логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


- Мала Америчка Света Гора

Dragi.sv.Iron.jpg

Слетавме во Финекс и за неколку минути пристигна автомобилот што претходно го бевме резервирале да не однесе до Флоренс. Возачот не запраша дали претходно сме биле во Манастирот, а после нашиот негативен одговор, со восхит изјави: „Прекрасно е тоа место! Толку е убаво! Ќе видите и сами кога ќе пристигнеме.“ Којзнае колку пати носел поклоници до Манастирот. Луѓе од сите страни секојдневно пристигнуваат во посета на ова свето место, а голем број од нив ги користат превозните услуги на овие „шатли“ кои тесно соработуваат со Манастирот.

Патувавме околу час и половина, гледајќи ги многубројните кактуси во разни форми и големини распространети по сувата земја од двете страни на патот.

 Dragi.sv.Iron.jpg

Возачот ни кажуваше за ретките дождови во овие предели и високите летни температури. Тој ден беше навистина многу жешко – околу 40 целзиусови степени (наредните денови и уште пожешко!). Кога почнавме да наближуваме до Манастирот, возачот љубезно ни напомена дека во Манастирот задолжително треба да носиме долги ракави, а жените, секако, шамии. Ние тоа претходно го знаевме, па брзо се подготвивме. (Во овој прекрасен Манастир постојат строго утврдени правила кои секој е должен да ги почитува. Кога станува збор за облеката, мажите мора да носат долги ракави и пантолони, а жените – комотни блузи со долги ракави, задолжително на главите шамии, долги, широки сукњи кои целосно ги покриваат нозете, а доколку носат сандали, мора задолжително да носат непрозирни чорапи. Ова правило важи не само кога луѓето се наоѓаат во Храмот, но и во Манастирските дворови и на целиот Манастирски имот.)

...И  додека размислував какво ќе биде духовното искуство што ни претстои, одеднаш го слушнав гласот на возачот – „Еве пристигнуваме до Манастирот!“ Наближивме до Манастирските порти, и веднаш ми стана јасно зошто секој што бил овде го опишува ова свето место како „оаза на сред пустина".

 Dragi.sv.Iron.jpg

Dragi.sv.Iron.jpg

 Следејќи го знакот поставен при самиот влез во Манастирот, се упативме кон Манастирската книжара каде што не пречека висок, скромен и тивок монах и не запраша за нашиот престој. Бидејќи претходно се бевме најавиле, тој се сети за нас и најљубезно не послужи со манастирски локум (беше пост, среда) и свежа, судена вода. Потоа не поведе кон гостинските куќи каде што требаше да престојуваме, понудувајќи се да го носи мојот куфер, за што јас, секако, не се согласив.
По патот ни ги кажуваше основните манастирски правила за посетителите и со љубезност одговараше на сите прашања што ги имавме.

Dragi.sv.Iron.jpg

Нешто што ми остави преголем впечаток и морам посебно да го потенцирам е неизмерната кротост и љубезност на монасите. За нив воопшто не беше важно дали е некој Грк или Русин или Романец или Македонец! Таму сите бевме ЕДНО. Сите не спојуваше љубовта кон Бога и НАШЕТО СВЕТО ПРАВОСЛАВИЕ.  Не можам да опишам колку Му благодарев на нашиот Бог што ме удостои да ја почувствувам таа света соборност, тоа свето братољубие! „Колку е убаво и колку е мило кога браќата живеат заедно! ...Зашто таму Господ дал благослов и живот вечен.“ (псалм 132: 1, 3) Да, на ова свето место навистина силно се чувствуваше Господовиот благослов!

 

Dragi.sv.Iron.jpg

Друго нешто што многу ме воодушеви беше беспрекорниот ред и организираност во се – посебно за време на Богослужбите во светите Храмови. Верниците (вклучувајќи ги многубројните дечиња!) тивко и молитвено ги следеа светите Богослужби и во совршен ред, без никаков разговор и турканици пристапуваа да се поклонат на светите икони тогаш кога беше одредено да се целиваат иконите – обично пред самиот крај на Богослужбите.

Dragi.sv.Iron.jpg

Храмовите (а и целиот Манастирски имот) блескаа од чистота и уредност.

Dragi.sv.Iron.jpg

 Dragi.sv.Iron.jpg

Кога пристапувавме за оброк во Трпезаријата, не пречекуваше монах, кој тивко, речиси без никакво зборување а претежно со гестови ни покажуваше каде треба да седнеме. Монасите имаа посебни маси, а мажите и жените исто така седеа одвоено. За време на јадењето, се читаа житија на Светии и не беше позволено меѓусебно разговарање. На излегување од трпезаријата, сите по ред, најпрво монасите, потоа мажите, па жените, бевме благословувани од старец Паисиј (вториот старец на овој свет Манастир, достоен и верен помошник на старец Ефрем) кој стоеше при излезната врата со подигната рака, молејќи се и благословувајќи го секого од нас.

Секако дека ќе биде голем пропуст ако не спомнам дека многу ме воодушеви убавината на манастирскиот имот – прекрасен спој на Божјата дарежливост и естетското чувство на човекот. Наместо зборови кои сигурно нема да можат достојно да опишат се, ќе оставам сликите да зборуваат сами.

Dragi.sv.Iron.jpg

Dragi.sv.Iron.jpg

Dragi.sv.Iron.jpg

Dragi.sv.Iron.jpg

Dragi.sv.Iron.jpg

Dragi.sv.Iron.jpg

Dragi.sv.Iron.jpg

Dragi.sv.Iron.jpg

Dragi.sv.Iron.jpg

Се разбира, најубавите украси на ова свето место се Храмовите. Главната Црква на Манастирот е посветена на Св. Антониј Велики и Св.Нектариј Егински.

Dragi.sv.Iron.jpg

Dragi.sv.Iron.jpg

Dragi.sv.Iron.jpg

Во Олтарот на овој прекрасен Храм се чуваат свети мошти кои понекогаш се изнесуваат на поклонение за верниците. За време на мојот престој (верувам дека беше по саботната Вечерна Богослужба), за целивање беа изнесени честици од моштите на Св.Нектариј Егински, Св.Димитрије Солунски, Св. Серафим Саровски, Св.Матрона, збир на моштите од неколку Руски новомаченици, како и парче од Светиот и Пречесен Господов Крст.

На Манастирскиот имот се скрасени уште неколку мали Црквички, посветени на значајни имиња од нашето свето Православие: Свети Архангел Михаил, Свети Димитрија Солунски, Свети Георгиј Победоносец, Свети Николај Мир-ликијски чудотворец, Свети Пантелејмон и Свети Илија.


Црква Св.Архангел Михаил

Dragi.sv.Iron.jpg

Црква Св.Илија
Оваа Црква се наоѓа на еден рид, кој е на малку поголема оддалеченост од Манастирот и каде што овој пат не успеавме да отидеме.

Dragi.sv.Iron.jpg

Црква Св.Никола

 Во оваа Црква секојдневно се служи Света Литургија во 2 часот по полноќ, за разлика од главната Манастирска Црква каде прво се служи Полуноќница, па Утрена, а потоа Литургија, па Богослужбите почнуваат околу 1 часот по полноќ а завршуваат околу 4 часот. Така, секое утро во 2 часот, додека сеуште во главниот Храм траеше Утрената Богослужба, двајца од монасите следени од толпа луѓе, претежно родители со дечиња, излегуваа од Храмот и се упатуваа кон блиската Црквичка на Св.Никола на Света Литургија. Едно утро и јас отидов со нив, сакајќи да присуствувам на служба и во храмот на Св.Никола. Беше прекрасно! На певницата, потпомагани од еден од монасите, скоро целата Литургија ја пееа две дечиња – не повозрасни од 12 години!

Dragi.sv.Iron.jpg

Dragi.sv.Iron.jpg

Црквичка посветена на Свети Серафим Саровски

Dragi.sv.Iron.jpg

Оваа Црквичка е во непосреден допир со природата. Има отворен влез и се наоѓа на сред прекрасните манастирски градини. Изградена е во Руски стил и е лесно пристапна за секој кој сака да отиде во неа и да се помоли. Една група млади луѓе, итајќи кон неа со ноти во рацете, го искористија ова прекрасно место пеејќи да Му оддадат слава на Бога!

Црква Св.Димитрија Солунски

Dragi.sv.Iron.jpg

Dragi.sv.Iron.jpg

Црква Св.Ѓорги Победоносец

Dragi.sv.Iron.jpg

Dragi.sv.Iron.jpg

Dragi.sv.Iron.jpg

Црквичка Свети Пантелејмон

Dragi.sv.Iron.jpg

Оваа Црквичка се наоѓа веднаш до живеалиштето на старец Ефрем Филотејски - основачот на овој свет Манастир . Разбрав дека понекогаш тој и служел во неа.

Dragi.sv.Iron.jpg

Во Црквата Св.Пантелејмон, само во одредено време на денот (од два до три часот попладне) верниците можат да отидат и да се поклонат на чесните мошти од Св.Пантелејмон и Св.Јосиф Исихаст – високоценетиот учител на старец Ефрем.

Dragi.sv.Iron.jpg

Dragi.sv.Iron.jpg

Многу се радувам што Бог ме удостои на неколку пати да земам благослов од светиот старец Ефрем! Ова беше возможно на почетокот на секоја рана утринска Богослужба, која започнуваше во 1:15 по полноќ со Полуноќница, а продолжуваше со Утрената Богослужба и Божествената Литургија се до 4 часот наутро. Прекрасни беа овие Богослужби! Секоја вечер Храмот беше полн. Посебно беше задоволство да се гледаат голем број дечиња кои присуствуваа од почетокот па до самиот крај!

Dragi.sv.Iron.jpg

Најмалите често не издржуваа будни до крајот на службата и интересно беше да се видат како заспале на подот покрај нозете на своите мајки како мали јагненца. Но, некои успеваа и да останат будни! Се сеќавам, едно утро, откако заврши Литургијата околу 4 часот, отидовме сите на поручек, а наспроти мене седнаа две дечиња, братчиња. Повозрасниот ни кажа дека има 8 години, а кога го запрашавме за возраста на помалото братче, тој ни рече – прашајте го, ќе ви каже. Братчето кое очигледно беше на многу мала возраст, срамежливо и уморно рече нешто на Романски, а брат му се насмевна и ни преведе: „Вели: незнам, сега само знам дека многу ми се спие!“ Инаку, овој мал верник имал само три години!

Морам да истакнам дека сите Богослужби изобилуваа со божествена убавина и предизвикуваа некое посебно чувство на молитвеност.

Dragi.sv.Iron.jpg

Се служеше секојдневно по овој редослед: рано наутро, како што претходно спомнав, од 1:15 до 4 (во Недели до 5:30) Полуноќница, Утрена и Литургија; во 3:30 до 4:30 – деветти час и Вечерна, а во 5 часот – Мало Повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. Пеењето беше тивко и смерно, а воедно необично убаво и молитвено. Посебна молитвеност побудуваше „Тебе поем“ што на секоја Литургија се пееше само од еден монах, дури и без исон. Неописливо е каква духовност се чувствуваше тогаш – сите на колена, многумина со солзи и плач Му ги принесуваа своите молитви на Бога баш преку тој еден, тивок, а на еден духовен начин необично силен глас. Пресвети беа и моментите на Светата Причест, кога сред ноќната тишина, во храмот осветлен само од пламенот на свеќите, верниците во потполна тишина, со стравопочит пристапуваа да се соединат со Пресветото Тело и Пречесната Крв на нашиот Господ Исус Христос. Навистина, во овие мигови човек лесно можеше да заборави на се земно и да почувствува како да се наоѓа во еден посебен свет, свет божествен и прекрасен! Всушност, јас за сето време додека престојував во Манастирот  чувствував како да се наоѓам во тој посебен, неовоземен свет. Многу нешта придонесуваа за тоа: рајската убавина на природата, монасите кои постојано ја шепотеа Исусовата молитва и зрачеа со Христијанска љубов, посетителите од различна национална припадност – Руси, Романци, Срби, Грци, Американци (меѓу нив и неколку Црнци) итн. кои постојано со бројаници во рацете ги среќавав во Манастирските дворови и на Светите Богослужби, дечињата кои со радост итаа во Господовите Храмови, некои од нив постојано молејќи се на бројаници, иако не повозрасни од 10 години (!), скромната, пристојна облека на сите присутни, совршениот ред воспоставен во Манастирот... Навистина, еден прекрасен духовен свет, кого јас си го нареков „Мала Америчка Света Гора“.

Dragi.sv.Iron.jpg

А како круна на ова прекрасно духовно искуство, баш на последниот ден од нашиот престој, неделата наутро, веднаш по светата Литургија, на средината на Храмот свечено беше поставена чудотворната икона на Пресвета Богородица „Омекнување на зли срца“донесена од Русија во посета на избрани Цркви и Манастири на Американскиот континент. Премногу се радував што по Божја промисла се најдов на вистинското место во вистинското време!

Dragi.sv.Iron.jpg

И повторно нешто што уште повеќе го издигна мојот ум над светските работи – иконата МИРОТОЧЕШЕ во светиот Храм пред очите на сите присутни. Јас знам дека постојат многу икони кои се мироточиви и тоа секогаш ме воодушевувало, но гледајќи со свои очи како капки миро со неописливо убава миризба излегуваат од ликот на Божјата Мајка, навистина не можев да престанам да Му благодарам на Бога и на Неговата света Мајка што ме удостоија да видам едно вакво вистинско чудо и да ја почувствувам ваквата преголема Божја милост кон нас луѓето! Верувам дека светоста на овој прекрасен Манастир и постојаните молитви на монасите многу придонесаа за Божјото благоволение иконата да мироточи токму тогаш и токму на ова свето место! Иконата беше во Храмот долго време и многупати имавме можност да се поклониме и да се помолиме пред неа. Во еден миг, кога свратив во Храмот, речиси немаше никој, па можев слободно и без брзање да И се помолам на Божјата Мајка. Монасите ни делеа икончиња, кои ги допревме до оригиналната мироточива икона, и кои долго потоа мирисаа на миро. Баш пред да заминеме, беше отслужен и Молебен Канон кон Пресвета Богородица, при што сите бевме помазани со миро што монасите го беа собрале од иконата во шишенце, а ни дадоа и натопени во мирото памбучиња да си понесеме за дома. Навистина, преголеми духовни дарови!


Пред заминување уште еднаш свративме во Манастирската книжара каде што купивме многу прекрасни работи за нас, како и поклони за нашите пријатели. Меѓу другото, секако дека не пропуштивме да понесеме  со нас и неколку теглиња манастирски џем од кактус! Монасите љубезно не испратија, дарувајќи ни неколку икончиња и изработени од Манастирот големи ѕидни календари, а еден од нив специјално ни поклони календар во кој Празниците се одбележани според Јулианскиот Календар, зашто нашата Македонска Црква се раководи по него!

Dragi.sv.Iron.jpg

... Повторно точно навреме пристигна нашиот превоз, иако овој пат се надевав дека можеби ќе задоцнат малку, барем некои десетина минути, оставајќи ми уште малку време да и се насладувам на оваа божествена убавина. Заминувавме, а јас не ги одвојував очите од прекрасниот Манастир се додека тоа беше возможно.

Dragi.sv.Iron.jpg

А и долго после тоа, во мислите сеуште ги гледав прекрасните градини, скромните, полни со љубезност монаси, побожните верници, дечињата со бројаници во рацете, прекрасните Храмови... Во мене сеуште одѕвонуваше молитвеното пеење на Молебниот Канон: „Пресвета Богородице спаси не...“ Сеуште го чувствував неовоземниот, прекрасен мирис на мирото што се точеше од иконата на Божјата Мајка... Тешко беше да се замени овој свет со оној во кој се враќав... А зошто е тоа така? Зошто овој наш свет е толку различен? Нели СИТЕ, а не само монасите, сме повикани да живееме свето?  Нели СИТЕ сме примиле заповед да се молиме постојано?  Нели светиот апостол Павле, поттикнат од Светиот Дух не советува СИТЕ да се поучуваме со псалми и духовни песни, а не да се опиваме и да се предаваме на срамни гоштавки и собири?  Нели Бог рекол „оставете ги децата да доаѓаат при Мене и не пречете им зашто на такви е Царството Божјо“?  Нели светиот Петар во своите посланија не поучува да се облекуваме скромно и да се украсуваме со добродетелен и Богоугоден живот а не со дотерувања и скапоцени накити?  Нели „Бог е Бог на мирот, а не на безредието“ насекаде каде што Он царува, а не само по Манастирите?  Тогаш, имаме ли некакво оправдание за овој наш пад? Имаме ли оправдание кога ќе речеме:„Па ние не сме монаси за да живееме така?“ Имаме ли оправдание кога „ги штедиме“ дечињата (или себе си!) да не се мачат да одат рано на Богослужби? Навистина треба да се запрашаме. Сме станале робови на телевизијата, компјутерите, на модата и светските трендови. Го применуваме „современиот“ начин на изразување „декориран“ со пцовки и неприлични шеги, сосема негирајќи ги бесценетите поуки на Господовиот Апостол.  „Смешно“ и „чудно“ е да се биде „премногу побожен“. Сметаме дека е неопходно да ги жртвуваме вистинските вредности како застарени за да би можеле лесно да се вклопиме во овој нов, модерен начин на живот. За да припаѓаме. А каде ли сакаме да припаѓаме? Каде е нашиот вистински свет?...

Dragi.sv.Iron.jpg

Dragi.sv.Iron.jpg

...Овие размислувања ме потсетија на премудрите зборови на Свети Јован Златоуст: „Често се молев да згасне потребата од Манастирите, па и во градовите да настане таков добар поредок што никогаш никому не би му било потребно да бега во пустина...“

Dragi.sv.Iron.jpg

Но, додека тоа не се исполни, да Му благодариме на Бога што ни ги оставил овие прекрасни извори на духовна благодат, овие прекрасни духовни оази во суровата светска пустина, и поправајќи го нашиот живот, да ја отфрлиме светската суета и неуморно да се стремиме кон светоста за која веќе немаме изговор дека е задолжителна само за монасите.

                                                                                                                                    С.Л.
 


Колос. 3,12; Тит: 2, 11-12
  1 Солун. 5, 17
  Колос. 5, 3,4;  Рим. 13, 13
  Марко 10,14
  1. Петр. 3, 3,4.
  1 Коринт. 14,13
  Ефес. 5, 3,4.

ЏОРДАНВИЛ (Њујорк) - ПАРЧЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА (2) 

ЏОРДАНВИЛ (Њујорк) - ПАРЧЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА (3) 

ЏОРДАНВИЛ (Њујорк) - ПАРЧЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА (4) 

ЏОРДАНВИЛ (Њујорк) - ПАРЧЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА (5) 

ЏОРДАНВИЛ (Њујорк) - ПАРЧЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА (6) 

ЏОРДАНВИЛ (Њујорк) - ПАРЧЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА (7) 

ЏОРДАНВИЛ (Њујорк) - ПАРЧЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА (8) 

  ЏОРДАНВИЛ (Њујорк) - ПАРЧЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА (9)

 

Подготви: Славица Лазаревска

Покрај редовните работни обврски, ангажманот во МПЦ Св. Петка- Чикаго, посветено работи и  како раководител на детскиот  Руски црковен  хор, учејќи ги децата да Му пеат на Бога.

MPC "Sv. Paraskeva - Petka"
2056 N Kedzie Ave
Chicago, IL 60647
www.mpc-svpetka.com

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7614
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная