логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Pimen.Sl.pechat

Интервју со отец Пимен, митрополит европски: Омразата е плод на себељубието што секој од нас го носи во себе

Откако стана епископ на Црквата и замина по белиот европски свет да ги собере сите Македонци, кои покрај куферите со себе ја понеле и верата во Христа Бога, за заедно да се молат на Бога во наши храмови и да Му благодарат на Христа Бога за сето тоа, отец Пимен повторно и повторно го бара и го сонува параклисот, и така секоја година.

Излезе од печат новата книга на отец Пимен, насловена „Пост и параклис“, пишувана за време на Великиот пост, во форма на дневник. Замислуваат неговите лични размислувања, внатрешните борби, зборовите освојуваат и со топлина и отвореност налик на испружени дланки на близок човек што одамна го познава читателот. Ништо несвојствено за отецот на народот, Пимен, митрополитот европски, со кого разговараме за постот, параклисот, верата, омразата и љубовта. И пак, и повторно, за љубовта и раѓањето, за Бога.

Pimen.Sl.pechat1
Фото: Приватна архива


Неодамна ја промовиравте Вашата книга „Пост и параклис“. Значењето на постот на многумина им е блиско, но што, на неколку нивоа, значеше за Вас параклисот?

– Велигденскиот пост е време од годината што го одвојувам за себе, за оддалечување од светот, за враќањето на оние почетни денови од монашкиот подвиг, за потсетување дека како монаси умираме за светот за така да се родиме за Бога…

Враќање кон оние денови кога имаш толку едноставно послушание да се трудиш да исполниш сè она што твојот духовен отец ти го кажал. А не се бара многу, да се смириш пред браќата, да ја поставиш и да ја кренеш трпезата или да готвиш за сите нив или да ги измиеш чиниите и сето тоа со љубов и радост да го направиш без роптање, но и да се молиш за нив, за оние што си ги оставил во светот, да се молиш дури и за непријателите. Многу мал простор ти треба за тоа. Мала монашка ќелија и мал темен и тивок параклис. Спротивно од цела големина и раскош на светот.

И така секоја година, откако станав епископ на Црквата и заминав по белиот европски свет да ги соберам сите Македонци, кои покрај куферите со себе ја понеле и верата во Христа Бога, за заедно да се молиме на Бога во наши храмови и да Му благодариме на Христа Бога за сето тоа, повторно и повторно го барам и го сонувам параклисот.

И нема црква што не ми е убава, која не ми е мила, особено оние што во мое време се изградиле и се градат, зашто многу тули и камења и бои поминале низ мои раце додека се градело, се цртало, но штом се спомне почетокот на Великиот велигденски пост, јас веќе се замислувам во малиот параклис посветен на отците од пустината свети Антониј, свети Пимен и свети Арсениј во манастирот „Св. Ѓорѓиј“ во Ново Село.

Едноставно, тој параклис го знам уште кога беше идеја за градба во нашите глави, кога се градеше, кога се правеше распоред на фреските, кога се фрескописаше, а и денес како комплетно завршен.

Во тие великопосни денови, најискрените солзи, најсрдечните молитви за себе, за браќата, за ближните, за светот… се тука. Во таа мала црквичка скриена во крајниот дел на монашкиот конак, која нит дава можност да ти залута погледот негде надвор низ малите транзени, нит, па, самиот параклис паѓа во очи на случајни минувачи што поминуваат во близина на манастирот.

И, ете ме таму, негде во тој ќош на светот мене и цела моја љубов и радост. Оттука и таа љубов кон параклисот што сакам да ја покажам на секој оној што сака да го прочита моето писание.

Pimen.Sl.pechat2
Фото: Приватна архива


Пред нас се божиќните пости, ретко кој може да се осами и да му се посвети целосно на постот, не сведувајќи го само на консумирање одредена храна и насочувајќи го умот кон убава мисла. А и продавниците ќе се наполнат со „посна храна“, од мајонези до буреци, додека нервозни ситуации сепак ќе нè демнат од секој агол. Како треба да изгледа во вакво опкружување барем обидот за пост?

– Е, да, постот веќе е на врата. Потрошувачкото општество веќе ги научило сите финти со алтернативна посна храна што од една страна ни го олеснува постот со проширениот посен асортиман, но од друга страна до толку се релативизира постот што едноставно се губи самата негова смисла и суштина. Повеќе време денешниот човек што се обидува да пости, ќе потроши во читање декларации на производите по рафтовите, отколку што ќе посвети време на кажување молитва.

И џабе ни е телесниот пост, ако на духовниот не посветиме доволно внимание. Кога се исправаме пред оние нервозни ситуации што нè демнат на секој агол, како што рековте, нема сила за справување со нив да ни даде празниот стомак, туку силата треба да произлезе од духовната компонента на постот. Не е постот диета, туку уморување на страстите преку воздржанието од храна и контрола над телото. Колку слабее телото, толку е духот пободар.

А секој човек може да најде барем малку време во денот за неколку молитви на бројаница. Кога чекори кон работа, кон дома, кога вози, па дури и кога мие чинии. Не мора цел ден да се мине со слушалки на уши живеејќи во некој поубав виртуелен свет полн со музика. Послушајте си го понекогаш и сопствениот глас кога преку Исусовата молитва му се моли на Бога. Тогаш нема да ви се израдуваат само ушите, ами и вашите срца ќе ја почувствуваат топлината од молитвата. Ќе видите дека и овој свет може да биде мил, тивок и убав. Тогаш ќе дознаете што е суштината на постот и обидот за пост ќе стане редовно практикување на постот.

Pimen.Sl.pechat3
Фото: Приватна архива


Омразата на луѓето еден кон друг неизмерно порасна, што може да ја задоволи оваа омраза, и како да не ѝ подлегнеме?

– Не знам искрено дали омразата во светот пораснала или само се зголемил обемот на информации што стигаат до нас по разни медиуми, па тоа ни изгледа како порасната омраза. За жал, првиот пример за завист и омраза го среќаваме кај Адамовите синови Каин и Авел. И оттогаш не застанала пизмата. Низ историјата на целото човештво читаме за војни, за ненаситност, за доминација, за богоизбраност на народи…

Мислите ли дека има рецепт или лек што може да ја задоволи омразата? Едноставно таа е плод на себељубието што секој од нас го носи во себе. Секој мисли дека е повреден од другиот и дека неговото место е погоре од мнозина. Дека тој знае најдобро, па ете спремен е и крв да пролие за да стигне до местото што мисли дека токму нему му припаѓа. И тоа меѓусебно газење, па дури и убивање никогаш нема да престане ако не го згазиме нашето високо мислење за себе.
Христос ги победи злото, омразата, смртта. Но ги победи со тоа што доброволно ги рашири рацете на Крстот за да ги прегрне и оние што од завист и омраза го предадоа, го исмеаја, го исплукаа и го распнаа. Не крена нит глас, нит нож над оние што го распнаа. Се помоли за нив на Отецот Небесен. Да не одиме во заблуда дека немал сила да врати на злото со зло. Но, претходно рече дека веќе нема око за око, нит заб за заб, па следствено нема ни враќање на злото со злото, туку на злото со љубов како не би раснело злото на двете страни, туку на едната сосема да исчезне како би се смалило и на другата.

Pimen.Sl.pechat4


Фото: Приватна архива


Светот е на работ на сериозни искушенија. Ако претходно се зборуваше само за хипотетичка можност за нуклеарен напад, сега се разговара дури и за датуми. Зошто човештвото е толку привлечено кон самоуништување?

– Споменав и погоре во што лежи целото зло и кој е лекот. Колку се оддалечуваме од Бога, толку сме поблиску до пропаст на светот. Да се потсетиме на прикаската со градењето на Вавилонската кула. Човекот создаден од земја помисли дека со кула направена од кал ќе може да се издигне до небото и да му го земе местото на Бога. Заборави човекот дека од земја е земен и во земја ќе се врати. Заборави дека може да е само бог по благодат ако се измири со Бога, а не и бог по суштина.

И наместо да научиме нешто од грешката во Вавилон, нам, на модерниот човек, тоа ни стана императив постојано да се трудиме да седнеме на местото од Бога создателот на сè.
Велиме дека ниедна вера не повикува на насилство. И така е. Но, сериозен проблем е кога верата ќе се измеша со богоизбраност на некој народ, со спомнатост во Библија или не знам каде, со славна историја, со повиканост на владеење, со патриотизам, национализам, па и нацизам како краен стадиум. Тој проблем раѓа верски фанатизам. А верскиот фанатизам раѓа страв на секој плоштад, во секоја уличка, во секое сокаче. Тогаш, поради верските фанатици и нивните, слободно ќе речам, глупави методи на славење на бога, по принцип на стереотипи се мразат цели народи, цели нации и раси и од омразата на еден човек кон цел свет, се раѓа омраза кон цела една вера, едноставно тоа преминува во омраза на цел свет меѓусебно и спремност да се најде некоја будала што ќе го притисне тоа фамозно црвено копче, мислејќи дека со тоа ќе го победи злото.

Жално е тоа што не учиме на грешки, туку учиме како да тонеме од грешка во грешка. Сепак, нека нè чува Господ Бог од крајната цел на злите луѓе, по молитвите барем и на последниот праведник што живее на земјава и се моли негде во некој мал и скриен параклис, па нека биде сè ова уште милион години далеку од нас.

Pimen.Sl.pechat5


Фото: Приватна архива


Бог е љубов, сепак, често се соочуваме дека Бог казнува, во корона-кризата блиски луѓе преку ноќ нè напуштија, невини деца умираат во актуелните војни, синови не се враќаат од фронтовите, добри луѓе се разболуваат од тешки болести, генијалци умираат рано… Не ни е дадена можност да ја разбереме божјата промисла?

– Бог е љубов и по оваа констатација нема сепак. Сепак-от лежи негде длабоко во нас што не сме ја ни разбрале суштината на верата. Човекот е создаден од Бога за живот вечен во Царството Небесно, за да живее непосредно покрај Бога во незалезниот осми ден од создавањето на светот. Ден што никогаш не завршува туку трае и трае во вечноста.
Ќе нè зачудуваат сите овие споменати случаи на предвремена и неправедна смрт, страдања и болести, сè додека мислиме дека Бог нè повикал да бидеме епизодисти во историјата од создавањето, до уништувањето на светот. Дека сме марионети со кои Создателот си го пополнува времето.

Забораваме ли дека Исус Христос пострада на само 33 години и тоа со најстрашна и најсрамна смрт на крст? Не Го љубеше ли Отецот Небесен својот Син? Или мораше Синот да умре за да нè приведе и нас како негови синови кон Отецот. Мораше да умре и да воскресне, та сите што со Адама паднаа во утробата на пеколот да воскреснат како жители на Рајот.
Крвта на илјадниците маченици за Христа, кои не ја жалеа својата младост, да не заборавиме дека стана семе за раѓање нови и нови храбри христијани до ден-денес.

Божјата промисла преку жива вера и благодарење може да се наѕре, а никако преку роптање и упорно префрлање на вината на Бога. Едноставно нема математичка формула за разбирање на промислата. Верата е таа што спасува, а не знаењето. Кога верата ќе стане знаење, веќе е непотребна, затоа што веќе не е спасителна. По смртта секој ќе знае дали има Бог или нема. И оној што верувал, и оној што не верувал. Но, секако пополезно ќе е за оној што му се потврдила верата, бидејќи тој преку вера се подготвувал и ќе биде спасен.

 

Имаме ли денес, како Македонци, искривена идеја за христијанството? Во смисла дека луѓето го бараат Бога очекувајќи чуда: во борови што течат миро, во лековити земји, лековити камења и води, а многумина одат во црква со список на желби. Каде да се бара Бог и како?

– Според пописни документи, имаме завиден број христијани Македонци, а сепак црквите и на најголемите христијански празници едвај се полнат со луѓе. Разликата помеѓу попишаните и присутните во Црквата, јасно зборува за искривеноста на христијанството кај нас. И ако речам потребна е реевангелизација на народот, ќе згрешам, бидејќи се плашам дека и евенгелизацијата никогаш не завршила.

И денес ќе сретнеш луѓе што ќе ти кажат дека не знаат да се прекрстат (да се осенат со крстниот знак) иако се декларираат за христијани. Но, зошто е тоа така? Не можат ли да прашаат како се прави тоа и после полуминутен курс да научат како? Не, едноставно нит сака да праша како се прави тоа, нит да научи. И сега кога имаме отпор кон едно такво банално и базично учење, што да очекуваме освен целосен отпор кон суштината на христијанското учење. Поради мнозина би се задржале на номиналноста.

Секако е полесно да исполниш нешто што би ти го решило проблемот веднаш, магиски, па било тоа пиења свети води, осветени облеки носење, кружења и отклучувања на цркви, редење безброј икони на домашните ѕидови, отколку искрено преиспитување на самите себеси, што нè донело до таа богоотуѓеност, покајание за своите гревови, исповед, пост, молитва и причест.

И луѓе со вера (но, за жал, погрешна вера) ќе се обидат инстантно да си го решат проблемот. И ако не го видат веднаш резултатот, се разочаруваат и отпаѓаат од Бога и од Црквата. Очекуваат магија. А Црквата не нуди магија, нити магиско решение, туку препорачува континуиран духовен живот. А тоа бара одрекување од многу стари навики и удопства. Па таквите, одлучуваат да си изградат некоја своја вера еклектична и да си земат од неа само она што им одговара. Иконата да ја направат декоративна слика во нивниот дом, бројаницата моден детаљ, исто така и тетоважата, а постот диета и така да бидат заштитени од секое искушение. Јалов обид е тоа.

Но, секако има и добар број луѓе што се за секоја пофалба, кои го зеле целото правило на духовниот живот и покрај тоа што живеат во светот и што немаат време да побегнат од него ни во време на постите, а сепак не се откажуваат од духовниот живот.

Па, ете, Бога може сегде да го бараме, но, ако сакаме резултат, тогаш кон Бога треба да пристапиме само со цела доверба во Него и со желба за наше квалитативно менување и уподобување на Него.


Денес човекот е опкружен со луѓе што се подготвени да го охрабрат, утешат, да го кренат на нозе: психолози, психијатри, лични тренери… Понекогаш се чини дека речиси и да нема место за свештеник. Како ја дефинирате улогата на денешниот свештеник?

– Исповедта постои од памтивек како начин на лечење на нашите слабости и ранувања предизвикани од гревот. Да си спомнеме за луѓето што пристапувале кон светиот Јован Крстител дека пред да примат крштение, ги исповедале своите гревови. За жал, потоа низ вековите, што поради недоволното познавање на верата, што поради недовербата во свештенството, што поради срамот да се признае вина пред свештеникот, исповедта речиси целосно да исчезнала во Православната црква.

Но, слава Му на Бога, последниве две децении, со будењето на христијанството во сите оние земји што го надживеаја социјализмот и неговиот суптилен прогон на верата, мноштво луѓе се осмелија да ја направат првата исповед. Нивното сведоштво за олеснувањето од товарот на гревот, мотивираше и мотивира и нови и нови христијани да го пробаат овој подзаборавен лек на Црквата Божја.

И не, како свештеници немаме ни право ни намера да им ја земеме работата нити на психијатрите нити на психолозите, најмалку, пак, на личните тренери. Напротив, често и соработуваме. Споделуваме искуства, а и се надополнуваме. Не е сè болест за психијатар, па така не сè е за лекарства. Но, не и секогаш без лек од стручно лице може да излекува свештеникот со исповед и разговор.

Да сумираме, свештеникот до ден-денес е насушно потребен на секое едно општество. Да ислуша, да исцели, да се помоли за секој што се обратил кон него, но прво и основно што треба да го прави денешниов современ свештеник е да го сведочи Бога и верата, преку љубовта кон цело создание. Само така ќе ја потврди неопходноста од неговото присуство меѓу нас и ќе ја воскресне верата и здравите навики кон постот, воздржанието од чинење зло, исповедувањето и причестувањето со Телото и Крвта Христови како потврда и запечатување на сите Свети тајни и чинодејствија во Црквата која нè води како брод во вечноста на осмиот невечерен и незалезен ден во Царството Небесно.

 Јасмина Кантарџиева Димков

 

https://www.slobodenpecat.mk/intervju-so-otec-pimen-mitropolit-evropski-omrazata-e-plod-na-sebeljubieto-shto-sekoj-od-nas-go-nosi-vo-sebe/?fbclid=IwAR2WMg1DKzLy8A88LLI9C6tDkR2p2uWY-Cqi2eCNxLYvP2CP6-D8ucp1c9k

 30.10.2023 лето Господово

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7613
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная