш така како во црква.

И во храмот е можно да се помолите со своја молитва и дома е можно да се помолите со општа. Едно само не треба да заборавиме, кога стоиме на молитва, било тоа дома или во црква, во нашата душа да има вистинска молитва. , вистинско обраќање и восгжходење на умот и срцето кон Бога нашиот.

  • Секој нека го прави тоа онака како што умее. Немој да стоиш како статуа и да ги мрмлаш молитвите како навиена машина. Колку така и да стоиш и мрмлаш, нема кај тебе молитва додека умот блудничи, а срцето е полно со суетни чувства. Ако веќе стоиш на молитва, тогаш што те чини и умот и срцето да ги привлечеш кон неа? И влечи ги, колку и упорно да се противеле. Тогаш ќе потече вистинската молитва, ќе ја привлече милоста Божја и ќе се исполни ветувањето Божјо: барајте и ќе ви се даде. Често не се дава затоа што не постои вистинско молење, туку само молитвена положба.

Молитвената трезвеност

Viktor.jpg


 На молитва се увлекуваат мисли: треба да ги одгонувате; ако пак се појават, пак да ги одгонувате... и секогаш така. Само немојте да попуштате, туку одгонувајте ги штом ги забележите. Тоа и е подвигот на трезвеноста. Трудете се околу тоа вашето срце секогаш да биде исполнето со некое побожно чувство... кога срцето чувствува, помислите не вознемируваат, туку секогаш обиколуваат чуствата.


Поредокот на молитвите на почетокот на денот

  •  Потрудете се да правите вака: наутро, во текот на своето молитвено правило, приморувајте се со вниманието така да застанете пред Бога, што потоа цел ден да бидете пред Него, што и да бидете во прилика да работите. Ако така ја уредите работата и ако, заедно со пророкот, почнете навистина да Го гледате Господа пред себеси – секако, со чувства кои на тоа одговараат – тогаш ќе се молите непрестајно. И тогаш нема да ви биде досадно.

 Од молитвеното правило не отстапувајте сè додека во срцето не се породи скрушеност со предаденост на Бога. Вие сте – жена, мајка, комаќинка. Обврските кои од тоа произлегуваат представуваат - ваше спасение.
 Добро е да читате Евангелие и Псалтир. Книгите не ги оставајте додека од нив не извлечете некоја лекција или правило за живот.

  •  А наутро пред зора, откако стана излезе и отиде на писто место и таму се молење на Бога (Мк. 1, 35). Еве лекција како треба да се станува рано и првите часа од денот да се посветуваат на осамена молитва. Обновена со сонот, душата е свежа, лесна и приемлива, како свеж утрински воздух; затоа сама од себе бара да ја пуштат онаму каде што е сета нејзина радост, пред лицето  на Отецот Небесен, во друштвото на Ангелите и светителите. Во тоа време ова полесно се постигнува отколку подоцна, кога неа веќе ќе ја оптеретат секојдневните грижи. Господ уредува сè. Од Него треба да се заме благослов за делата, како и потребното вразумување и неопходното укрепување. Побрзај што порано, додека ништо не ти смета, насамо да ги вознесеш умот и срцето кон Господа, да Му ги исповедаш своите потреби и намери и да измолиш Негова помош. Ако од првите моменти од денот задобиеш молитвено расположение и се исполниш со богомислие, тогаш потоа цел ден ќе го поминеш во побожност и страв Божји, со собрани мисли. Од таму потекнуваат – огледноста, постепеноста и складноста, како ве делата така и во односот со другите. Тоа е награда за трудот на кој се приморуваш себеси во утринската осаменост. Мислам дека тоа е разумна мера и за луѓето во светот, а не нешто што е туѓо на нивните цели.

   

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3166
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7640
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

02/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светиот пророк Авдија; Светиот маченик Варлам; Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф; Светиот маченик Илиодор; Преподобен Порфириј Кавсокаливит;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Велик е животот на праведникот пред Господа,и него наградата не го одминува,така ти Авдие Божји пророче,дар доби да ја видиш...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная