Ако некој посака да направи миризлив темјан тој треба да земе по четири еднакви дела "стакта, оникс, халан миризлив и ливан чист" (2. Мој. 30,34). Тоа се четирите добродетели: воздржливоста, храброста, мудроста и правдата. Кога сите тие се присутни во душата во потполно совршенство и со еднаква сила, тогаш умот, се разбира, нема да биде предаден од некаков внатрешен предавник.
Душата, откако се очистила со полнотата на добродетелите, го става умот во состојба на непоколебливост, го прави способен и да навлезе во таква расположба каква што е потребна за молитвата.
Преподобен Нил Синајски
фбЖивотот е борба