Откривач на тајни
Паметните луѓе со својот памет не ги откриле многу тајни туку само со својата желба и труд чукале на вратата на тајната, а Бог им ја отворил. Луѓето го сакале познанието на тварите и законите и Бог тоа им го открил, според нивната желба и труд. Ако таквите луѓе со иста таква желба и труд го бараа спознанието на Бога, Бог би им се открил Себе, исто така како што им го открил радиумот и гравитацијата. Големите откривачи на големите тајни на создадената природа се подбивале пред пофалбите човечки, бидејќи чувствувале дека сета нивна заслуга се состоела во чукањето на вратата на тајната, а вратата ја отклучил Оној кој ги држи клучевите на сите тајни на небото и земјата (Лука 11 5-8).
Затоа кога си успешен, речи: Господи, мене ми припаѓа единствено трудот, а тебе успехот. Ако постапиш поинаку, занесен со похалбите, знај дека небото ќе постапи со тебе онака како што на земјата се постапува со крадецот.
Зли разговори
Кои се двете зли работи за кои луѓето најмногу сакаат да зборуваат?
Туѓиот грев и својата победа.
Во име на Бога
Се што си изгубил заради Бога, си го сочувал; се што си сочувал заради себе, си го изгубил.
Се што си дал во името на Бога, си дал под интерес; се што си дал во име на славата и суетата, си го фрлил во вода.
Се што си примил од луѓето како од Бога, ти донело радост; се што си примил од луѓето како од луѓе, ти донело грижи.
Владеење со себе
Луѓето кои не можат да владеат со своето срце, уште помалку можат да владеат со својот јазик.
Луѓето кои не можат да го постигнат мирот во своето срце, уште помалку можат да го воведат мирот во државата.
Луѓето кои не можат да го видат светот во себе, уште помалку можат да се видат себе во светот.
Луѓето кои не можат да учествуваат во туѓата болка, уштепомалку можат да учествуваат во туѓата радост.
Растојание
Држи ги нештата на соодветно растојание, само душата приближувај ја што е можно поблиску до Бога.
Ако истуриш вода врз огнот, нема да имаш ниту вода ниту оган.
Ако посакаш туѓо, ќе го замразиш своето, и двете ќе ги изгубиш.
Ако на слугинката и се приближиш како на жена си, нема да имаш ниту слукинка ниту жена.
Ако често пиеш во има на туѓото здравје, ќе го загубиш своето.
Ако непрестајно ги броиш туѓите пари, се помалку ќе имаш свои. Ако постојано ги броиш туѓите гревови, ќе се намножат твоите гревови.
Ако ја бркаш и фатиш лисицата, ќе ја вратиш кокошката, но ако ја бркаш и фатиш мечката, нема да се врати ниту кошницата ниту ти.
Пречка на добродетелта
На многу луѓе секогаш им се чини дека кога би биле во други ситуации, би биле подобри луѓе.
На богатиот му се чини дека богатството му е пречка за добродетелниот живот, на сирмашниот сиромаштвото, на учениот знаењето, на простиот простотилакот, на болниот болеста, на здравиот здравјето, на стариот староста, а на младиот младоста.
Тоа е само илузија и признание на сиот морален пораз. Како кога би се правдал еден војник: на ова место морам да бидам победен, нека ми се даде друго место и ќе бидам храбар! Вистинскиот војник секогаш е храбар, без разлика дали ќе преживее или ќе загине.
Царот Лазар кога би побегнал од Косово би се сметал за победен, но кога останал до крајот на своето место и загинал, тој се сметал за победник.
Адам во рајот ја загубил верата, а Јов бил верен и во гнојот.
Пророкот Илија никогаш не рекол: гладот ми смета за да бидам послушен на Бога! Ниту царот Давид рекол: круната ми смета да бидам послушен на Бога!
Збор и љубов
Бог на луѓето им го дал зборот љубов за да со тоа име ја наречат својата врска со Него.
Кога луѓето го злоупотребуваат тој збор и неговата намена, па со неа почнуваат да ја именуваат својата врска со земјата, тогаш тој збор слабее во однос кон Бога.
Зборовите ја губат својата магична и боженствена моќ кога се злоупотребуваат и стануваат како мртви. Исто како што едно северно дрво кога ќе биде пресадено на југ, ќе се исуши и овене.
Подготви: А. И.
Друго:
- Мисли за доброто и злото од владика Николај Велимировиќ (1)
- Мисли за доброто и злото од владика Николај Велимировиќ (2)
- Мисли за доброто и злото од владика Николај Велимировиќ (4) ...