логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

За светата молитва

1.    Браќа, за молитвата има да се говори многу. Таа е навистина дадена од Бога и е поважна од сѐ друго.

Да се молиме, значи да бидеме со Бога, да бидеме секогаш заедно со Него, да ја имаме нашата душа, како што говори Давид, прилепена кон Бога и не одделeна со Него и нашиот ум да биде секогаш со Него. Псалмопеачот Давид вели: „Кон Тебе се приближи душата моја, Твојата десница ме поддржува“ Псал. 62, 8); уште: „За Тебе зажедне душата моја“ (Псал. 62, 1); уште: „Како што кошутата жеднее по водни извори, така и душата моја, Боже, копнее по Тебе!“ (Псал. 41, 1); уште: „Ќе Те возљубам, Господи, крепост моја! Господ е моја тврдина и прибежиште мое, мој избавител, Бог мој, помошник мој“ (Псал. 17, 1-2); уште: „Душата ми е постојано во Твојата рака“ (Псал. 118, 109), (т.е. место [да каже]: „секогаш со Тебе“). Затоа и говори: „Ќе го благословувам Господа во секое време; похвала за Него секогаш има во мојата уста“ (Псал. 33, 1). Пророкот се замислува дека е со ангелите, кога се моли, соединувајќи се со нив во оваа добра работа кога ја искажува својата љубов спрема Бога и својата желба да биде со Него. Тој вели: „Фалете Го, сите ангели Негови, фалете Го, сите војски Негови“ (Псал. 148, 1-2). – Овде тој не говори во таква смисла, дека ангелите не Го слават Господа и дека тој ги поканува да го прават тоа, туку со ова ги прославува за тоа што е нивна особина и непрестајна работа фалењето на Господа и затоа што го прават тоа од љубов спрема Господа, а и себеси се присоединува кон нив, затоа што молитвата и славословувањето треба да бидат непрестајна работа на секое разумно суштество. А кон ова добриот и ангелоподобен песнопеец Давид, претполагам, ја распламенува целата вселена, претскажувајќи го појавувањето на Спасителот на земјата, познавањето на Света Троица, преку Него од страна на сите народи и Нејзиното непрестајно прославување од сите, велејќи: „Фалете Го Господа, сите народи, прославувајте Го, сите луѓе“ (Псал. 116, 1).

А дека ангелите непрестајно Го прославуваат Бога, за ова нѐ учи и светиот пророк Исаија, кој ја видел Божјата слава и ангелите како непрестајно Му ја пеат трисветата песна. Ова истото го видел и светиот пророк Језекил. Таквата песна е дело на првите ангелски чинови, на серафимите и херувимите, од кои првите се нарекуваат огнени заради нивната силна љубов и нивните пламени песни, а такво е и значењето на нивното име, а вторите се именуваат изливање, заради широчината и обемноста на нивното знаење и прославување на Бога, што го покажува и самиот збор „херувим“. Тие се нарекуваат уште и „многуочити“, поради изобилноста, тенкоста и проникливоста на нивните созерцанија и славословија, како и поради нивната непрекинливост. Затоа и меѓу нас огнени се нарекуваат оние преподобни луѓе, кои гореле и кои горат со љубов, со ревност и со срдечна молитва, според зборовите на Давида: „Пламна срцето мое во мене и додека размислувам оган ќе се разгори во мислите мои“ (Псал. 38, 3); уште: „Зар не гореа срцата наши, кога ни зборуваше по патот?“ (Лука 24, 32); и уште: „Духот да ви биде пламенен; служете Му на Господа; бидете радосни во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани“ (Рим. 12, 11-12). Меѓу нас имало и многумина и такви, кои имале изобилство на богопознание и од нив како вода се изливале божествени желби, како што е речено: „Благодат се излива од твојата уста“ (Псал. 44, 2); уште: „Ќе го рашириш срцето мое“ (Псал. 118,32). И меѓу нас има такви, кои може да бидат наречени очити, затоа што тие Го гледаат Бога, како што е напишано: „Очите мои секогаш се кон Господа“ (Псал. 24, 15); уште: „Секогаш Го гледав пред себе Господа, зашто Он е од мојата десна страна“ (Псал. 15, 8), - кои се како оние: „блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога!“ (Матеј 5, 8). Некои меѓу нас се угледаат и на третиот чин – на престолите. Тоа се оние, во кои Бог престојува, зашто тоа и означува зборот – живеалиште или престол. Како што седи врз ангелските сили, наречени „престоли“, кои го почитуваат со своите помисли, песни, зборови и дела, бидејќи „мирот негов ќе му биде слава“ (Иса. 11, 10). Затоа и Бог, презадоволен од нив, говори: „Ќе се вселам во нив и ќе одам меѓу нив“ (2.Кор. 6, 16); уште, на оној кој е таков, нему му говори: „И ќе дојдеме при него и живеалиште во него ќе направиме“ (Јован 14, 23); уште, потврдувајќи дека ова било така, апостолот говори: „Или не сте свесни дека Исус Христос е во вас? Освен, само ако не сте недостојни“ (2. Кор. 13, 5). – Да Го имаме Христа во себе, да Го носиме во нашето срце и во нашиот ум, непрестајно да помислуваме за Него и да Го спомнуваме, тоа е исто како да говориме како серафимите, од љубов кон Него, и да Го гледаме секогаш како херувимите, да Го имаме непрестајно во нашето срце, - тоа е всушност молитвата. Затоа молитвата е најважната работа за Христовите слуги. Работа што е над секоја друга работа; сите други служења се второстепени.

Останатите ангели, кои ни ги испраќа Бог за да ни ја соопштат Неговата волја за нашето спасение, иако дејствително им служат на оние, што сакаат да се спасат, но и нивната непрестајна работа е молитвата.Затоа, кога ни се јавуваат, правејќи го она што е потребно за нашето спасение, и тогаш не ни се јавуваат без да Го прослават Бога и без молитва, а и нас нѐ учат како да Го исповедаме Бога и како да Го прославуваме. Така ги слушале и Исаија, и Језекил и Даниил да Му пеат слава на Бога; Витлеемските пастири, во чест на Христовото раѓање, виделе големо множество ангелски војски, кои Го прославувале Бога и говореле: „Слава на Бога во висините“ (Лука 2, 14); свети апостол Јован во својата новозаветна книга Откровение говори за тоа, дека слушнал многу ангели што пееле, а оној ангел, кој му ги откривал на апостолот апокалиптичните тајни, кога му се поклонил, му рекол: „Стој, не – јас сум слуга како и ти и браќата твои, што го имаат сведоштвото Исусово; поклони Му се на Бога“ (Откр. 19, 10). Гледаш ли каква чест имаат сите тие да Му оддаваат чест на Бога и дека во нивното служење најглавната работа е – да ја воспеваат Божјата слава. Затоа и светиот апостол Павле, овој серафимски благовесник, кој се подигнал дури до третото небо, ни говори: „Молете се постојано!“ (Сол. 5, 17). А тој самиот ова го научил од Господ на сѐ Кој нѐ учи: „Бидете будни во секое време и молете се“ (Лука 21, 36) и уште: „Бидете будни, оти не го знаете ни денот, ни часот, кога ќе дојде Синот Човечки“ (Матеј 35, 13); и уште: „Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение“ (Матеј 26, 41); исто така; „Нека ви биде крстот стегнат и светилата – запалени! Тогаш и вие ќе личите на оние луѓе, што го чекаат својот господар да се врати од свадба, за да му отворат веднаш, штом ќе дојде и почука“ (Лука 12, 35-36). Со овие Свои зборови нѐ поучува на внатрешната молитва, на умствено внимание и на непрестајна молитва. А потоа вели: „Блазе на тој слуга, чиј господар, кога ќе дојде, го затече така да постапува!“ (Лука 12, 43) и додава за даровите што ќе му ги даде за таквото бдеење и молитвата: „Тој ќе го постави него над целиот свој имот“ Лука 12, 44), ќе го направи и него и другите, кои се слични како него, подобни на богови и на небесни цареви, посветли од сонцето. Гледаш ли какви дарови им се подготвени на оние, кои бдеат и се молат! Со нив да се удостоиме и ние, кои секогаш сме будни и непрестајно се молиме, како што сме научени.

2.    Има многу молитви, но најважна од сите е онаа, која ни ја дал Самиот наш Спасител – молитвата „Оче наш“, како што е речено и во Светото евангелие, зашто ја опфаќа во себе целата евангелска вистина, а по оваа молитва, прва според значењето и важноста е спасоносното повикување на нашиот Господ Исус Христос, Синот Божји. Тоа е Исусовата молитва. Многумина од нашите преподобни отци се потрудиле да нѐ научат на неа. Меѓу нив е и Златоустиот наш отец, кој во три свои поуки го изложил божественото учење за молитвата. А по него ова го направиле и: богоносниот Јован Лествичник, свети Диадох, епископот на Фотика, свети Симеон Нов Богослов, аскетот Никифор и многумина други. Тие говореле за неа соодветно за духот Божји, Кој живеел во нив, како што пишува светиот апостол Павле: „Никој не може да Го нарече Исуса Господ, освен преку Светиот Дух“ (1. Кор. 12, 3). А тој што Го нарекува – од Бога е, како што вели свети апостол Јован: „Секој дух, што признава дека Исус Христос дошол во плот, од Бога е“ (1. Јов. 4, 2). А во наши дни најубаво за неа пишувале, водени од Светиот Дух, богоносните, христоносните, и божествени наши свети отци, кои говореле со Божја помош: Калист, бившиот патријарх на царскиот град, на новиот Рим, и неговиот сотрудник и соподвижник – преподобниот Игнатиј, кој во сто глави го изложил потполното, духовно возвишено и богомудро учење за неа.

3.    Оваа божествена молитва која се состои од повикувањето на Спасителот е следнава: „Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме!“ Таа е и молитва, и завет, и исповедање на верата, - дарителка на Светиот Дух и подателка на божествените дарови, очистување на срцето, изгонување на бесовите, вселување на Исуса Христа во нас, извор на духовни разбирања и божествени помисли, простување на гревовите, лекарка на душите и на телата, давателка на божественото просветлување, кладенец на Божјата милост, закрилничка на откровенија од Божјите тајни, единствена спасителка, зашто во себе го носи името на нашиот Спасител и Бог, името на нашиот Господ Исус Христос, Божјиот Син, како што вели апостолот: „Под небото нема друго име дадено на луѓето, со кое би можеле да се спасиме“ (Дела 4, 12). Ова повикување и молитва, зашто со него ја испросуваме Божјата милост, - и завет, зашто преку него Му се предаваме на Христа, - и исповедаме, зашто, кога Петар така Го исповедал Господа Исуса, од Него бил наречен блажен (сп. Матеј 16, 7), - и очистување на срцето, зашто Бог го гледа, го повикува и го очистува оној што така Го гледа Бога, - и изгонување на бесовите, зашто со името на Исуса Христа бесовите биле изгонувани и прогонувани, - и вселување на Христа, зашто Христос се вселува во нас кога си спомнуваме за Него и тогаш нѐ исполнува со радост, како што вели пророкот: „Го спомнав Бога и се развеселив“ (Псал. 76, 3), - и извор на духовни разбирања и помисли, зашто во Христа „се сокриени сите сокровишта на премудроста и познавањето“ (Кол. 2, 3), и Он им ги дава на оние, во кои се вселува, - и подателка на божествено просветлување, затоа што „Христос е вистинскиот Бог и вистинска светлина“ (1. Јов. 5, 20), - и на оние што Го повикуваат им дава вистинска просвета и благодат, како што извикал пророкот: „И славата на нашиот Господ Бог нека биде со вас“ (Псал. 89, 17) и како што ветил Господ: „Кој врви по Мене, нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот“ (Јован 8, 12), - и кладенец на Божјата милост, зашто Господ е милостив и штедар кон сите што Го повикуваат (сп. Псал. 85, 5) и „Бог ли нема да ги заштити Своите избраници, што викаат кон Него дење и ноќе?“ (Лука 18, 7), - и откровение на Божјите тајни на смирените, како небесниот Отец што му ја открил вистината за Христа на апостолот Петар (сп. Матеј 16, 17), и како што постапил Павле кој „беше грабнат и однесен во рајот и дека чул неискажливи зборови“ (2. Кор. 12, 4), - и единствена спасителка, зашто „во никој друг нема спасение“ (Дела 4, 11), освен во Господа, кон Кого извикуваме, зашто „знаеме дека е Он Спасителот на светот, Христос“ (Јован 4, 42). Затоа и во последниот ден, сакал или не сакал, секој јазик ќе исповеда „дека Исус Христос е Господ, за слава на Бога Отецот“ (Филип. 2, 11). Зашто сите што веруваат во Господа Исуса Христа треба ова непрестајно да го исповедаат, и затоа што треба да ја исповедаат оваа вера и да ја посведочат својата љубов спрема нашиот Господ Исус Христос од која ништо и никогаш не треба да нѐ одвои, и заради благодатта од ова име, простувањето на гревовите, исцелението на душата, осветувањето, просветувањето и, пред сѐ за нашето спасение. Божествениот евангелист Јован говори: „Овие се напишани, за да поверувате дека Исус е Христос, Син Божји, и верувајќи да имате живот во Негото име“ (Јован 20, 31). Оваа вера! Ова спасение и овој живот!


4.    Оваа повикување секој благочестив верник секогаш да го прави, како молитва, и со својот ум и со својот јазик, и кога спие, и кога оди, и кога седи, и кога лежи на постела, и кога говори, и кога прави нешто, - секогаш да се принудува на ова, и ќе најде голем мир и безгранична радост, што добро го знаат од опит оние, кои се грижат да се молат вака. – Но, иако е ова тешко да биде исполнето со многу животни грижи, тогаш секој е должен да си определи извесно време; - само оваа молитва треба да биде правило и неизоставна обврска за сите; и за свештенослужителите, и за монасите и за мирјаните: монасите веќе имаат призвание, макар да се опфатени со грижи, да го исполнуваат ова послушание, секогаш да се принудуваат да ја извршуваат оваа молитва и непрестајно да Го повикуваат Господа, па макар и тогаш кога се мислите расеани и кога умот е запленет, и не се грижи за неа; треба со сите наши сили да се трудиме одново да ја придобиеме, да се вратиме кон неа и да му се радуваме на ова враќање. Свештенослужителите треба особено да се грижат да ја извршуваат оваа молитва, како и за проповедањето, богослужењето, и да ја пројавуваат својата љубов спрема Господа Исуса Христа; и мирјаните да ја пазат оваа молитва, како печат и белег на својата вера, како одбрана, посветување и одгонување и отстранување на искушенијата. Затоа сите, и свештенослужителите, и монасите, и мирјаните, штом ќе се разбудат наутро, пред сѐ друго, треба да си спомнат за Господа Исуса Христа и да мислат за Него; своите први мисли да Му ги принесат, како жртва Нему, зашто Он ги спасува, зашто името Негово го носат, во Него се облечени во своето крштение и во Него се запечатени во своето миропомазание, се причестуваат со Неговото тело и со Неговата крв и преку тоа стануваат Негови членови и Негов храм и Го имаат во себеси. За сето ова секој христијанин е должен да го љуби Господа Исуса Христа со сета своја душа и според оваа своја љубов секогаш да се труди да го спомнува Неговото име и да си спомнува за Него, а освен тоа, да има и определено време – да ја извршува оваа молитва според своите сили.

Извор: ДОБРОТОЉУБИЕ – Том - V

Подготви: Т.С.

28- ми јуни лето Господово 2017



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная