Си била еднаш една девојка која самата себеси се мразела затоа што била слепа.Таа го мразела секој, освен својот сакан дечко. Тој секогаш бил покрај неа за да и помогне. Таа во една пригога му рекла: "Кога само би можела да го видам светот, би се омажила за тебе".
Еден ден и донирал чифт очи. Кога таа ги отстранила завоите и можела да ги види сите, вклучувајќи го и својот дечко тој ја прашал:"Сега, кога го гледаш светот дали ќе се омажиш за мене? "
Таа го погледнала и воочила дека е слеп. Призорот на неговите затворени очни капаци ја шокирал. Не го очекувала тоа. Самата помислила дека мора да ги гледа целиот свој живот, ја натерала да одбие да се омажи за него.
Нејзиниот дечко си заминал со солзи и неколку дена потоа и го напишал ова писмо:"Добро, чувај ги своите очи, драга моја, затоа што пред да станат твои, тоа беа моите очи. Со нив по цел ден радосно ја гледав твојата убавина."
* * *
Ете како човечкиот мозот најчесто функционира во такви ситуации. Многу ретко луѓето се сеќаваат каков бил животот порано, кој, на пример, бил покрај нас да ни помага кога сме биле во најтешки ситуации.
Животот е подарок. И денес, пред да кажеш нешто - сети се на оние кои не можат да зборуваат.
Пред да почнеш да се жалиш на вкусот на храната - помисли на милиони луѓе кои немаат што да јадат.
Пред да се пожалиш на својот дечко или девојка - помисли на оние кои го молат Господ да им ја најде саканата личност.
И денес, пред да се пожалиш на животот- помисли на оние кои прерано умреле.
Пред да почнеш да се расправаш со оние кои не извршиле некоја од своите обврски - сети се на оние кои живеат на улица.
Пред да почнеш да се жалиш на должината на патот кој мразиш да го поминеш возејќи - сети се на оние кој истата таа оддалеченост треба да ја поминат пеш.
И пред да помислиш да впериш прст во некого и почнеш да го осудуваш, сети се дека никој од нас на светот не е безгрешен.
Сети се и не заборавај!!!
Текст, посветен на добронамерните, разумните по срце...
Подготви Стојанче Андов