логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Еднаш старец Порфириј ми рече:
             „Отче Атанасиј (земајќи ме цврсто за рака), јас сум слеп, моите очи сега не гледаат зашто имам рак на хипофизата, но имам духовни очи и гледам. Пред да си одиш, сакам да ми кажеш што ви кажа старецот Емилијан за бројот 666 и за антихристот?“
Тоа беше во деновите на чернобилската несреќа и луѓето беа многу вознемирени и секој ден доаѓаше мноштво народ кај старец Порфириј, кој, пак, тогаш беше во близина на Атина, прашувајќи го: „Што ќе се случи, дали ќе дојде антихристот и ќе ни стави печат со бројот 666?“
Старецот ме запраша: „Кажи ми дете мое, што вели старецот Емилијан за 666 и за антихристот?“
           Му одговорив: „На соборот пред неколку дена, тој ни кажа да не се грижиме, туку треба да нè интересира живата врска со Христос, а не да обрнуваме внимание на антихристот, зашто тогаш тој ќе стане центар на нашите животи, наместо Христос“.
Старецот тропна со рацете по креветот и рече: „Што кажа дете мое, што кажа?! Слава Ти, Боже, што најдов духовен отец кој се сложува со мене! Дете мое, што работат световните духовници? Душите на многу луѓе и семејства се растревожени, се создадоа многу психолошки проблеми со бројот 666, луѓето во светот не можат да спијат и земаат психијатриски лекови за да можат да заспијат.

Што е ова? Христос не ги сака овие работи дете мое. Може ли да ти кажам нешто?“
             „Што, старче?“ – му одговорив. Toj ми рече: „За нас христијаните, кога ќе Го спознаеме Христос не постои антихрист. Кажи ми нешто, јас седам на овој кревет, можеш ли и ти да седиш на моето место?“
Му реков: „Не стaрче“.
Тогаш ме праша: „A зошто?“
Јас му одговорив: „Затоа што ако седнам ќе ве потиснам вас“.
Повторно ме праша: „Дали никогаш не ќе можеш да седнеш овде?“
            Му реков: „Кога ќе станете вие, старче, тогаш ќе можам да седнам“.
Тој ми рече: „Во право си, дете мое. Истото се случува и со нашите души. Кога Го имаме Христос во нас, може ли да дојде антихристот?“ Може ли нешто спротивно на ова да влезе во нашите души? Поради таа причина, дете мое, ние денес Го немаме Христос во нас, затоа што се грижиме за антихристот.
Кога е Христос во нас, сè станува Рај. Христос е сè, дете мое, и не треба да се плашиме од противникот, тоа секогаш треба да им се кажува на луѓето. И дозволи ми да ти кажам уште нешто. Ако навистина дојде сега антихристот и насилно со ласер ме жигоса со 666, јас не би се вознемирил. Ќе ми речете: „Старче, не ли е тоа печатот на антихристот?“ Да, но и илјада пати да напише на мене со ласер неизбришливо, пак не би се вознемирил.
Зошто? Затоа што дете мое, првите маченици ги фрлаа на дивите ѕверови, но кога ќе се прекрстеа, дивите ѕверови стануваа како јагниња. Тие ги фрлаа во море, но кога ќе го осенеа морето со крстот, тоа стануваше како суво и тие одеа по него. Ги фрлаа во оган, но кога ќе се прекрстеа, огнот ќе оладеше. Благословено дете мое, што станавме ние денес? Дали веруваме во Христос? Во нашиот Крст? Зошто дојде Христос? Не дојде ли Христос да нè укрепи во болеста?
Тоа треба да му го кажеш на старецот, дете мое. А ти треба да им кажеш на луѓето да не се плашат од антихристот, зашто ние сме Христови деца и деца на Црквата“.
Сето ова остави голем впечеток на мене.
И додавајќи ме запраша: „Може ли да ти кажам нешто?“
Реков: „Секако, старче“.
„Патријархот Димитриј, како дојде во Атина?“
„Со авион“, - му одговорив.
„Па, да, знам дека дојде со авион, сигурно не мислиш дека дојде со пливање? Со кои документи?“
„Со пасош, старче“ – му одговорив.
„Грчки или турски?“
„Не знам“, - реков.
„Пак мудруваш. Тој е дојден со турски, и кој е грбот на Турција, знаеш?“
Му одговорив: „Не знам, старче“.
„Сега претера, не знаеш кој е грбот на Турција? Па полумесечината. А знаеш ли како Отците ја нарекуваа полумесечината по појавата на Мухамед?“
„Не, старче“ – реков.
Шегувајќи се, рече: „Па јас треба да ти ја земам дипломата и да ја искинам, каков теолог си ти? Полумесечината е симбол на антихристот. Ако полумесечината е симбол на антихристот и ако пасошот на патријархот го има симболот на антихристот (и неговите печати, колку ли печати ставаа внатре?), дали тоа значи дека нашиот патријарх е антихрист?
Не, дете мое, не! Немој да ја ограничуваш толку Евангелската порака! Христос не е толку тесноград како луѓето кои сакаат да го бранат своето мислење.
                     Tоа треба да му го кажеш на старецот и тоа е она што треба да го кажувате на народот: Ние не треба да се плашиме од антихристот или од бројот 666“.

 


Преземено: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/index.php...

freedom_chain

Porfirije-zitije4d

  • Ова што ќе го раскажам се случуваше за време на катастрофата во Чернобил. Луѓето беа вознемирени и секој ден десетици од нив го посетуваа старец Порфириј близу Атина, прашувајќи го што ќе се случи, и дали Антихристот ќе дојде за да нè жигоса со трите шестки.

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2079
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2095
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 540
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная