логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT662

По толку трибини и дебати ние не можевме да го откриеме и да го видиме вистинското лице на родот. Луѓето сè уште повеќе збунети, заради тоа што родот во тој контекст во којшто ни го претставуваат нема само едно лице, туку има илјадници лица и бројот на тие лица продолжува да се зголемува, истакна викарниот епископ Јаков на вечерашната трибина што ја организираше Фондацијата „Елеуса“ при Струмичката епархија на МПЦ-ОА, на која се дебатираше за предлог законите за еднакви можности и матична евиденција.

Додаде дека како епископ на Црквата, како духовник, во суштината и заднината на цела оваа идеологија, пропаганда, како што рече ова тоталитаристичко движење коешто го покорува светот, гледа само едно лице-лицето на исконскиот непријател на човештвото, којшто го мрази човекот заради тоа што е создаден во образ и подобија божја.

„Оваа родова идеологија токму тоа го прави, сака да го искасапи, осакати и да направи карикатура токму од тој божји лик вграден во човекот со создавањето. И оваа трибина ќе биде малку за да ги разобличиме злобните намери на родовите идеолози и на центрите на моќ коишто повеќе од очигледно ни подготвуваат современ тоталитаристички логор во којшто сакаат да го затворат не само нашиот народ, не само македонското општество, туку сиот свет“, рече Владиката Јаков.

Во одговор на новинарско прашање дека законот претрпел одредени измени како што рекла министерката Тренчевска и колку тој е задоволен од измените, владиката Јаков рече дека министерката не ја говори вистината.

„Кога станува збор за министерката нема што да вртиме како неа согласно дебатата која се одржа неодамна, повеќе од очигледно е дека министерката лаже. Брутално не лаже, не гледа во очи и не лаже. Таа на советниците од нејзината матична партија пред повеќе од 24 часови им рекла дека предлог Законот за матична евиденција е во фиока и немало да ја види светлината на денот, а веќе утре да ни соопштат дека е влезен во собраниска процедура. Зарем уште оставаме простор да и веруваме на таа жена“, одговори владиката Јаков.

Лилјана Поповска, активист за правата на жените и поранешна пратеничка и претседателка на ДОМ, рече дека има сериозни забелешки за предлог законот.

„Тој го укинува постојниот закон за еднакви можности на мажите и жените, којшто е усогласен со европски директиви и на тој начин се укинува единствениот закон којшто е посветен на правата на жените и на нивната борба. Во новиот предлог закон се воведуваат и други категории и не е точно дека се однесува само за правата на жените, туку таму наизменично се кажуваат те жени, те други родови, без да се каже на колку родови се мисли и на кои родови. Со тоа се стеснува местото на жената во општеството и државата како да се откажува од значењето на женската борба“, смета Поповска.

Додаде дека новото предлог законско решение отвора можност за промена на полот и родот кај децата и дека тоа е многу реално и веќе е видено во други држави каде имало поразителни исходи од практикувањето на такви закони и каде веќе се воделе сериозни битки на родителите и граѓаните против вакви закони.

Поповска подвлече дека тоа е поразително за државата да прифаќа нешто што покажало лоши резултати во други земји, а ние се стремиме да го прифатиме.

За докторот Петар Марков, специјалист хирург, таквиот закон кој се предлага, во кој имало модификација и кратење на говор, обврска е на сите кои имаат и малку познавање да се вклучат во дебатата и да дадат свој придонес во демистификација на тоа што се сака да се донесе во форма на закон.

– Тука не се работи за закон кој штити нечии права, туку се работи за закон кој злоупотребува одредена социјална група на лица и нивната судбина, се сака да се протурка закон кој ќе воведе можност за апсолутистичко владеење на државата и на некој начин ќе врати некои идеолошки норми коишто се одамна заборавени и се исфрлени од најдемократски држави во светот, истакна д-р Марков.

На трибината зборуваше и Ѓорѓи Танушев, член на Советот на Општина Струмица и претседател на Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените, а беа прикажани и повеќе кратки видеа кои се однесуваа на темата на вечерашната трибина.

 

https://www.slobodenpecat.mk/vikarniot-episkop-jakov-rodot-kojshto-ni-go-pretstavuvaat-nema-samo-edno-tuku-ima-iljadnici-lica/

 Друго:

 TVIT663

 pp

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2131
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2149
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 591
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

22/05/2026 - петок

Св. пророк Исаија; +Пренос на моштите на Свети Николај, Чудотворец Мирликиски; Св. маченик Христифор;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

  Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната...

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован  21 мај / 8 мај 2026

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован 21 мај / 8 мај 2026

Благочестива усто на откровението, на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,да знаеме и да веруваме, да...

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная