логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

troicnik.korica1.jpg
 

Толкување на Седмата Божја заповед:
Архимандрит Рафаил (Карелин)


 Светите Отци за блуд го сметале интересирањето за светот, кое води до заборавање на Бога, кога на човекот созданието му станува помило од Создателот. Светот е величенствена слика на Божјата слава. Во него душата може да најде отсјај на мудроста, моќта и убавината на неговиот Творец, да го возведува умот од разновидноста на созданието кон единствениот Почеток, да ја фали љубовта на Творецот Кој ни дарувал живот, нè извел од небитие како од некоја темна бездна, ни ветил вечно блаженство. Меѓутоа, може да биде и поинаку: човекот се заљубува во овој свет, “се зарива” во него со своите страсти како со пипци, се опива од светот, заборава на вечноста и е подготвен да му ја продаде својата душа на овој свет.

 Св. Апостол Павле пишува: “Не опивајте се со вино, во него има разврат” (Ефес. 5, 18). Виното на страста, екстазата, лажната мистика, опиеноста од моќта на човечкиот разум – сето тоа е душевен блуд. Срцето отпаѓа од Бога и се соединува со она што му е надворешно и туѓо.

 Ако Стариот Завет сурово казнувал за прељуба, Новиот Завет од нас исто така бара чистота на помислите и желбите. Гревот на блудот е многустран и разновиден. Желбата во срцето против која човекот не се бори, веќе претставува блуд. Блудот може да се открие во звукот на гласот: понекогаш човекот навидум зборува за чистота или дури за светост, но во самиот негов глас и здив се чувствува скриено сладострастие. Понекогаш двигот на главата или насмевката кај човекот служат како нем знак дека тој во внатрешноста на своето битие е подготвен на грев.

 За манифестација на блуд Светите Отци ја сметале и смеата и шегите. Смеата ја уништува, и како да ја проголтува човечката срамежливост, шегите наведуваат на дрскост, а дрскоста е, по зборовите на преподобниот ава Агатодор, “силен ветер кој пали, и од кој, кога ќе почне да дува, сите бегаат, и кој ги расипува сите плодови на дрвјата”, односно секое добро во душата.

 Од сите сетила најопасно е сетилото на допирот. Ако веќе самиот поглед ја пренесува веста која се претвора во некаков невидлив синџир кој ги врзува луѓето, допирот е почеток на телесниот пад. Страсниот допир во душата ја буди похотта – овој, по зборовите на Светите Отци, “домашен  демон” кој е неодделив од нас. Тој како да се буди и исползува од темното подземје на душата. По пат на допирот се пренесува одредена енергија на блудот, која потсетува на струја, кога една жица е споена со друга. Некои велат: “Не чувствував никаква духовна борба, не воочував во себе страсни мисли и ми се чини дека тука постои преувеличување. Можеби е ова излишно предупредување, предизвикано од некој невротичен страв. “Меѓутоа, се работи за тоа што нашата душа и нејзиниот живот – е тајна и за нас самите. Нашата свест е само врв на санта мраз, чиј поголем дел е скриен под водата и е непристапен за погледот. Светите Отци говорат за престојувалиштата на душата, кои се сместени, како спратови во кула, еден под друг. Современите психолози областа на душата која не може да се контролира ја нарекуваат потсвест. Таму, во длабочината на потсвеста оживуваат страстите. Меѓутоа, тоа човекот не може да го забележи, како што оној кој живее на повисокиот спрат не го забележува пожарот кој започнал од подрумот и постепено ја зафаќа целата куќа.

 На почетокот, за време на самата појава на страста, човекот може да ја доживее како чиста љубов или невина наслада. Чувствата го измамуваат, и се испоставува дека можноста за самоконтрола е практично парализирана. Обично човекот ја забележува опасноста на својата положба дури тогаш кога веќе станува заробеник на страста. Честопати, доживувајќи неочекуван пад, тој дури ни не сфаќа што се случило, поради што одненадеж се изменил, поради што се препуштил на искушението кое порано го мразел и презирал. А сето тоа се случило само поради тоа што тој незабележително кај себе собрал многу запаллива течност, која моментно пламнала од една искра. Тука зборуваме за падот како за краен случај, но и самиот допир и телесната нежност веќе го замрачуваат човековиот ум и од дното на неговата душа подигаат нешто матно како талог од дното на барата.

 Дали човекот може да го чувствува делувањето на страстите? Бестрасноста е состојба на совршенство, состојба која ја достигнале само малубројни и меѓу светителите; бестрасноста е чудо. Најчесто не ги чувствуваме страстите кога демонот нè мами, кога тој, по зборовите на преподобниот Јован Лествичник, се прави дека е мртов, како лисица која сака да ја фати невнимателната птица. Затоа Светите Отци ни оставија завет: не му верувај на своето тело се додека има здив во устите твои.

 Ниеден грев, освен гордоста, не го убива срцето толку како блудот. Молитвата е гулаб на чистотата кој не може себеси да си најде место во осквернетото срце. Ниеден грев не го турка подвижникот во таква тага која доведува до очајание, како што тоа го прави блудот. Паднатиот подвижник се чувствува дека е исполнет со нечистотија, сопствената душа му изгледа црна како да е прекриена со непробојна темнина. Воочено е дека од блудникот се шири некаква духовна смрдеа која потсетува на смрдеата на месото кое се распаѓа.

 Некои облици на уметност преставуваат овоплотување на еротиката и сексот изразени во ритмите на музиката и движењата, како на пример балетот (сега не зборуваме за современата авангардна уметност која личи на она што во старите времиња се нарекувало “срамен” грев). Читањето на романи (не се зборува за порнографијата, туку за класичната книжевност) го приморува човекот да ги доживува чувствата и страстите на ликовите од овие дела, а речиси во секое од нив телесната љубов го зазема главното место. Таа е како некоја оска околу која се врти целото дејствие. Светите Отци велат дека двоумењето и задржувањето на вниманието на гревовната помисла или претстава веќе ја спојува душата со неа и го осквернува срцето. Светите Отци го нарекувале ѓаволот сликар кој во човековиот ум слика примамливи слики, а сега кон оваа демонска работа врз човековата душа се зафатил телевизорот, како ѓаволот да се изморил, па за седум илјади години ì го предал на машината својот “програм”.

 Телевизорот ги претвори куќите најпрво во театри, а потоа во јавни куќи. Може некој да каже дека честопати на телевизијата се емитуваат и вести за научните достигнувања, се прикажуваат историски споменици, дека се запознаваме со светот на животните и растенијата, дека на телевизијата можат да говорат луѓе кои го повикуваат општеството на подобрување на моралот, односно дека на екранот постои мешавина на добро и зло, па секој нека го избере она што го сака. Но гревот живее во нашата душа, и нашата развратна волја го бара гревот како што сличното си бара себеси слично. Рибата, проголтувајќи ја јадицата, веќе не може да се избави од неа, така и човекот кој се развратил покрај телевизорот, веќе му припаѓа нему.

 Телевизорот е непријател кој се прикрал во куќата и кој треба да го исфрлиме со шутирање. Колку ли само грижа и немир им донесуваат на родителите болестите на нивните деца! Меѓутоа, малку кој се грижи за тоа што пред телевизорите децата ја развратуваат својата душа. И затоа оние коишто гледаат соблазнителни телевизиски емисии секојдневно ја нарушуваат заповедта не прави прељуба. Тие толку се навикнуваат на овој визуелен разврат што подоцна не можат ниту да замислат како без него (телевизорот) може да се живее. Христијанинот кој од телевизорот направил своја “икона”, истовремено се поклонува на два бога, и на Христа и на Венера.

 Иако за христијаните кои постојано се осквернуваат со “телеблудот” вратите на храмот не се затворени (тие можат да се молат, им се дозволува да учествуваат во Светите Тајни), тие се лишени од она главното - богозаедничарењето. Дури откако искрено ќе се покајат и по истекот на долго време нивното срце може постепено да се исчисти.

 Меѓутоа, постои уште подлабока морална бездна чиј што крај е таму каде што е дното на блудот: тоа е развратот, за тоа нè известила Библијата - со јазикот на огнот кој ги изгорел Содом и Гомор (1 Мојс. 19, 24-25).

 Што треба човекот да прави за да се бори против оваа страст? Пред сè, да нема доверба во себеси, да ги избегнува сите поводи и причини за искушението, да го пази своето срце од гревовни впечатоци и да ја кажува постојано Исусовата молитва: “Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот!”. Исусовата молитва и сеќавањето на смртта не само што ја штитат душата од гревовни желби, туку ја чистат и меморијата, како од траги и дамки, од сеќавањата на поранешните падови во грев.


 Зошто е сексот погубен?

 Тој го лишува човекот од богоопштењето, значи, и од Царството Божјо, кое, по зборовите на Спасителот, е внатре во нас (Лк. 17, 21). Заповедите Божји претставуваат морални догми. Заветот е сојуз кој е склучен помеѓу Бога и човечката душа. Бог му ги ветил на човекот Својата љубов и вечниот живот.; Он ја ветува онаа Божествена сила која се нарекува благодат; Он ветува воскресение на душата и духовна радост на земјата, почеток на богоопштењето, со посредство на кое човечката душа задобива удел во Божествениот живот и Божествените совршенства; Он ни ветува што око не видело, и уво не чуло, ниту на човекот на ум му дошло (1 Кор. 2, 9), односно полнота на радоста во оние чувства и состојби кои човекот никогаш не ги искусил. Заповедите се услов за постоењето на сојузот. Сликовито говорејќи, на нив, како на оска, човекот треба да го наниже својот живот, своите мисли, зборови и постапки.

 Заповедите се нарескинливо врзани, како алки во еден синџир: се кине една алка и се распаѓа целиот синџир. Во Стариот Завет дадена е заповедта да не се прави прељуба, Во Новиот Завет Господ бара целомудреност не само во постапките, туку и во мислите: оној кој гледа со желба веќе прави прељуба (Мат. 5, 28). Во заповедите на блаженствата Господ вели: Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога (Мат. 5, 8). Значи, задолжителен услов за богоопштење е чистота на срцето. Луѓето со нечисто срце нема да можат да Го видат Бога, не визуелно, туку преку особено чувство на срцето просветено со благодат. Да се види Бог значи да се има во својата душа Божествена светлина. Светите Отци ја сметале борбата со блудот за една од најтешките и најопасни борби за човекот, тие блудот го нарекувале парализа на духот. Кај преподобен Јован Лествичник може да се најде тврдењето дека блудот е најтежок грев по убиството. Човекот кој им се препуштил на други страсти згрешил, а оној кој извршил блуд паднал, односно демонот го дотепал до крај и тој беспомошно лежи на земјата. Потребни се многу години на покајание за блудникот во потполност да добие не само опростување, туку и благодат која е загубена преку гревот.

 Светите Отци нè учат да ги контролираме видот, слухот и своите останати сетила, за преку нив во душата да не влегува никаква нечистотија, особено блудна нечистотија, во спротивно нашите пет сетила стануваат, како што пишува св. Симеон Нов Богослов, пет прозорци на смртта. Дури и ако блудникот оди во црква, пред да се покае и да го поправи животот, внатрешниот и таинствен живот на Црквата останува за него затворен - така слепиот, стоејќи на сонце, не може да ја види светлината. Дури со покајанието почнува враќањето на блудникот во живот, но потребно е, како што веќе беше кажано, да помине многу време за срцето да се исчисти од гнојта и нечистотијата на овој одвратен грев.

 Во Апокалипсата светиот апостол и евангелист Јован Богослов сведочи за тоа дека блудниците и прељубодејците, исто како и убијците и гатачите, нема да влезат во Небесниот Ерусалим (Откр. 21, 8). И светиот апостол Павле пишува: Не лажете се, блудниците нема да го наследат Царството Божјо (1 Кор. 6, 9). Притоа, во истиот ред со блудниците ги става и оние кои се занимаваат со вештачко возбудување на своето тело (со ракоблуд). Во суштина, овој грев се препорачува во речиси сите упатства за употреба на контрацептивните средства и за таканареченото “планирање на семејството”.

 Што се однесува до противприродните гревови, св. апостол Павле смета дека за нив е срамно дури и да се зборува (Ефес. 5, 12).
 Значи, мораме да кажеме директно и отворено: сексот во сите свои манифестации го лишува човекот од вечниот живот и од Бога. Ќе ни речат: “Денес на сексот поинаку се гледа.” Да, во тоа се состои и една од причините за внатрешното одрекување на христијаните од Христа. Затоа и христијанските религии денес постанаа “пост-христијански”. Поради тоа катастрофално се намалува внатрешниот двор на Црквата, односно бројот на оние чии што срца навистина се наоѓаат во полето на светлината на благодатта. Сексот ја уништува човечката личност, тој ја ослабнува човековата волја, го прави роб на страстите, сличен на кораб на отворено море за време на бура, кој ја загубил контролата и сецело се нашол во власта на брановите. Сексот го разорува човечкиот морал. За христијанинот моралот е пред сè состојба на душата. А за современиот човек тој се сведува на одредена норма на заедничко живеење. Поради тоа современиот човек е дводушен, за него да се биде морален значи да се изгледа морално.

 Последица на сексот не е раѓање, туку убивање на деца. Поради тоа сексот по својата природа е неприроден и суров. Сексот ја уништува почитта на луѓето едни кон други и кон самите себе. Сексот и развратот го унижуваат човековиот живот до задоволување на мрачните инстинкти кои живеат некаде на дното на потсвеста, притоа вештачки деформирани. Човекот се навикнува да гледа на себеси, на другите и на самиот живот бесрамно и цинично. Ако човекот е само парче животинско месо, каде е местото за верноста и вистината, на кого треба да му се биде верен, пред кој треба да се зборува вистината и кому му е таа воопшто и потребна? Затоа во нашево време лагата и лицемерието стануваат универзален принцип на општење.

 Сексот чии пропагатори и заштитници во значителна мерка се книжевноста и уметноста создадени во последните два века, човековиот живот го прават всушност бесмислен, сив и досаден. Ако човекот го совлада теророт на јавното мислење и масовната “хипноза”, искрено говорејќи, ќе мора да признае дека во сексот кој се култивира, кој се прикажува речиси на сите телевизиски канали и кој се впил како нечистотија во човечкиот живот, нема ништо благородно и радосно, туку напротив има толку многу понижувачко и вулгарно! Тука доаѓа до исклучување на свеста, исто како за време на употреба на дрога и алкохол, а потоа човекот доживува период на внатрешна опустошеност и одвратност кон себеси. И тука, исто како кај алкохоличарите, се појавува зависност од отровот на овој грев и доаѓа до постепена деградација на личноста на духовно и душевно, па дури и на телесно ниво.

 Постои уште еден, мистичен аспект на сексот и развратот. Првото Божјо ветување на нашите прародители беа зборовите: “Семето на жената ќе ја уништи главата на змијата.” (Битие 3, 15). Обредот на обрезание во Стариот Завет имал символичко значење – посветувањето на потомството на Бога. Во Новиот Завет сопружништвото е подигнато на степен на Света Тајна. Развратот и сексот се посветување на семето на ѓаволот и тоа не е проста слика или символика. Сексот и развратот се атрибути на црната магија, со гревот на развратот се завршуваат празниците на сатанистичките секти. Демоните се собираат на смрдеата на блудот, како гаврани кои слетуваат на трупот. Затоа сексот и развратот се сила која го демонизира светот, тоа е онаа страшна опасност на која сме заборавиле или пред која намерно се затвораат очите за да не се види нејзиниот вистински, одвратен образ.
 Првиот потоп ја претвори земјата во океан. Последниот ќе ја спали и истовремено ќе ја обнови во оган. Меѓутоа, во нашево време е присутен потопот на нечистотијата, во која не тонат човечки тела туку души (2 Петар 3, 10-13).

Превод: Братство на ман. Св. Гаврил Лесновски

 

Посети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная