Светоотечка смеа
Некој додевач дошол да го мачи старецот:
- Зарем ти, паметен човек, можеш да веруваш дека Јона преживеал три дена во утробата на китот?
- Не знам, ако се видам со него во рајот, ќе го прашам.
- А што ако тој е во адот? – продолжил додевачот.
- Тогаш ти ќе го прашаш.
***
Многу пустиножители живееле долго. Дошол млад монах кај сегашниот авва, и му рекол:
- Дојдов, оче, да ти го честитам стотиот роденден. Се надевам дека следната година заедно ќе го славиме и твојот сто и први роденден.
- И јас се надевам, рече аввата. – Ми изгледаш како да имаш мошне добро здравје.
***
Старецот рекол:
- Бог нам ни дал пар уши и само една уста, за двојно повеќе да слушаме отколку што зборуваме.
***
Старците-пустиножители живееле опкружени со номадски племиња. Еден од поглаварите на тие номади, дошол кај старецот и му рекол:
- Оче, сакам да станам христијанин.
- Се радувам заради тебе, сине. Но, ти имаш две жени. Мораш да се одрекнеш од една од нив.
- Веднаш ќе го направам тоа, оче, ако ми укажеш барем на едно место во Светото Писмо каде што двоженството се осудува.
- „Никој не може да им служи на двајца господари“, одговорил старецот.
***
Аввата рече:
- Да им дадеше Бог на богословите да состават десет заповеди, не би ги имале десет, туку илјада.
***
Старецот рече: „Ако некој те навреди, тешко дека ќе ти прости.“
И уште: „Ало ја отфрлаш пофалбата, тоа е можеби затоа што сакаш двојна“.
***
Го прашал еден монах аввата:
- Отците говорат дека може да се греши со сите чула. Јас ги разбирам гревовите со очите, устата, јазикот и рацете. Но, како се греши со носот?
- Ако го пикаш во туѓи работи, рече старецот.
***
Еден плиткоум му рекол на авата:
- Ти си најголем од сите монаси на Истокот.
- Ѓаволот веќе ми го кажа тоа, рече аввата.
***
Млад монах на послушание цепи дрва. Приоѓа аввата и вели:
- Е, брате, твојата секира ме потсетува на молња.
Радосно, момчето го прашува:
- Затоа што брзо ги цепам дрвата ли, оче?
- Не, брате, туку затоа што со неа никогаш не удираш два пати на исто место.
Извор: