ЗА ПОСЛУШАНИЕТО
Малкумина ја знаат тајната на послушанието.Оној што е послушен,голем е пред Бога.Тој Го подржува Христа,кој во себе си ни го даде образот на послушанието.Послушната душа ја љуби Господ.Ии го дава Својот мир.Тогаш,таа чуствува љубов спрема сите.
Послушникот,сета своја надеж ја полага на Бога,затоа неговата душа секогаш е во Бога и Господ го дарова со Својата благодат.Таа благодат ја учи душата на секое добро,давајќи и дава сила биде во него. Послушникот го гледа злото,но тоа не ја допира неговата душа,бидејќи со него е благодатта на Светиот Дух,којашто го чува од секаков грев.Тој е мирен и лесно Му с емоли на Бога.
Душата на послушникот ја љуби Светиот Дух и затоа тој многу брзо ќе го познае Господа,добивајќи го дарот на срдечната молитва.
Оној што е послушен и се предава на волјата Божја,бивајќи е даруван со слобода и со спокој во Бога,молејќи се со чист ум.А оние што се горди и непослушни,не се во состојба чисто да се молат и многу да се подвизуваат.Тие не знаат ни како дејствува благодатта,ни дали Господ им ги простил гревовите.А оној што е послушен,јасно знае дека Господ му ги простилгревовите,бидејќи во својата душа Го чуствува присуството на Светиот Дух.
Послушникот не им е потребен само на монасите,туку и на секој човек.Дури и Господ беше послушен!Суетните и самоволните ја спречуваат благодатта да живее во нив,поради што никогаш не можат да имаат душевно смирение.А во душата на послушникот,лесно доаѓа благодатта на Светиот Дух,облевајќи го со радост и со спокојство.
Сите бараат спокој и радост,но малкумина знаат каде да ги најдат,и што е потребно за да ги постигнат.Еве,поминаа веќе триесет и пет години,откако запознав еден монах што е секогаш весел во душата и пријатен во лицето,иако е стар.Тој е таков зашто тој го сака послушанието и неговата душа и се предава на волјата Божја.И тој за ништо не се грижи,зашто неговата душа го возљуби Господа и Го созрецува.
Оној што има во себеси дури и мала благодат,радосно и с епотчинува на секоја власт.Тој знае дека Бог управува со небото и со земјата и со подземјето и со него самиот и со неговите дела и со се што е во светот,заради што секогаш е спокоен.
(Продолжува)
Подготвил:А.Петровски