логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 vozdvizenie.jpg

ДОБАР СОВЕТ

Оние што се без управување, паѓаат како лисја! Спасението престојува во многуте совети, ни вели Светото Писмо. Постојано, кога сакаме нешто да направиме, да прашаме. Та кога одиме по некој непознат пат, Зар не прашуваме? "Море, ако тргнам на лево, или на десно, не ќе се изгубам? Каде да тргнам?" И човек не греши ако праша. Ако, пак, не праша, тогаш често заталкува, зашто не го погодува патот. Уште повеќе, пак, во она што е духовно.
Свети Ефрем Сирин вели: "Од седумте делувања на монахот и христијанинот последно е следново: да ги прашува искусните мажи кога нешто не знае, за да не се случи, поимајќи едно наместо друго, да заталка". Поради тоа е добро во поединечни недоумици да се прашува. Ако, пак, прашува, тогаш не греши.
И едно да знаете. Каде и да одите имајте го Бога пред очи, бидејќи Бог не е само овде. Он е и кај вас во домот, и во градот, и во Букурешт, и во Африка, и во Азија, и на месечината, и на ѕвездите, во се е присутен. Во се. Бидејќи во Писмото се вели: Зар не го исполнувам Јас небото и земјата, вели Господ (Јерем. 23, 24)...
Дури и во адот е Бог, и ги зауздува демоните. Бог со Својата седржителна сила, со едно од Своите својства, ѓаволите ги зауздува, налик на опасни пци, за да не им прават на луѓето зло колку што сакаат. Па ниту во свињите не можеа да влезат, бидејќи беа задржани од Божјата сила. Тоа, пак, е така бидејќи ѓаволската сила е оградена од силата на Божеството. Кај Исаија се вели: Се бори силниот со Сесилниот. Тој има сила, но не е Сесилен, бидејќи Бог го зауздува!
Целата ѓаволска сила е оградена со силата на Божеството. Бидејќи, зар не видовте дека кога му дозволи да го искуша Јов, што направи тој само за еден час? Стадото му го запали, се му распарчи и децата му ги уби! Сатаната има голема сила но само ако Бог му дозволи.

* * *
Еднаш кај свети Серафим Саровски дошол велепоседникот Мотовилов. И свети Серафим му раскажувал за умната молитва, бидејќи тој ја имал оваа молитва во висок степен, за молитвата на срцето, највозвишената молитва на светот, дека човекот треба да се научи да се моли на Бога не со усните, туку со срцето. И Мотовилов посакал да му го даде овој дар.
-Оче, дај ми да ја научам и јас молитвата на умот и срцето!
И светителот рекол:
-Рано е за тебе, бидејќи ќе се возгордееш! најнапред треба да го добиеш делувањето на Светиот Дух.
-Како можеме да го добиеме ова дејство во себе?
-Студенилото на нашата вера во нашиот Господ Исус Христос е причината поради која потполно сме се оддалечиле од вистинскиот христијански живот. Нам ни изгледаат чудни некои зборови од Светото Писмо, како кога се вели: Адам и Ева Го гледаа Бога.
Па сепак, недостатокот на разбирање претставува последица на нашето оддалечување од првобитната смисла на христијанството. Со впечаток дека сме учени, сме потонати во еден таков мрак на незнаење, така што стигнавме да го сметаме за невозможно она што во минатото го сметавме за природно. На пример, Божјото покажување на луѓето!
Кога Бог Му се покажа на Мојсеј на Синајската Гора, Јудеите не можеа да го гледаат во лице. Ете, толку беше осветлено. Кога Господ се преобрази на Таворската Гора, и Неговото лице блескаше како сонцето и Неговата облека беше бела како светлината, тогаш учениците ничкум паднаа.
Така се покажува благодатта на Пресветиот Дух на сите кои се достојни.
Гледајќи ја ревноста на Мотовилов, свети Серафим Саровски му го предал дарот на Светиот Дух.
- Што гледаш сега?
- Оче мој, не можам да те гледам, зашто позади твоите очи, оче свет, излегуваат светлосни молњи! Твоето лице е попламено отколку сонцето, и очите ме болат!
- Така те гледам и јас тебе, бидејќи Божјиот Дух двајцата не осени.
Светиот Дух беше пренесен од едниот на другиот. Замислете го лицето не некој човек кој говори среде сонцето. Го гледате неговото движење на усните, изразот на очите, му го слушаме гласот, но наместо телото гледаме блескава светлина, заслепувачки блесок. Може ли некој да ја замисли ваквата состојба?
- Како се чувствуваш сега? - го запрашал Мотовилов.
- Во душата чувствувам спокојство и мир кој не можам да го изразам со зборови.
- Тој мир што го чувствуваш е мирот за кој им вели Господ на своите ученици: Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам не како што ви го дава светот (Јован 14,27).
И го запрашал:
- Што чувствуваш друго?
- Восхитувачка сладост!
- Тоа е сладоста за која Божественото Писмо вели: "Од реката на Својата сладост ќе им дадеш да пијат". Во оваа сладост како да ни се топи срцето, и кој може добро да го искаже тоа што тогаш не исполнува? Што уште чувствуваш, синко?
- Чувствувам неискажлива радост во срцето!
- Кога Светиот Дух целосно ќе завладее со нашето битие, тогаш душата се исполнува со безгранична радост. Сега, пак, што чувствуваш?
- Топлина која силно Ме опфаќа.
А тие биле во шума и надвор навевал снег, и тие се чувствуваат како во бања. Тоа е таа топлина за која Бог ни заповеда да ја спомнуваме во молитвите: Загреј ме, Господи, со топлината на Твојот Свет Дух. Сега, пак, ние поимуваме како престојуваат пустиниците во планините и шумите и не се плашат од острата ладна зима, бидејќи тие се прекриени со Божествената благодат.
Светиот Дух е третото лице од Божеството, на Кое ние Му се обраќаме со молитвата: "Цару небесен..." и во 50 псалм, каде се вели: Твојот Свет Дух не го одземај од мене", се молиме на нашиот Господ Исус Христос да не ни ја одземе благодатта на Светиот Дух, поради нашите гревови.
Таа благодат ја има човекот од светото Крштевање, но ја жалости со гревовите, та таа го напушта. Тој може да ја има до крајот, но со гревовите ја отстранува од себе. Светиот апостол Павле вели: И не го оскрбувајте Светиот Дух Божји, со Кој сте запечатени за денот на избавувањето (Ефес. 4, 30; 1, 13). Само гревовите го оддалечуваат Светиот Дух од човекот. И овој Свет Дух човекот го добива на крштевањето, но бидејќи е извалкан со гревови и беззаконија, Он заминува. И, ете, колку ли само тешко се добива!
Потоа свети Серафим му рекол на својот ученик:
- Внимавај! Од денес па понатаму твоето срце не ќе престане да се моли. Како што оди часовникот.
И почувствувал Мотовилов дека се моли со срцето. Тоа постојано велело: "Господи Исусе...". Дури и кога спиел, неговото срце се молело. Се исполнувало кажаното во Библијата, во Песната над песните: "Спијам, но срцето мое е будно" (Песна 5, 2)! И се молел со срцето и имал голема утеха. Но, еднаш му рекол на свети Серафим:
- Оче, ѓаволот повеќе нема никаква моќ над мене!
Бидејќи бил охрабрен и осенет со дарот Божји, не познавајќи го искушението.
- Не вели така, брату! - му рекол свети Серафим.
- Но нема никаква моќ!
- Не вели! Тоа е гордост! Знај дека ѓаволот беше ангел, и тоа не ангел, туку херувим, како што се вели кај Исаија: Беше херувим заколнувач кој одеше среде блескавите небесни камења. Значи, ако Бог би му дозволил, само со едниот нокт би ја ничкосал земјата на другата страна. Не гледаш ли кај Јов што се вели за сатаната? Врие бездната како чинија пред него, и кој ќе го искаже оклопот на силата негова?
Тој има голема моќ, но неговата моќ е оградена со силата на Божеството, зашто таа го задржува да не може да прави повеќе зло, отколку што му е дозволено од Бога. Како што ве-ли апостол Петар: Верен е Бог, Кој нема да позволи да бидете искушувани повеќе од силата ваша, а заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да трпите (1 Кор. 10,13).
Значи, немој да речеш дека ѓаволот нема моќ! Има, меѓутоа Бог не му дозволува да му прави зло на човекот колку што тој сака. Бидејќи, ако Бог му дозволи, ќе видиш тогаш што би ти направил! Гледаш кај Јов што направи за еден час!
Затоа да не се молиме "Господи, дај ми дар на чудеса!", или нешто друго. Туку да речеме: "Господи, дај ми простување на гревовите, дај ми смирение, дај ми трпение, дај ми страв кон Тебе, дај ми двојно трпение во неволјите, за да Ти благодарам за се!" Тоа да го бараме, а не големи дарови. Бидејќи ако човекот земе големи дарови пред време, тоа го води во гордост. Онака како што на малечко дете би му дал голем накит, нешто скапоцено, тоа не би можело да го чува, туку ќе го фрли. Затоа човекот премногу полека го задобива дарот на Светиот Дух, бидејќи подоцна не умее да го цени. Треба да се задоволиме со својата немоќ.
На Бога му е подобар смирениот грешник, отколку гордиот праведник. Знаеме како фарисејот се молел во црквата. Ни го покажува Евангелието. Фарисејот тоа не го измислуваше фалејќи се, туку се гордеел со добрите дела: Боже, Ти благодарам што не сум како другите луге: разбојници, несправедливи, прељубници, или како овој митник. Постам два--пати во седмицата, давам десеток од се што придобивам (Лука 18, 11-12). Но не се наситил со својата гордост, со фалбата со своите дела, туку уште и осудувал: или како овој митник, како овој даночников што стои на врата. Гледате ли како гордиот го клевети другиот!
Цариникот, стоејќи во црквата, знаел дека правел многу неправда, се удирал во градите, велејќи: Боже, биди милостив кон мене грешниот! Ви велам: дека тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној (Лука 18,13-14), и бил пред фарисејот.
Овде е покажано дека гордиот праведник пропаѓа, а смирениот грешник се спасува. Што вели свети Ефрем Сирин? "Направи си, човеку, две коли! Во едната на јарем стави ја правдата со гордоста, а во втората смирението со гревот, и ќе видиш дека порано во Царството небесно ќе влезе небесното смирение со гревот, отколку доброто дело со гордоста". Гордиот паѓа, а смирениот се возвишува. Да, се смирив и се спасив!
Денес, кога монасите повеќе не живеат во пустината, и кога се повеќе верници доаѓаат во манастирите за да се молат, за да се утешат духовно и да примат поучно слово, да го соединиме безмолвието со евангелската љубов.
Да ги чуваме двете, бидејќи не си противречат меѓусебно. Но со многу прибраност и со смирение. Денес е најдобро, како и секогаш, да не го оставаме нашиот монашки поредок на молитвата, тихувањето, послушанието, воздржувањето на сетилата, чистотата и сиромаштвото поради љубовта Христова. Сето тоа ни помага во обестрастувањето и спасението, духовно не подига и не прави достојни на Светињите и корисни за верниците кои доаѓаат во манастирите.
Значи, прилега на младите монаси, новоначалните, љубителите на безмолвието, великосхимниците и старите отци повеќе да го одберат тихувањето, послушанието, црквата, ќелијата и осамеништвото. А духовниците, отците одредени да ги уте¬шуваат мирјаните, свештенослужителите кои имаат дар на слово, се должни да стојат пред верниците со сета љубов, да ги ислушаат нивните неволји, да ги советуваат, да се молат за нив и духовно да ги утешуваат, бидејќи тоа е намената на нашите манастири, и само така сме ја одржале чиста верата во Бога и во единството на родот. Така правеа и нашите отци.
Но молитвата, црквата и послушанието да не изостануваат, бидејќи тогаш Бог на љубовта ќе биде секогаш со нас. Но сатаната има обичај оние кои стојат пред мирјаните да ги напаѓа со потешки искушенија отколку останатите монаси, затоа што повеќе немаат време за доволно молитва и безмолвие; особено се искушувани со расеаност на умот, развратни помисли, празна слава, стомакоугодување и среброљубие. И ако не се исповедаат чисто и почесто, ако не обратат внимание на себе и се насладуваат со злите страсти, тогаш лесно паѓаат во гревови на смрт.
Токму затоа им е потребна многу грижа, во овој поглед, за оние кои стојат пред верниците, да не бидат љубители на фалби, ниту на уживање, ниту за јадење, ниту за имот, бидејќи мнозина пастири на душите паднаа и себеси се осудија поради овие причини.
Свети апостол Павле, знаејќи колку ревност му е потребна на оној кој на другите им го проповеда словото Господово, за себе вели: Туку го истоштувам и го поробувам телото, да не би ненамерно, проповедајќи им на другите и сам да станам негоден (1. Кор. 9, 27). Тој го мачеше своето тело со пост, со сеноќни бденија, со ракоделие и молитва, за да не падне и да ги соблазни обратените во Христа.
Исто така и Мојсеј. Најнапред се молеше, а потоа го учеше народот. Бог му заповеда на Мојсеј седумкракиот свеќник да биде излеан од едно парче и со чекан искован, за да ни покаже дека оној што сака да биде светлина на другите треба да биде совршен и проверен од ударите на искушенијата. Само така оној што ги учи другите ќе може и на искушуваните да им помогне (Евр. 2,18), како што вели светиот апостол Павле.

РАЗНИ СОВЕТИ

Деца, дури вие давате пари за воз, дури трошите за автобус, дури доаѓате пешки, ангелот Господов ви ги броеше чекорите, ги мереше и премеруваше, бидејќи овие чекори не ги направивте кон кафеана, или кон свадба со свирачи, туку кон светите манастири, да видите убава служба, да чуете проповед и да се исповедате.
Еве за што станува збор. Кога вашето дете ќе се разбуди, мајката, таткото, да го земе и да го научи да се крсти со правилен свет крст, и да го научи на Оче наш. Потоа научете го на Верују, на нашиот Никео-цариградски Символ на верата од 325 година. Вистинската вера е запечатена на првите два вселенски собора, каде што бил свети Григориј Богослов. А православното Верувам е одобрено од сите Вселенски собори до нашите дни.
Ние имавме една единствена вера во Европа до 1054 година. До тогаш не постоеле римокатолици или протестанти. Сите бевме православни во целиот свет. Сега, пак, католиците отстапија во наша корист некои 13 точки, за да ни се приближат. Има уште 10. И од тие 10 најтешко е Филиокве. Тоа е догматско прашање. Тие велат дека Светиот Дух исходи и од Отца, и од Сина, што е многу погрешно. Тогаш од Троица правиш четворица. Меѓутоа светиот евангелист Јован јасно вели дека Светиот Дух исходи од Отца, а се праќа во светот преку Сина.
Римокатолиците би сакале да се соединат со нас, бидејќи ја гледаат грешката која се случила; бидејќи откако се одвоија од нас се појавија мнозина ереси. Особено од протестантите, бидејќи протестантите се отцепија од католиците во 1516, со Мартин Лутер, со Калвин, со Хус, со Цвингли и со другите реформатори од XVI век.
Значи, ако сакате да бидете вистински синови на Православната Црква, не прифаќајте разговор со секташи, не примајте книги од нив. Бидејќи тие христијани отпаднати од Црквата и богохулници, кои доаѓаат од Запад, сакаат да ни ја расипат и верата, и родот, и нашето национално единство. Запаметете! Ние сме синови на романската држава и вистински синови на Православната Црква! И немаме ништо со оние антихристи кои се против светиот крст и против светите икони.
Сега, пак, на крајот од светот, ќе се покажат лажни христоси и лажни пророци за да го прелажуваат светот, слугите антихристови.

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3139
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7619
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная