Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (33)
Отпаѓањето од Бога и роптањето на Него
Сè што Господ востановил, е благодатно... И секому сè му се дава на дар. Но поинаку е кога се во прашање оние кои отпаѓаат од Господа... Тука заради смилоствувањето на Господа неизбежен е и сопствен напор, толку поголем колку што отпаѓањата биле почести и погруби. Со искреноста и силата на скрушеноста тој труд околу смилостивувањето многу се скратува, но не се исклучува. ?И совеста на оној што паѓал не се осудува одеднаш кон себе да присвои сè... Таа се мачи и оттуѓува. Е тука, во тој напор околу смилостивувањето од голема помош се молитвите на светиите , најмногу на Мајката Божја, а многу можат да помогнат и молитвите на живите добронамерници. Кога некој прв пат Му пристапува на Господа, тој одма станува примен... а кој пристапува после падот, не се прима веднаш. Тој долго треба да се мачи додека не го смилостиви Господа... За тоа сведочат многу опити. За паднатите да би биле повторно примени во милоста и тоа примање да би одекнало во нивната совест, потребни се претходно многу напори. Во древната Црква паднатите покајанието го принесувале јавно...
Со тоа не се нарушува правото за пристапување на Господа, туку само се воспоставува поредок на помилување. По тоа правило паднатиот да Му пристапува на Господа, и да бара смилостивување. И тој што доаѓа не се исфрла надвор, туку уште се држи во предворјето или во тремот, заради претходното неверие. Тој и има надеж затоа што Господ дошол да го бара изгубеното... Сепак потруди се ... барај и тропај на дверите на милосрдието.
... Да се бега од чудесното – тоа е исто што и да се бега од Господа Спасителот; а кој се одвраќа од чудесното, ист е како и оној што пропаѓа. Нека знаат оние кои се ужаснуваат на поменот на чудесното! И тие ќе наидат на чудо, на кое нема да можат да се спротивстават: тоа е смртта и после смртта суд. Но, ќе може ли ова непротивење да им помогне за спасение, Самиот Бог знае.
Во христијанството наместо саботата се празнува неделата и тоа со иста цел – одмор од сите светски дела и посветување на тој ден исклучиво на делата Божји. Христијанскиот здрав разум никогаш не доаѓал до фарисејска ситничавост по повод неработењето во недела; но затоа прифатливото допуштање на работата во тој ден отишло далеку над границите на потребното. Фарисеите неактивноста ги одвојувала од правењето на добри дела; а христијаните од правењето на добри дела ги одвојуваат токму активностите кои тие себеси си ги допуштаат. Навечер во очи на недела – театар, а потоа уште некоја забава. Утрото проспиено; за в црква се нема време. Неколку посети, ручек; навечер повторно забави. Така сето време се посветува на стомакот и насладувањето на останатите сетила; а на Бога и доброчинствата немаат ни кога да се сетат.
Ние сме слепи и тоа не го гледаме... а бидејќи не го гледаме, роптаме... и хулно мислиме на Бога дека не е во право. Тој пак сè уредува на најдобар начин.
(Продолжува)
Подготви: Златко Дивјаковски
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (3 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (1дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (4 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (5 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (6)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (7)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (8)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (9)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (10)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (11)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (12)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (13)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (14)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (15)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (19)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (20)
Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (28)
Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (29)