логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


М-р Оливер Димитров

СРЕДНОВЕКОВНИТЕ ШКОЛИ ВО ВИЗАНТИЈА ВО12 ВЕК

Традицијата. Монашка индивидуалност:
Св. Симеон нов Богослов и Св. Григориј Палама

 Evpr.Sretenie2.jpg

Улогата на монасите во триумфот на православието над иконоборството во 8-9 век ја илустрира нивната ангажираност во теолошките дебати во Византија. Византиското монаштво претставувало не само училиште за духовно усовршување, туку и тело кое се чувствувало одговорно за содржината и за домостројот на верата и судбината на Црквата и на државата како полнота. Во исто време, специфичноста на монашката политика и идеологија, постулирани на учењето дека царството Божјо не е од овој свет, резултирале со противење на секаков компромис со барањата на овој свет (карактеристични се осудувањата на Иоан Италос, а подоцна и на Варлаам и Ахиндин) и со кристализирање и потстрек на теологија што може да се нарече монашка. Во контраст со формалниот конзерватизам на официјалните црковни кругови и опозицискиот став кон т.н. световен елинизам, ова монашко богословие ја претставувало најдинамичната и, во најголема мера, творечка струја во византиската мисла.
Општо е познато дека монаштвото во својот развој многу рано станало разнообразно движење. Помеѓу еремитите, нарекувани и исихасти, и монасите од општожителските манастири, нарекувани киновити, често постоело ривалство што понекогаш прераснувало во конфликт. Но, целокупното источно Монаштво останало соединето во своето базно, одандестрано битисување и во убедувањето дека молитвата, независно од нејзиниот облик, е основна и постојана содржина на монашкиот живот. Монашките центри, како, на пример манастирот „Студиос" во Цариград, биле постојано активни, занимавајќи се со: социјална дејност, наука, пишување и препишување на дела од антички автори и на дела од постарите свети отци, отворање на училишта, како и со најразлични други практични работи. Но мора да се нагласи дека литургискиот круг на богослужбите останал да биде апсолутен центар на животот на монашката заедница, кој го опфаќал поголемиот дел од целокупниот, интелектуален, духовен и битиен монашки живот.
Во целина, покрај предавањата на слободните искуства, монашката заедница, пред се, ги воспитувала Ромеите и ги учела како да застанат пред Бога и да се молат. Киновитите развиле литургиски систем, додека исихастите ја развиле умната молитва и постојаното созерцание и контемплација. И во едниот и во другиот случај, молитвата била пат за остварување на целта на христијанскиот живот. А таа цел е учествувањето во домостројот Божји, учествувањето во најинтимниот живот на Пресвета Троица, во обожувањето (θεώσις), во заедничарењето во обожената, од несоздадените енергии Божји, човечка природа во вооплотениот Бог-Христос преку Светиот Дух. Киновитите, главно, го нагласувале светотаинскиот и литургиски живот како опус на ваквото заедничарење, додека, пак, исихастите учеле дека тоа доживување треба да се постигне и со личен напор. Во постиконоборечка Византија, двете традиции во голема мерка се испреплетувале. Евидентен пример за тоа е пророкот на личниот мистицизам, светиот Симеон нов Богослов, кој најголемиот дел од својот живот го поминал во цариградскките киновитски манастири. Заради ваквиот живот, во кој теолошки и духовно не постоеле разлики меѓу отшелниците и киновитите, треба да се говори за единствено и соборно монашко богословие.
Иако по схизмата во 1056 година, догматски и онтолошки разединети, Истокот и Западот заеднички постепено си градат ново начело на единство, но единство преку љубовта кон литературата и кон класичниот стар век. Се повеќе оваа љубов добива облик и суштина на она што подоцна ќе се нарече хуманизам. Еден јасен белег на овој хуманистички дух претставуваат преуредувањата на високите школи во Константинопол во 11 век. Тогаш се отворени правно училиште на граматикот Ј. Ксифилин и филозофска школа што ја води Михаил Псел. Во овие две школи учениците требало да следат часови по граматика, во најширока смисла на зборот, како и лекции на старовековна поезија. Исто така, во 12 век во школата на Патријаршијата, освен теологијата, се предаваат: филозофијата, световните науки и литературата. Ова развивање оди до таму што на истото патријаршиско училиште се воведуваат и лекции за студентите по медицина.
Од друга страна, писателите на Запад - особен белег на овој т.н. хуманизам - не се задоволуваат само да ги изучуваат класичните автори, како Омир, туку се обидуваат да ги подражаваат Византијците, како вистински претходници на работите и идеите на ова поле што ќе следат во подоцнежните векови и ќе го зададат примарниот облик што хуманизмот го добива на своите почетоци, како преродба на интересот за класичниот период и класичните творци на секое поле на животот. Во Византија во 12 век оваа преродба ја добива својата полнота во личноста на Евстрахиј, архиепископот солунски, теолог и хуманист, во кого византискиот хуманизам го добива својот најблагодарен израз.
Што се однесува до филозофијата, интересно е да се забележи дека мислата, и на Исток, и на Запад, е зафатена со речиси исти отворени прашања. И на Исток и на Запад се расправа околу номинализмот и реализмот пред делбата на платоници и аристотеловци. Михаил Псел, пламен апологет на Платон, вистински го отвора долгиот период на расправиите помеѓу следбениците на Платон и Аристотел, расправии што од Византија ќе преминат на Запад и ќе резултираат со тамошното будење на филозофскиот дух.
Теологијата не пропушта да даде свој дел во умствениот живот на времето. Св. Симеон нов Богослов и неговиотученик Никите Ститар, се воскресници на мистичната теологија, но и современици на Михаил Псел.
Преданието на Црквата од Исток се состоело и се состои во нејзината постојаност од Божјото раководењето, но и во озарувањето на луѓето со разните дарови на Светиот Дух. Истиот Дух, Духот на Вистината, Кој зборуваше преку пророците, ги раководеше апостолите и ги просветуваше евангелистите, засекогаш е и останува во Црквата, постојано водејќи ја и упатувајќи ја во полнотата на проникнувањето во Божјите вистини. Заради се ова, Црквата е навистина апостолска, но и светоотечка (Флоровски). Овие две нејзини димензии не можат една од друга да се одделат. Заради се ова, светоотечките писанија, но и нивната индивидуалност, ќе бидат прегрнати од преданието на Црквата. Како најсоодветни парадигми од пораните векови се делата и животите на: Евегриј Понтиски, св. Макариј Велики, псевдо Дионисиј Аеропагит, св. Максим Исповедник, св. Григориј Ниски, Дијадох Фотиски и многу други отци низ целиот христијански еон.Ваквата индивидуалност својата плирома ќе ја добие во животите, во делата и богооткриените учења на светите Симеон нов Богослов и Григориј Палама.
Улогата на Евегриј Понтиски (+ 399) во формирањето на раната монашка духовност е забележителна. Како прв претставник на умно-срдечната молитва, што ќе стане еден од главните педагози на Христа низ целата христијанска историја, ја направил онаа синтеза помеѓу аскетската практика на Кападокијците и метафизичкиот и антрополошкиот систем исткаен од неоплатизмот. Според него, молитвата е највисокиот умствен акт, издигнувањето на умот кон Бога. Непрестаната молитва на умот или умствената молитва (νοέρα προσέυχη), е цел, содржина и оправдување на секој христијанин, на самата онтологија на неговиот живот. Евагриј, заради неговиот оригенизам е осуден на Петтиот вселенски собор, но неговите дела, сокривани зад името на св. Нил Синајски, ќе бидат многу читани и практикувани во источната ду-ховна и педагошка традиција, но во духот на една чиста од неоплатонизмот, христоцентрична духовност.
Во следните векови еволуцијата на исихастичката духовност во христо-центричен правец ќе биде под влијание на текстовите на еден непознат автор, кој ќе се користи со името на св. Макариј Велики. Врз основа на неговите зачувани апофтегми, може да се заклучи дека бил еден од првите учители на т.н. чиста молитва на срцето, на молитвата на непрестајното повторување на Името Божјо. За него целта на молитвата не е ослободување на духот од телото, туку преобразба на целата личност, на духот и на телото, на реалното присуството на отелотворениот Бог, достапен на свесното сведоштво на срцето, на срцето што со напор се учи преку долгите борби со страстите, на крајната средба на човекот со Христа во себе, во своите длабини.
Според свети Григориј Ниски, благодатта на обожувањето, дадена потенцијално во светата тајна крштение, за отпосле во текот на земниот живот, слободно прифатена и разгорувана не води кон вистинско боговидение и кон вистинската заедница, единството со Бога. Човекот, подобно на Мојсеј, искачувајќи се на гората на познанието - на гората Синајска, преку подвизите и проучувањето и живеењето на учењето на Црквата и светите отци, доаѓа до божествениот мрак, во кого човекот ќе го гледа Бога.
sv.simeon.novbogoslov.jpgКај претходно спомнатите автори, очигледно е дека христијанската вера се идентификува со свесното доживување на Бога. Свети Симеон нов Богослов (949 - 1022) ќе стане вистински новозаветен пророк на ваквата идеја во Византија. Свети Симеон е ученик на Студитскиот манастир, за отпосле неговото повлекувањето во малата константинополска манастирска обител «Свети Мамант», да биде посветен за јеромонах и да биде избран за игумен на истоимената обител. Неговото раководство со манастирот траело 25 години, но завршило со судир со една група монаси кои им се пожалиле на црковните власти во Патријаршијата дека свети Симеон воведува премногу индивидуалистички и несоодветни молитвени правила. Протеран, па потоа рехабилитиран, свети Симеон своите последни години ги поминал составувајќи духовни писанија, писанија единствени по својата мистична оригиналност и поетичност што потоа ќе изградат големо влијание на подоцнежната византиска мисла. Неговите дела ги опфаќаат: Катихетските поуки, што им се упатени на мамантските монаси, Теолошките и морални расправии, педесете химни и другите помали трактати.
За свети Симеон, како директен наследник на учењата на отците од претходните векови, христијанството е лично заедничарење со Бога, реална визија на Бога, учење кое подоцна ќе го застапуваат исихастите на чело со свети Григориј Палама. Како и неговите предходници, свети Симеон го изразува реалното христијансо доживување, не водејќи грижа за прецизна терминологија. Помеѓу традиционалистичкото византиско милје, свети Симеон е единствен застапник на личниот мистицизам, но и важен сведок и парадигма на неизбежните затегнати односи помеѓу институционализмот на интелегенцијата и богооткриената слобода на духот.
При крајот на својот овоземенживот свети Симеон бил вплеткан во жесток судир поради канонизацијата на својот духовен отец, свети Симеон Побожниот, со поранешниот никомидиски митрополит Стефан, кој бил сингел (административен служебник на константинополската патријаршијата). Ваквото одвивање на работите, на новиот Богослов му ја дало причината да го постави прашањето на административниот авторитет на Црквата, спротиставувајќи и ја харизматичната личност на светителот на харизматичноста на црквата сфатена како некој вид на институција.
Православната црква го канонизирала свети Симеон и му го дала пиететот на Богослов, заедно со светите Јован и Григориј, за после тоа многу генерации православни христијани во него да гледаат најголем боговидец и мистик на средновековниот Исток. На овој начин православието и официјално признало дека во црквата Светиот Дух е најголем критериум на вистината и единствен авторитет и педагог.

grigorij.palama.jpgВо 14 век, на Исток дошло до дискусии што ќе опфаќаат серија прашања. Меѓу нив најважно место ќе заземе диспутот за исихастичката молитва во светлото на поранешната традиција однесувана на богопознанието, христологијата и антропологијата. Поддршката што ќе им биде дадена на исихастите го опфаќа ставот и доктрините на православието дијаметрално различни од тогашната, западна схоластика. Спорот настанал преку конфронтацијата на учењата на светогорскиот светител и солунскиот архиепископ, свети Григориј Палама (1296 - 1359) и калабрискиот итало- елински мислител Варлаам. Бо почетокот проблемот се однесувал на учењето за човековото знаење на Бога и на Неговата природа. Според свети Григориј, непосредното богопознание во Христа им е достапно на сите кои поминале низ крстителната купел, која е реалната основа и критериумот на вистинската теологија. Варлаам, пак, тврдел дека за Бога ништо не може да се знае, освен она индирекното преку создадени средства - преку откриеното и протолкуваното Свето писмо со индирекни заклучувања од создадениот свет. Во основа, проблематиката радикално не се разликувала од онаа за која се расправало во времето на свети Симеон нов Богослов, проблематика што се занимавала со дирекната можност за дирекното зеркање на Бога. Во следната етапа на спорот, Варлаам го нападнал и исихастичкиот метод на молитва, карактеризирајќи го за нов месалијанизам (учење според кое црквата не била неопходна за спасението, доволна била само молитвата. Оттука произлегува и името месалиани од сириското значење - оние коисемолат).
Самата исихастичка молитва се состоела во слегувањето на умот (νους) во срцето, како онтолошки центар, за сугубо телесно и духовно, човекот да ја говори молитвата: Господе Исусе Христе, помилуј ме.
Според исихастите, психосоматскиот метод на молитва, сам по себе не е цел, туку е средство човекот суштински да се доведе во состојба на внимание и екстаза за да може слободно да ја прими Божјата благодат.
Победата на исихазмот во 14 век била победа на специфично христијанскиот, богоцентричен хуманизам, за кој отсекогаш се залагала патристичката мисла и традиција, за разлика од другите учења што го гледале човекот како секуларно, автономно битие. Неговата суштинска интуиција и гледиште дека обожувањето не го потиснува човечкото, туку човекот го прави навистина човек подобен на од Божјите раце создадениот Адам, била од веки аголен камен на сите христијански педагози. Самиот старословенски термин воспитати, означува хранење, напојување на човечките длабини со несоздадените енергии Божји. Човекот може да биде потполно човечен само ако го воспостави своето загубено заедништво со Бога, преку неговото директно заедничарење со Оној Кој е вистиски педагог Христов, од Отецот преку Синот во Светиот Дух.

Користена литература:
- Василије Кривошеин, Преподобни Симеон Нов Богослов 949-1022, Космос, Београд, 1988;
- Џон Мајендорф, Византиско Богословље, Каленич, Крагујевац, 1985;
- Острогорски Г., Историја на Византија, Наша Книга, Скопје, 1992;
- Василиј Татакис, Историја на византиската филозофија, Култура, Скопје, 1998;
- Група автори, Религиите (Кратвк речник), Фондацил Минерва, Софил, 1994;

 

Извор: Светиклиментово слодо- Дебрско - кичевска епархија

ПОсети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная