Екуменизмот го создале шкотските масони
– рускиот схиjеромонах Рафаил Берестов
Света Гора - На Света Гора Атонска, на 23 август 2013 година е воден разговор помеѓу шефот на Православната Воена Мисија - Игор Евгеневич Смиков и јеросхимонахот Рафаил (Берестов). Ви го свртуваме вниманието на важни поединости.
Игор Смиков: Оче, како изгледа мајкa Русија, гледана од одредена далечина?
О. Рафаил (Берестов): Гледана од далечина, Русија - е вјерујушта и борбена, опкружена со непријатели - ете така јас ја гледам. Поробувана, ама не поробена.
Игор Смиков: Минатата година Русија пристапила во СТО (стана полноправна 156-та полноправна членка на Светската трговска организација - СТО), дали е тоа полезно за нашата земја?
о. Рафаил: СТО - е странска пазарна организација ... И зошто ѝ е тоа потребно? Русија е способна самата да се избори. Додека тие постојано уништуваат, самите се доведуваат во колапс, а со самото пристапување на Русија кон СТО, Западот ќе го удвои своето влиание врз Русија и ќе го доведат до колапс нашето руско стопанство.
Игор Смиков: Какво, според вашето мислење, би тебало да биде државното уредување на Русија?
о. Рафаил: Јас мислам, дека Русија би требало да биде Православнa-монархија, односно, монархистичко уредување (со цар на чело), а тој поредок ќе биде сочуван и со Божја помош, тоа е она штa му е потребно на рускиот православен човек. Свој Домаќин, православен, кој ја сака татковината – Русија и нејзината добробит, а не, како владетелите кои слушаат како да управуваат со својата земја и добиваат налози од странство од светските влади и на тој начин најпрвин им угодуваат ним, а не на својот народ.
Руските православни цареви , сите до еден, биле руски патриоти и многумина од нив биле извонредни, Иван Грозни, Петар - контроверзниот, но и тој исто така бил патриот, сите тие ја изградувале нашата земја , ги прошириле границите , штителе од непријателските напади и победувале. Биле вистински родољуби, работеле на целовитоста и го штителе праведниот живот во Русија, духовниот живот.
Игор Смиков: Сметате ли дека во Русија е возможна монархија , или е тоа недостижен идеал за нас?
о. Рафаил: Токму Православна-Самодржавна монархијa ѝ е неопходна на Русија и само таа може може да ја спаси. И, воопшто, сакам да кажам – да се спасуваме само преку Православието и нашата одбрана е само во Православието! Во Православието и во Самодржавното Православие.
Игор Смиков: Дали во сочувувањето на Русија досега имала удел и Пресвета Богородица?
о. Рафаил: Да, Русија останала сочувана со помош на уделот на Пресвета Богородица, наспроти сѐ. Наспроти револуцијата, наспроти било што друго. Кога го убија нашиот Цар, тогаш Небесната Царица врз Себе го презела царскиот жезол со кој цело време управуваше и тој цело време се наоѓаше кај неа и затоа Нејзината промисла константно ја раководеше Русија и Рускиот народ. Русија - Дом на Пресвета Богородица, таканаречена Нејзина промисла и постојани молитви за Русија.
Игор Смиков: Вашиот став за тоа митрополиите во Русија да се поделат на неколку епархии?
о. Рафаил: Мислам дека е подобро да се управува со епископите, а не, наместо тоа, уште и епархии да им се даруваат, за тие да го подржуваат лично патријархот, на пример. Јас не мислам дека тоа води кон подобро.
Игор Смиков: Како човек да живее правилно во Русија?
о. Рафаил: Неопгходно е да се преселиме во село, да се обнови земјоделството во Русија. Мора да одиме во селото и да го обновиме, да го направиме понапредно и така и сами ќе станеме среќни.
Игор Смиков: Како да се разгори светлина и вера во срцата на младите луѓе во Русија?
о. Рафаил: Тоа е многу тешко прашање, потребна ни е проповед од монасите, свештениците, талентираните свештеници би требло да им говорат и да им проповедаат на младите, за тие да се оддалечат од сите страствени задоволства: од дрогите, алкохолизмот. Само преку верата можат да ја разберат оваа потреба за верата и во вера ќе живеат, на Христа ќе му бидат верни.
Игор Смиков: Што е екуменизам и како тој се одразува на Православието?
о. Рафаил: Екуменизмот го создадоа шкотските Масони, чија цел е да се уништи христијанството. Екуменизмот е - ерес!
Игор Смиков: Една од добродетелите е смирението, но, што е тоа смирен човек?
о. Рафаил: Смирениот човек е свесен за своите слабости и постојано му се моли на Бога, обидувајќи се да живее во склад со Евангелието. И ако почнат да го удираат, да го исмејуваат, тој сето тоа ќе го прифати како Божја волја, ќе го прифати смирено - нема ниту да се потсмева, ниту да псуе, ниту ќе се бори против тоа. Но, ако му удрат на пријатело или жената или децата, тој мора да го заштити своето семејство и својата земја!
Игор Смиков: Баќушка, уште од првите векови на христијанството тече борбата меѓу телото и духот, егоизмот и христијанската љубов, но како денес да се покаже висината на Христовото Учење?
о. Рафаил: Висината на Христовото Учење – тоа е борба со своите страсти, со смирение и понизност треба во себе да го победувате стариот човек. Низ воцрковувањето ќе стекнете свој исповедник и духовен советник. Господ говори: „Научете се од мене, зашто сум кроток и смирен со срцето и ќе најдете покој на душите свои“. Мораме да се бориме сами со себе, да го сузбиеме во себе стариот човек.
Игор Смиков: Каква би требалa да биде, по ваше мислење, миграционaта политикa на Русија?
о. Рафаил: Мислам дека секоја нација треба да живее во својата земја. И ние никого не треба да обвинуваме заради погрешна вера, мораме да бидеме великодушни во опходењето со нив, но не и на нашата територија. Да се мешаат во нашата религија, во нашите работи, да задираат во нашата христијанска бит, воопшто не смееме да допуштаме!
Игор Смиков: Како Русија мора да се однесува кон Европскиот парламент, кој еднакво и често има неосновани тврдења кон нашата земја во однос на човечките права?
о. Рафаил: Тие ги штитат човечките права и тие самите ги кршат тие права. Европа и Америка се обидуваат да потчинат други народи со војна и бомбардирање. Шта им има сторено Србија? Сакаа да ја понижат, за да им биде потчинета. И ја бомбардираа – ете, тоа е нивната лицемерна љубов! Во Русија мораат да бидат православни закони кои ќе се спроведуваат, односно – ќе функционираат. Ако е криминалец, тој би требало да биде во затвор. Тука ќе се осврнам и на малолетничкото правосудство, кога децата може да бидат одземени од родителите.
На пример, ако детето не носи баш чиста облека, ако се обидуваат да го васпитуваат во Православна вера, итн. Ова e ѓаволски закон! Антихристијански! Зашто, Православните родители мораат да ги подигаат своите деца во православната вера, да ги сакаат, но и да ги казнуваат. А што прави овој закон за малолетниците?! – Тие ги одземаат децата! Тие ги воспитуваат? Тие и ги убиваат! Беззаконие. Тие ги одземаат децата од христијаните и ги даваат во погрешни раце. Мораме да се спротивставиме на овој и ваков закон, кого што би го нарекле ѓаволски, што побрзо да го елиминираме!
Игор Смиков: Дали мислите дека Русија е моноконфесионална земјa, заради тоа што во неа постои одреден процент на луѓе од друге вера или е во секој случај моноконфесионална?
о. Рафаил: Мултиетничка и мултиконфесионална и мораме да живееме едни со други. Како денес говорат, дека Германија е - силна држава, која поседува изразена национална самосвест, а кога таму, неа ја окупирале Арапи, Турци и сега таму Германците се само едно малцинство. Тоа е лудило – што прават! А токму сега Русија тргнува по тој пат.
Игор Смиков: Уставот вели дека Црквата е одвоена од државата. Дали мислите дека тоа е добро или лошо?
о. Рафаил: То е многу лошо, зашто тие пишуваат дека е одвоена, а всушност ја контролираат Црквата. Агентите на државната безбедност ги избираат и ги ракополагаат владиците во обид да владееат со Црквата, иако со Христовата Црква управува Христос. Во Црквата не би требало да има никакви пијавици. Тогаш тоа е лага. Црквата треба да биде независнa. Со Црквата треба да управуваат – свети луѓе, а не шпиуни.
Игор Смиков: Русија може повторно да стане Света Русија, ако биде во состојба да се избори со пеколните сили?
о. Рафаил: На тоа се надеваме. Надеж не полагаме ниту на нашите херои или нашата сила, само во Бога. Не говорам јас – Светите Отци велат – само верата ќе ја сочува Русија. Ние ќе ја зајакнеме нашата вера, ние ќе започнеме да проповедаме, мораме да ја очистиме, да живееме побожно, да се вoцрковиме, да стапуваме во брак, да не абортираме и така да ги убиваме своите деца.
Игор Смиков: Во Русија се обновуваат во моментов многу манастири и храмови, се градат многу и нови, меѓутоа, воцрковувањето на луѓето оди исклучително споро. Што мислите, зошто е така?
о. Рафаил: Многу луѓе се заведени и измамени со богатство, куќи, автомобили, многу луѓе ги заведува компјутерот, сметачот, телевизорот, нема духовни проповеди, туку луѓето водат разговори за пусти и минливи работи, свеста на луѓето е полна со празни работи, не постои христијанско проповедање.
Игор Смиков: Прогресивната заедница во Русија развива стратегија за преобразување на Русија. Оче, што би требало да биде главна работа во оваа стратегија?
о. Рафаил: Стратегијата би требало да биде во Христа, во вистината, во правдата, во чистотата, во светоста. Сѐ треба да биде во име на Исуса Христа, а не во име на некоја друга цел. Во пракса, за да ја спасиме Русија, мораме да избереме Православен Цар. Многу е лошо за „цар“ да ни подготвуваат и праќаат Лажедимидрии, што e многу опасно. Потребно е православните да се стремат кон тоа, тоа да биде свет Цар.
Игор Смиков: Вашиот однос кон Рускиот Царски дом и самодржавната царица Марија Владимировна и Ве молам, да го искоментирате тоа што толку многу луѓе од неа добиваат благороднички титули, награди, медали, вклучувајќи ги и припадниците на свештенството.
о. Рафаил: Простете, Игор Евгеневич, но мислам дека за такво нешто никогаш не сум чул. Но, кој неа ја поставил за царица или императорка, јас не знам. Но не знам дали нејзе треба некој да ѝ се обраќа?
Игор Смиков: Во последно време, некои сили се обидуваат да ги пренесат останките на царското семејство, кои ги имаат пронајдено кон крајот на 80-ите во близина на Екатеринбург и подоцна, за време на патријархот Алексиј II свечено се погребани во Санкт-Петербург, бил присутен и Елцин, но Патријархот одбил да оди таму. Сега повторно во главите на многу луѓе се разбранувало, многумина сметаат дека тоа се мошти на Царските Маченици. Вашиот став?
о. Рафаил: Јас не верувам, сето тоа е некој вид измама и фалсификат. Многу луѓе сакаат да ја променат свеста на рускиот народ, а ние знаеме дека посмртните останки се изгорени, измасакрирани и спалени и со киселина. Знам дека главата на Господарот ја донесоа во Кремљ, ја покажуваа, а потоа и неа ја спалија. И тоа се сѐ глупости и некoе масонско лукавство и измама. Добро e што патријархот не падна на таа мамка, обмана и измама, затоа што би се избрукал.
Игор Смиков: Патријархот Кирил по ова прашање зазема уште поцврст став од својот претходник. Но, дури и сегашниот случај, кој го води истражителот Соловjев, има печат – три шестки. На прашањето зошто, тој рече, заради редослед на приоритети.
о. Рафаил: Тоа е масонско лукавство.
Игор Смиков: Во текот на изминатите неколку години се зголеми протокот на наши земјаци на светите места. Дали за Bас тоа е видлив знак дека тие, на таков начин, одат по патот на преобразувањето?
о. Рафаил: Па, тие на Света Гора доаѓаат депресивни, а заминуваат преобразени, радосни, светли. Добро на нив делува посетата на светата Гора. Велат, ние на одмору сме биле и во Турција и на други места, но овде навистина се чувствуваме одморни и се враќаат среќни. И секогаш сакаат повторно да се вратат на Света Гора. Значи, корисно е да се посетуваат светите места. Ви останува во душата духовна трага и луѓето се обидуваат потоа да се попpават, да го менуваат својот живот.
Игор Смиков: Дали е можно денес современиот државен систем да подготвува кадри кои би управувале со земјата?
о. Рафаил: Тоа е тешко прашање за мене. Мислам дека е потребно да се подготвуваат такви кадри. Знам некои високи званичници кои се длабоко-вјерујушти, ете, тие би можеле да бидат во состојба да го подржат изборот на Православниот Цар. Јас познавам некои од тие луѓе.
Игор Смиков: Сега некои структури вложуваат средства во поправање на светогорските манастири, истовремено планирајќи Света Гора да ја направат достапна и погодна за туризам. Како на тоа да се спротивстави?
о. Рафаил: Никаков судир - по мое мислење, нема. Атос го преплавија туристи, тоа може да биде полезно за луѓето, но за монасите е мошне штетно, зашто суетата, парите …
Игор Смиков: Оче Рафаилo, како би ги оцениле случувањата во руската политика, економија и општествените процеси?
о. Рафаил: Процесите се штетни за Русија, таму нема ништо креативно. Русија се разорува, пустоши, крвари. Жалиме и се молиме за Русија.
Игор Смиков: Оче Рафаилo, познати се зборовите на старец Филотеј: „Имало два Рима и Трети Рим – Москва, а четврти Рим, нема да има“. Сега кога Русија е поробенa, многумина се во очај, не знаат што да прават, го чекаат доаѓањето на Царот, а се чини дека сега тоа е невозможно. Шта е за Bас идејата за „Трети Рим“ и Bашето мислење за доаѓањето на Православен Цара во наше време? Што Bи е по повод на тоа откриено?
о. Рафаил: Денес има многу лажговци, Лажедимитрии. Многу луѓе се очајни дека Русија нема да се опорави и да стане силна, во Православието, во Самодржавието. Веќе денес Русија не е Третиот Рим, тоа е земја освоена во окупација. Но, со духот Русија и понатаму е Третиот Рим, зашто има вера, патриотизам и има ревнители. Добро е што манастирите во Русија даваат одредена можност, кaква-таква, за духовен препород. Бидејќи се сиромашни со духовност, манастирите се неуспешни, немаат духовен водач, понекогаш се случува таму да се опиваат, се собира толпа бандити, тукуречи, но има меѓу нив и Божји избраници, духовни лица. И сега, кога заради глобализацијата, Русија почнува да се враќа во селата, постои можност, дека ќе pоди бројни свети луѓе.
Но, ќе ви кажам каков ќе биде Рускиот Цар. Бев кај старецот Јосиф Ватопедски (ученик на Јосиф Исихаст), и тој ми рече дека ќе има војна. НАТО се подготвува за војна, тактиката како ќе ја победи Русија ја разработува и со компјутерски игри. И тој рече дека Русија е разоруженa, има ненационална влада, малку воени фабрики, институциите се смалени, додека американските воени институции се посупериорни. Го запрашав, зошто е Русија веќе освоена и заробена? Тој слегна со рамењата. Навистина е заробена, затоа што ние ќе се бориме против Европа, Америка, Турција, која е во близина, можеби, исто така, и со неа ќе се бориме?
Тој рече: Небеската Војска ќе соборува авиони, ракети итн., а тогаш сите ќе видат дека Бог е со нас. Што е Православната Црква – Вистинита Црква! И многумина од Европа, Северна и Јужна Америка, Авустралија, Азија, од другите острови , ќе одат во Русија, според зборовите на Свети Серафим Вирицки, ќе дојдат во Русија за да примат воцрковување, да добијат дигнитет и да учат за Православието, од сите православни земји ќе доаѓаат. И како што ни има речено еден белгиски архиереј, кого што еднаш го ракополагавме, дека наш научник бил во Индија во потрага по фосили и сретнал луѓе кои веруваат, кои се православни и ги прашал каде научиле за Православието – Кажале дека тоа бил руски старец, кој ги крстел, тој ги научил и дека се молат и тиа понекогаш одат кај него.
И тој научник решил да појде и да го посети тој старец. Зел водичи и две недели одел и одел во потрага по старецот, но не го нашол … сите биле изморени, одлучил да се врати. Но, утрината, здогледаа некој старец, кој бил целиот во партали, како стои покрај реката, а околу него го опкружувале хиени, старецот стоел со кренати раце и се молел, хиените е луѓе за`ржеа, старецот го крена погледот од својата молитва и погледа, видејќи луѓе, им нареди на хиените да се оддалечат. Откако хиените заминаа, тие му се приближија и дојдоа до него и отпочнаа разговор. Тој им рече дека бил руски офицер, потоа побегнал во Индија, таму имало руски емигранти, свештенство, тие и го ракоположиле. Сега сам живее во пустината. А луѓето, кога ќе дојдат кај него, тој ги крсти во Православие.
Од својата колиба изнел голема икона на Богородица и рекол, предајте ја во Белгија, на оној кој е архимандрит и епископ, тој ќе биде ракоположен во Лавра. И тоа ни го кажа тој епископ, на кого му ја предале иконата на Богородица и со неа му предале дека Православието ќе процвета ширум Европа, каде што ќе почнат да се изградуваат и подигаат храмови, и нека биде тоа подарок на овој храм, од тој старец од Индија, икона која е донесена од Русија.
Значи, кога ќе дојде до Победа, за Русија ќе се борат Грција и Србијa. Мали сојузници и мошне слаби, но Hебеската војска ќе нѐ заштити и тогаш ќе победиме, и тогаш ќе изберат Православен Цар, со силна вера и дух и тогаш ќе се случи духовен процут во сите земји, а од Русија ќе појдат проповедници кои ќе проповедаат на сите народи. Ете, што рекол тој. Но, не само руските проповедници, туку и сите Православни ќе почнат да проповедаат ширум светот. Тоа ќе биде последна проповед пред доаѓањето на антихристот. Тогаш пак ќе настапи пад, ересот ќе воскресне и ќе почнат повторно искушенија и тогаш ќе дојде aнтихристот. Тоа е тоа.
Игор Смиков: Баќушка, многу луѓе знаат за пророштвата на светите, дека дури и современите аналитичари исто така зборуваат за судир со Кина, за доаѓањето на Православен Цар, кој се очекува дека ќе дојде по војната со Кина, која ќе ја нападне Русија, освен тоа, постои очигледнa замена на населението, исламизација, цветаат радикални култови. Шта можете да кажете за кинеската улога?
о. Рафаил: И Американците исто така ги задушува Кина, но за нив, првиот непријател е Русија, Православието. Но, сум чул дека Русија ќе се бори со Кина, која ќе дојде сѐ до Урал, но понатаму нема да може. Можеби дури и Европа ќе ја одбрани Русија. Имам малку информации за тоа, но сум слушнал дека православните луѓе ќе проповедаат и на Кинезите и многу Кинези ќе преминат во Православието.
Игор Смиков: И уште едно прашање: за симфонијата на власта, духовната и земната. Како што било во Византија, како во царските времиња. Каква, според вашето мислење би требало да биде таа симфонија?
о. Рафаил: Еден со друг да не си попречуваме во работите, а сепак да се одржува меѓусебниот однос, Црквата, на пример, дава некои совети, кои глорифицираат и некои други препораки. Но, како што се случи под Петар (Петар Велики С.Л.), кога во 1721 година, Петар сосема ја укинал патријаршијата, а црковната управа е пренесана на Свети правителскиот синод, совет составен од десет свештеници на чие чело се наоѓало световно лице кое ги презема должностите на патријархот и неговиот заменик, а бил во директна надлежност на царот. Со оваа реформа Црквата како никогаш порано била потчинета на световната власт, ставила свои посматрачи, мислам, дека тоа не треба никогаш повеќе да се случи. Црквата треба да биде во потполност слободна, неа не треба да ѝ диктираат ниту ФСБ, ниту масоните. Црквата мора да биде Христова, чиста и света.
Игор Смиков: Каков е вашиот однос во врска со преводот на богослужбените книги на современ руски јазик, како и преоѓањето на григоријанскиот календар?
о. Рафаил: Тоа е отпадништво - апостасија. Тие сакаат да го уништат светиот православен словенски јазик, со цел преку тоа да ѝ нанесат штета и на самата Црква. Исто е и со новокалендарците, уште ако и Воскресението го префрлите на нов стил (календар), како што е тоа, ете, направено во Финска, ќе добиете комплентна ерес. Затоа, ние Православните не треба ниту еден чекор да отстапуваме! Господи, помогни. Еден ден читавме инспиративна молитва, отец Авељ ја напиша и ја распространи, зашто таа насекаде проциркулира и сега луѓето се молат и сателитите паѓаат (смеа)
Игор Смиков: Вие и самиот инспиративно ја напишавте, преку Вас таа дошла?
о. Рафаил: Преку мојата бедотија...
Игор Смиков: Оче Рафаило, што можете да ни кажете за Руските Новомаченици и Исповедници, а особено за Светата Царска Фамилија, т.е. каде што сега либералите се обидуваат на исто рамниште да го стават Царот Николај и Горбачов, дека и Царот како и Горбачов - управувал со државата, но не и со својот тим и со неговите активности, што резултирало - со колапс и со државен слом?
о. Рафаил: Царот бил многу скромен и кроток, доволно образуван, мажевен. Живеел со свет живот, бил добар семеен човек во семејство во кое сите се сакале, а сите клевети, како што од мазно стакло се одбива валканата вода, паѓале далеку од него, тој е свет човек. Бил доволно мудар. Кога станал и заповедник на војската, а имало и предавници кои ги сопнувале неговите најдобри трупи под оружје и најдобрите војници пострадале од германските митролези. Тој лично тогаш, ја презел главната команда. И сега, Тој е унапреден во полковник, а бил во тој чин, а им командувал на генерали и маршали.
Игор Смиков: Точно така, но јас уште сум ги видел во Александровата палата во Царско село неговите униформи, мундирот на британската војска со фелдмаршалски чин, па потоа адмирал на германската војна морнарица , британски, дански.
о. Рафаил: Да. Царот ги сочувал од колапс своите трупи и бил во состојба да го воспостави својот авторитет. Претрпувана била штета - не добивал оружје, муниција, опрема, храна. Имал талент да направи сѐ чисто и јасно. Мудар владетел и талентиран. И постојано вршел контроли и тогаш Русите почнуваат да победуваат. Германците биле спремни на крах и пропаст. Тој врши пробој, Брусилов и другите се со него. Тие со Него подготвиле полна офанзива против Германците, победата веќе била близу, но непријателите се инфилтрирале во Русија под маската на комунистите, зашто почнале да ја губат својата моќ, а Царевата растела, така што со помош на Царевиот авторитет, со неговата моќ, така да се рече, извеле револуција и подмолните генерали го приморуваат да абдицира, иако таму, всушност, не се случило никакво законско откажување.
Можеби и сѐ ова е наместено. Тоа е Светата Фамилија. Григориј Распутин - пријател на Царската фамилија - наклеветен старец, тоа е она што јас го кажувам. Тој бил побожен, благочестив, молитвена душа. Масоните поставиле двајца уметници, артисти, односно професионални глумци, кои го имитирале (како двојник) Григориј и ги поливале со вино луѓето на јавните собири, недолично се однесувале, оделе по жени, организирале тепачки, кавги, пијанки, а потоа сѐ пријавувале кај Царот, како, гледај Господару, вчера Григориј лошо се однесуваше, беше во ресторан, се степа, се караше, пијанчеше, злоставуваше жени.
Царот прашал кога тоа се случило и во кој ресторан, а тие би наведувале и одговарале и наведувале име на одреден ресторан и говореле - вчера, во шест. – „Вчера, во шест часот Григориј беше во мојата канцеларија“ , би одговарал Господарот. А овие двојници и понатаму продолжувале да лумпуваат. Дури и кога Распутин го убиле, двојниците би продолжувале и понатаму да лумпуваат и да ја играат наоколу својата улога. Тогаш морале едноставно да им заповедаат и да им речат: престанете веќе со тоа, Григориј е убиен, одете си. Тие ја симнале шминката и брадата и тогаш отишле.Ете, така бил наклеветен старецот, светиот старец.
Игор Смиков: Овде веќе спомнавте дека духовноста е мала и нејака, но сепак ја има. За да се бориме за Света Русија, какви духовни сили, монашки и мирјански (лаички) мора да се применуваат за духовна работа?
о. Рафаил: Постојат некои молитви, против Антихристот, за Русија, за православните, кои се дадени на луѓето и тоа е добро сите православни да се молат заедно во текот на одредени саати. Кога ќе отпочне постот и ќе настапат денови на постот, молитвите треба да бидат засилени, сите христијани мораат да се молат. Молитвата е мошне силна, се свртуваме кон Бога, на Бога не треба да се потсмеваме, Он нѐ слуша и Он посредува за нас, Он ќе нѐ заштити, па затоа паѓаат овие информациски (шпијунски ) сателити.
Игор Смиков: А како православните христијани да го организираат личниот духовен живот?
о. Рафаил: Потребно е човек да се воцркови, да има духовен отец, неопходно е да се чита Евангелието, секој ден и да се живее по Евангелието. Да го чува семејниот мир, да не се препира, да се однесува со љубов и наклоност, да ги учи децата да сакаат и да ги казнува за грешки, не од страст – Оф , така си – и – така – бам – бам – бам! Ете, тоа е од страст, тоа е грев и навреда за детето и никакво образование ниту воспитување со тоа нема да добие и кога тоа ќе биде казнето за своите грешки ќе каже некогаш, фала на мама и тато заради моето образование и васпитување. Тоа е тоа. Неопходно е да се воцрковиш, на семејството да му создадеш духовна атмосфера, за од семејството да постане манастир. Таткото игумен, декан би станала мајката, децата би биле послушници, постарите браќа или сестри монаси, и ете, така (смеа), така што низ таквата духовна игра, би стекнувале и духовно образование. Читајте ја Исусовата молитва, читајте го Евангелието, утрена и вечерна, правилото, псалтирот, каноните и други молитви.
Игор Смиков: Да се вратам на прашањето за Монархијата, некои активисти велат дека треба да се повика на Рускиот Престол еден од британските принцови, дури да му се дозволи да го прими Православието, бидејќи законски наследници нема, релевантен закон на Цар Павле Први за престолонаследниците, но во согласност со меѓународното право, треба да се повикаат. Вашето мислење за ова и слични барања?
о. Рафаил: Мислам дека ако дојде таков цар, принц и ако стане руски цар, тоа тој ќе стане, исто како и англиските кралеви, ќе потпишува масонски решенија и со самото тоа, нема да биде самодржец, а потребно е да биде Православен Цар Самодржец. А освен тоа, самите масони ги почитуваат само своите монархии и сакаат со нивна помош да создадат нов светски поредок, на чело со еден светски управител – антихристот. Затоа целиот свет го обединуваат и ја подготвуваат антихристовата идеологија која што ја нарекуваат нов светски поредок – антихристов. Самодржавјето – единствено тоа ќе биде исправно, луѓето би требало да го поддржат, епископите, свештениците да имаат морален и духовен живот, патријархот, митрополитите и епископите треба да зборуваат за Царот и да го учат народот за тоа.
Игор Смиков: Какво е значењето на појавата на феноменот на мироточивата икона на царот Николaj, бевте еден од првите кој го благослови низ Русија крсниот од-литијата со иконата. А приказната за нејзиниот иконопис (осликување) создадена е во Соединетите американски држави, по нарачка на основачот на Здружението на почитувачите на дворјанството на Ија Дмитриевна Шмит, чиј што прототип би требало да биде пратен во Русија , но не е пратен, пратена е копија на копијата, која во 1998 година замироточила и пројавила многу чуда. Ве молам, кажете нешто за нејзиното духовно значење.
о. Рафаил: Токму кај иконата бевме претходната ноќ, сета е миризлива, сета е благоухана и ароматна. Тоа е Божји знак, знак на времето и знак дека е неопходно сѐ да се стори заради Царското Самодржавје, и тоа би требало да биде, а ќе биде, претпоставувам. Ете како Царот Николај нѐ собира во заедница и оди преку Русија, па дури и лекува и има влијание на народното духовно поправање, така што големо е значењето што имаме таква икона. Слава на Бога! Тој е како апостол, шири благоуханство и сите страсти ги смирува, сѐ просветлува, сѐ исцелува (лечи) и учи. Благодатта на Светиот Дух е со оваа икона. Таа делува на душата. Нашиот послушник таму стоеше цела ноќ и се молеше покрај иконата. Прекрасна икона. Духовно задоволство и смиреност. Царот Николај Александрович често престојува во Русија, често го остава Рајот и оди низ Русија со иконата.
Игор Смиков: Ви благодарам, оче Рафаилo, кажете ни на разделба некој збор во нашето интервју за нашите читатели, Ве молам.
о. Рафаил: Драги отци, браќа и сестри, од сѐ срце ви благодарам. Бог нека ве благослови! Искрено, од срце посакувам да се воцрковите, да живеете во Христа, барајќи Го Господ Исус Христос, а целта на христијанството е – достигање на Духот Свет. Исус Христос нѐ има собрано и Он сака да се всели во нашите срца. Пуштете Го во своите срца Господ Исус Христос, сакајте Го со сето срце свое, сета душа, сета своја мисла, сакајте Го, како што момчето ја сака девојката – чисто, нежно, свето.
Љубете Го Господа со сето срце, повеќе од жената и повеќе од децата. Не е тоа сега да ги оставите жената, децата, мајката, таткото, туку е да останете на место, но и Бога да го љубите. Да се молите Нему, заради покајание, за своите гревови, од Бога да молиме прошка и да Го замолиме да ни даде малку смирение – Господе Исусе Христе, прости ми, дај ми капка од Твојата кротост и смиреномудрие, така и старецот Ефрем ги советува своите ученици кога признале дека имаат суета, блудни мисли, тој им рекол, молите се вака – Господе Исусе Христе, прости ми, дај ми го Tвоето смирение.
Смирение во здрава душа и скромност во здрав ум. И сите наши гревови – загуба на невиноста, разорување на семејството, кавга, омраза, пијанство, блуд, дрога, убиства – сето тоа доаѓа од гордоста. Мораме малку да се понизиме, да се самоскротиме – jас сум најлош! Ја сум грешник најголем од сите! Ја сум прав и пепел! Ја сум валканица и омраза! Знам веќе долго време дека сум ништо. Потребно е да одиме в црква, да се исповедаме и причестуваме и мислам, дека би требало што почесто да се причестуваме. Тоа е мојот совет.
Ќе дојде Царот во Русија – и Руcија наскоро ќе има Цар!
извор:vaseljenska.com
Подготви: Мина Даниловска
31-ви декември, лето Господово 2013