Нови откритија во Трескавец
Манастирскиот комплекс Трескавец датирал од вториот век п.н.е до 19 век во вкупно 17 етапи, потврдија истражувањата на овој локалитет што и спроведе екипа на прилепскиот завод и музе, предводена од д-р Бранислав Ристески.
Со овие нови наводи, со акцент на 13 и 14 век, се внесуваат нови димензии на значењето на манастирскиот комплекс Трескавец, како значајно археолошко и културно место на Балканот.
При ископувањето во три сегменти откриена е населба и гробишта со 80 гробни места, градежни слоеви со предмети за секојдневно живеење.
Особено се значајни гробовите исклесани во карпите во кои биле погребувани заслужни граѓани. Археолошките истражувања се дел од проектот за реконструкција на манастирот за кој се издвоени 15 милиони денари.
Извор: http://10bez10.com/vesti/opshtina/18-vesti/opshtina/2845-novi-otkritija-vo-treskavec
30.07.2014 гкод.