ПОВТОРНО СЕ ВРАЌАМ ВО СВОЈАТА ПЕШТЕРА – МОНАХ СИМЕОН АТОНСКИ

Повторно се повлеков во карпите на Света Гора, во својата пештера, страдајќи поради недостигот на вода, каде што со сета ревност се потопив во безмолвно созерцание, отфрлајќи ги сите мисли и занемарувајќи ги благодатните искуства, како што советуваше старец Григориј.
Невторената Светлина почна да свети во мене, без оглед дали ги затворав или ги отвoрав очите.Мојот ум престана да се приврзува и за надворешното восприемање и за внатрешните чувства.
Доаѓаше неминовна состојба на блаженство, која, како жив и неисцрпен извор, внесуваше духовна свежина и сила во моето срце.
Но забележав дека понекогаш мојот ум и понатаму доживуваше расеаност кога околностите не беа поволни за мене: кога ќе настапеше лошо време, кога влагата ќе продреше до коските или кога ќе се случеа радосни искуства, ненамерно доведувајќи ме во „екстатична состојба на умот“, иако моето внимание постојано беше будно и внимаваше на секој детаљ од моето внатрешно вдлабочување.
Понекогаш се чинеше дека моето тело целосно ја губи својата тежина, а секоја претстава за физичкото постоење исчезнуваше.
Сите луѓе, далечни и блиски, за мојата душа станаа како еден човек, на кого му се потребни грижа, помош и љубов.
Се појави силна желба сите да дојдат до истото познание преку молитва и созерцание.
фб(„Небесни птици“, јеромонах Симон Бескрвни)
23.08.2026


























