логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Старчество

 На монашкиот постриг постојат кумови. Тоа се и старците на оние кои се монашат. За жал, кај нас во манастирите не е воведено во Типикот такво раководење, кое би претставувало старчество и откривање на помислите со барање совет. Тука непријателот злосторствува: зашто во прашање се и советот, како и откривањето на помислите, страшни за ѓаволот. Но, иако тоа не е формално воведено, во пракса секаде постои и се ористи. Малку – по малку, па ќе се појави потреба и тогаш неволниците одат кај тие од кои очекуваат задоволувачки одговор.
 На тие што се прифаќаат за голем духовен подвиг неопходен им е старец – раководител. А нашиот обичен ѓивот може да помине само со совет од духовникот или од некој од повнимателните браќа. Треба да се молиме на Бога, одејќи кај духовникот со прашање и да бараме од Бога на духовникот да му ја даде потребната мисла. Кој со вера ова го сака – го добива саканото.
 Помислувате на тоа да го оставите старчеството... Добро е што доаѓаат и се каат. И никого не го враќајте, макар и да доаѓал седумдесет пати по седум (пати) и секогаш се каел за ист грев. Сите примајте ги лубовно татковски, како таткото во (евангеслката) приказната. Не се лутете, не употребувајте строги зборови, тагувајте и скрушувајте се заедно со нив.Не ги прекорувајте и не осудувајте ги, туку сметајте ги за болни и приморани од непријателот. Вдахнувајте ги за борба со ветување дека ќе бидат помилувани и избавени од страстите, доколку почнат строго да се владеат и да ги употребуваат средствата кои вие им ги предложувате.
 Се вознемирувате по повод своето духовничко служење... Човекот не може да не се вознемирува – во прашање е дело од голема важност, Но, молете Му се на Господа секогаш да ве вразуми. Оваа молитва воведете ја во своето молитвено правило, а и во секоја друга прилика кога умот ќе се вознесе кон Бога, додајте молитвени зборови за своето духовничко служење...Ова обраќање кон Бога со страв, ви привлекува помош од Господа.
 ... Примајќи ги милостиво сите, од сите барајте покајна скрушеност и тврда намера да се воздржуваат од гревови. Ако некој ладнокрвно зборува – направив тоа и тоа... на таквиот можете да му кажете: „Ајде ти убаво појди во недела во црква, па помоли се да ти дојде скрушен дух и одлучност да не грешиш. Тогаш ќе дојдеш кај мене, па ќе видеме“.
 На оној што вели дека покрај него секогаш се наоѓа Серафим, речете му да го испита тој Серафим... Поточно... верува ли тој во Господа Исуса Христа и нека го положи врз себе крсниот знак. Во старечниците така пишува – а Ангелите кои на тој начин ги испитувале, ги фалеле тие што ги испитувале. Зашто, ѓаволот не може да го истрпи крсниот знак.


Духовен отец

 bogorodica.k.dol.jpgКако што новороденото дете не може да живее без мајката која се грижи за него, топло го чува и негува, така и на новородените во духот, на оној што тукушто е обратен, во почетукот суштински му е неопходен негувател и нега, раководител и раководство.
 Кај почетникот, внатре е – магла, како од смрдливи испарувања, кoи доаѓаат од страстите... и од нечистите сили. Таа постои кај секој., пoвеќе или помалку густа, зависно од претходната порочност. Како во таа маглива појава да се разликуваат доброто и точното? На оној што лута во маглата, појавите не ретко му изгледаат поголеми и поинакви. Така и на оноj кој штотуку започнал со духовна делатност неизбежно многу нешта привидува таму каде што всучност нема ништо. Само опитното око може да го вразуми и да му објасни за што се работи.
 Раководител имате – тоа е вашиот духовен отец. Него ви го дал вам Бог, нему обраќајте му се и него во сè слушајте го. Радувајќи му са на вашето послушание кон него, Бог, по вашата вера, ќе му говори што за вас е најсоодветно... Неговото слово е – заповед, а моето - совет.
 Раководителот е – знак на патот, а патот треба секој сам да го помине, гледајќи пред нозе и од страните. Старец Пајсиј Величковски... цел живот барал духовен раководител и не го нашол. Но се подвизувал двојно, тројно – па се раководеле со меѓусебни совети.
 Не е секој вистински отец за секој ученик, и не е секој вистински ученик за секој отец.
 Не е добро да се обраќате за совети час овде, час онде. Од Бога одредениот советник за сите е – духовникот, а тоа обично е парохискиот свештеник.
 Молете за простување на сите гревови. Тоа блазе вас, ќе го изрече вашиот духовен отец. Разгледајте го целиот ваш живот, проверете ги сите свои гревови спрема укажувањето на заповедта, па со чисто срце исповедајте ги на духовниот отец, со скрушеност и солзи, и со ветување дека во иднина ќе се воздржувате од секој грев, голем и мал...
 Сè решавајте со својот духовен отец и замолете го да биде построг кон вас. Тоа вам ви е неодложна заповед.
 Духовникот најпрво може да биде раководител. Него е подобро да не го менуваме.
 За својот духовен отец не судете строго, зашто не знаете уверливо зошто тој така невнимателно се однесувал кон вас.
 ... Не го менувајте духовникот... Дури и да лежи не смртна постела, а да е при свест... и тогаш е можно да се исповедаш и таа исповед ни за јота  нема да ја изгуби својата сила. Кога тој самиот вас не ве одбива, зошто да го напуштате? Да поразговарате? Но за сè веќе десет пати сте разговарале... Сега и за вас и за него е доволно да кажете по еден збор. Зашто се познавате еден со друг. Кога ќе се појави потреба да разговарате, тој нема да одбие да каже што треба, макар и со кратка воздишка (пауза)
 Ако таму кај вас постои доверливо духовно лице, пред сè духовник, тогаш доверувајте му сè што во вас ви се случува, или сите промени во свеста и срцето, да не би се прикрадел непријателот, облечен во светла и сјајна облека. Туѓиот ум подобро ќе расуди... ќе покаже каде се крие ѓаволот... и ќе избави од невојли... додека сопствениот може да заведе, па да се ставите  на крива патека...
 Вие сте – духовник. Купете нож – оштар, оштар – па да го држите пред очите и што почесто наблјудувајте, секогаш сеќавајќи се на законот по кој духовникот треба да го отсече јазикот ако на некому ги открие  гревовите кои му се исповедани или ако направи било какво навестување на основа на која би можеле тие да се претпостават. Јас имам основа да помислам дека некои духовници прават такви работи... Тие не сфаќаат какво зло доаѓа од тоа, т.е., од ширењето на мислењата според кои духовниците не се доволно дискретни: ќе се појави непотполна исповед, а понекаде таа и сосема ќе престане.
 Навечер да имате отворена врата за оние кои имаат потреба, за вашите зборови, тоа е во ред. Сум чул дека во Оптинската пустина духовникот долго не ги затвора вратите... та понекогаш му доаѓаат дури и на полноќ.
 Тие послушници што доаѓаат речиси секој ден, ако тоа го прават од духовни потреби – нека доаѓаат. Но со нив разговарајте секогаш само за духовни работи и кога ќе кажете што е потребно, отпуштете ги. А кога ќе останете сами, исповедајте се на Бога за сè и молете за Негово вразумување за секој конкретен случај.
 ... Дали може да се промени духовникот? Теоретски одговарам: а кој ви брани? Таа работа е – предмет на совеста; секој оди кај оној кому ја открива сопствената душа. Гледате какво брзо и лесно решение! Но во пракса може да се наиде на пречки , исто така во врска со совеста и тоа не мали. Нема да ги прекокнеш, ма колкав и залет да земеш. Долгогодишниот духовник е отфрлен. Зар преку тое ќе премине?! Кога тоа ќе го забележи, тој ќе се почувствува зашамарен. Чија совест ова би го издржала? Според тоа, за промена не се ни зборува.
 Се поставува прашање: што да се прави? Зашто друг зборува послатко и душата се привлекува кон него. Јас тоа не знам да го решам. Освен, еве како: да го одвоите духовникот од советникот. Тој што подобро зборува нека биде советник; а духовникот – духовник. Повелете сами решете ја таа работа.
 Ни под каков изговор не треба да го допуштаме она што му смета на духовното устројство. Затоа човекот и треба да има старец покрај себе. Најдобро за тоа е да постои духовник. Малку – по малку, па нешто се слушува и треба да се посоветуваме. Совеста така ќе биде спокојна. А вака со причина се мачи.
 Вистина вели Н., дека денеска нема прави раководители. Сепак, не треба да се останува само со Светото Писмо и отечките дела. Неопходно е да прашуваме. Пајсиј Њамецки (Величковски) тоа го решил вака: Нека двајца или тројца истомисленици направат сојуз, па нека се раководат едниот другиот и поставуваат прашања еден на друг, живеејќи во меѓусебно послушание, со страв Божји и молитва, со омерена аскетска строгост.
 ... Оној духовен отец кој што со различни попуштања или со лесни простувања на гревовите го гаси духот на ревноста или ги смирува и успива оние што стојат во рамнодушност, претставува џелат и убиец на вашата душа; зашто постои само еден пат – тесен и макотрпен.
 Поредокот во сè треба внимателно да се чува, средствата да се прилагодуваат на целите и секогаш да се биде спремен да се излезе во средба со потребата, кога снисходењето не носи штета, а строгоста не е неопходна.

 (Продолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски

 

 


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3125
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная