Од што ни доаѓаат болестите?
„Љубовта е долготрпелива, полна со добрина… не мисли зло… сè извинува, во сè верува… Љубовта никогаш не престанува“ (1 Кор. 13, 4-8)
Ги имате ли тие нешта?
Тогаш ја имате среќата, го имате Христос, рајот. Тогаш дури и телото функционира чудесно, без аномалии. Божјата благодат го променува човекот, го преобразува телесно и душевно. Тогаш сите болести исчезнуваат.
Нема колитис, ниту тироидна жлезда, ниту стомак, ниту ништо. Сè функционира нормално.
Убаво е да одиш, да работиш, да се движиш и да си здрав. Но, прво треба да имаш душевно здравје. Основата е душевното здравје, а како последица на тоа доаѓа и телесното.
Речиси сите болести произлегуваат од недостатокот на доверба во Бога и тоа предизвикува смут, вознемиреност. Бунилото и вознемиреноста се случуваат поради промаршувањето на религиозното чувство. Ако немате љубов кон Христа, ако не се занимавате со свети нешта, со сигурност ќе се исполните со меланхолија, со зло.
Што се случува во светот? Чујте ме, да ви раскажам еден пример.
Една девојка отишла на лекар, кој ѝ препишал хормони. Јас и реков:
– Чедо мое, не ги земај! Не сум лекар, не сакам да дејствуваш само затоа што јас така ти велам, но разбирам дека не треба да ги земаш. Добро е понекогаш да отидеш кај некој ендокринолог, но твојот проблем е поголем од компетенциите на ендокринолог. Сè доаѓа од стресот.
– Навистина, имав некои стресови.
– Е, тоа е! Смирисе, успокој се, исповедај се, причести се и сè ќе се поправи.
Тогаш, таа отиде кај еден ендокринолог и му кажа од што страда.
– Леле, – и рече лекарот – никако не ги земај тие лекови! Фрли ги! Многу ќе ти наштетат.
После тоа, ми се јави на телефон:
– Како што ми рековте, истото ми го рече и лекарот.
Гледате ли што се случува? Со исповедта и со Светата Причест многумина се излекувале.
Старец Порфириј Кавсокаливит
фбПравославие.Мк †