Радост духовна
Тој што ги вкусил добрата кои Господ ги донел на земјата – светлоста на познанието, слободата од оковите на гревот, силата за правење добро, исцелувањето на раните на срцето и посуновувањето од Бога – тој постојано пребива во небесна, искрена радост.
Читањето
Читајте ги преподобните Варсануфиј и Јован. Таму се опишани сите случаеви и може да се најде упатство за сè за што ќе се укаже потреба. Повелете имајте на ум дека постои еден учител на секое добро – Господ, Спасителот наш.
Добро е да се учат напамет изреките Господови од Евангелието, од збор до збор; а останатото само да се памети...
Да се чита заради знаење е едно, а да се чита ради поука – друго. Кај првото многу се чита, додека кај второто не треба многу да се чита, туку штом нешто од прочитаното се допре до срцето, застанете и поразмислете, обидувајќи се таа мисла да ја разјасните и подлабоко примите во срцето. Тоа е исто што и да се претвори прочитаното во предмет на богомислие. Така ќе ја храние и негувате душата, наместо да ја претрупувате како мев.
На молитвениот подвиг треба да се придодаде и читање од зборовите Божји и Светите Отци. Добро е секој ден да се прочита Евангелието и Апостолот за тој ден. Така и правете – наутро, после молитвата Исусова. Но читајте со размислувањ, вдлабочувајќи се во силата на зборовите, и колку што е возможно, доведувајќи ги до срцето. Добро е кога некое место (од Евангелието или Апостолот) ќе ја исполни сета душа. Со него може да се оди цел ден, држејќи го во срцето.
Светогорците имаат книги: „Пат кон спасението“ (основи на aскетиката), „Што е духовниот живот“, „Писма за духовниот живот“, „Невидлива борба“... Набавете ги и учете од нив... не да знаете, туку да дејствувате.
Кога читате, немојте прочитаното да го савате како општа одредба, туку секогаш претворајте го во свое – поединечно, кое се однесува на вас, при што општото секогаш трпи некои измени. Така вашата дејствителна мудрост ќе започне да расне.
Од Светите Отци: светиот Исак Сирин, Ефрем, Макриј Египетски, Старечникот, Лествицата, Варсануфиј и Јован, и друго. Секој ден прочитајте макар нешто од тоа. Не треба да се чита многу... Кога нешто ќе прочитате, потрудете се да дојде до срцето. Тоа е доволно. Ете што ќе ви покаже дека некое читање било корисно! Кога вас некое место така ќе ве исполни, така да сите мисли и внимание да бидат усредоточени на него, тоа е добро. Секое друго читање е напразно.
Навечер или после вечерата, добро е да се читаат житијата на светите (кои се слават) на тој ден. Затоа при рака треба да ги имате Житијата на светиите.
Што при читањето ќе прочитате прво, тоа е сеедно. И новото нема да содржи ништо друго, туку исто што и претходните дела. Меѓутоа, повторувањето на едно па исто остава подлабока трага во душата, или полесно ги придвижува светите мисли.
Некои додека ги читаат книгите при рацете држат пенкало... и малку по малку, ќе го запишат она што ќе им се допадне. Потоа, кога ќе посакаат, тие тоа поново го читаат.. Овие изводи им служат како библиотека.
А приказните и романите? Има и меѓу нив добри. Но за да би дознале дали се добри, треба најпрвин да ги прочитаме, а кога ќе ги прочитаме, во нив се наоѓаат такви повести и слики – Боже сочувај! Ќе ја извалкате својата чиста глава. А потоа, ајде чисти. Зошто би сте си создавале непријатности?! Затоа мислам дека е подобро да не се читаат. Кога пак некој од добронамерните луѓе ќе препорача некоја книга која и сам ја прочитал, можете да ја прочитате.
Продолжува)
Подготви: Златко Дивјаковски
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (3 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (1дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (4 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (5 дел)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (6)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (7)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (8)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (9)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (10)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (11)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (12)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (13)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (14)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (15)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (19)
- Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (20)