логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 АКО БОГ Е ЉУБОВ, ТОГАШ СИТЕ РЕЛИГИИ НЕ СЕ ИСТИ!

 ѓакон Андреј Кураев

Go to fullsize image

 

ХРИСТОС, НАВИСТИНА Е БОГ - ЕДНИСТВЕНИОТ ВИСТИНСКИ БОГ, РАСПНАТ БОГ

Скоро сите на прагот на својот стан или на улица сретнале помали групи на луѓе, кои го разнесуваат списанието „Стражарска кула", заедно со книшки од типот - „Ти можеш вечно да живееш во рајот на земјата". Овие луѓе се од сектата „Јеховини сведоци". На примерот од оваа наметлива позната секта одлично се гледа колку е лесно со извитоперување на Христијанството незабележливо да се промени самата негова суштина. Тие се нарекуваат Христијани и го признаваат Новиот Завет, но при тоа ја одрекуваат Света Троица и сметаат дека Христос е пророк, но никако не и Бог.

Во оваа прилика нема да ја разгледувам нивната аргументација. Просто ќе се обидам да се сложам со нив, па да признам дека Христос не е Бог. Христос е учител, пророк, проповедник, но не и Бог.

Со такви очи Го гледаат многу, многу луѓе, кои немаат никаква врска со „Јеховините сведоци". Дури би рекол дека тоа е вообичаена и природна гледна точка. Во Христос за да се препознае Бог - потребен е подвиг на верата. А во Него да се види само галилејски поклоник кој философира, не е потребна никаква посебна проникливост од духовно гледиште; таквото сфаќање во потполност е рационално и вообичаено.

Но, дали може да се прифати Евангелието, ако не се прифати вистината дека Христос е Бог? Ако се прочита Евангелието со очите на религиозен човек, но човек кој, истовремено, не верува во Света Троица, што ќе се отк-рие на страниците на Светото Писмо?

Ако „Јеховините сведоци" се во право, тогаш не постои поодвратна религија од религијата на Евангелието. Па Христијанството вели: „Бог е љубов". А се покажува дека оној кој умрел на Голгота, во никој случај не е Бог. И што се добива? Ако Христос не бил Бог, се покажува дека Оној Небесен „Отец", Кого Исус Го моли да го одмине чашата на страдањата, не е ни малку подобар од другарот Жданов, кој ги повикал ленинграѓаните храбро да го поднесат товарот на блокадата и стрпливо да го примат намалувањето на издадените бонови - но сам не почуствувал ни студ ни глад. Чуден е тој Бог, кој бара да го нарекуваат љубов, но Кој самиот не го прифаќа највисокото служење на љубовта, предавајќи му го на друг - Христос.

Ако Бог Самиот не страдаше на Голгота - зошто и заради што всушност треба Нему да Му се заблагодариме гледајќи го распетието на Синот на Марија? Богот на Стариот Завет вели „славата Своја никому нема да му ја дадам". А нели Он Самиот украл туѓа слава? Нели Он ја присвоил за Себе си онаа човечка благодарност која би требало да ја принесеме на гробот на галилејскиот проповедник?

На кого треба повеќе да му се заблагодарам? На командантот, кој во своето безбедно командно место дал одобрение за воената операција, или на конкретниот војник, кој ризикувајќи го сопствениот живот, ме извлече од рацете на терористите?

Според тврдењето на Писмото, Бог ја докажа љубовта Своја кон нас со тоа, што Христос умре за нас, уште додека бевме грешни (Рим. 5, 8). Но ако Христос не е Бог, како тогаш смртта на некој друг може да ја докаже Божјата љубов? Да претпоставиме дака во нашата зграда Иван, кој живее на вториот кат, умрел додека го спасувал Алексеј од првиот кат. Дали жртвената смрт на Иван докажува дека Александар од четвртиот кат ја покажал преку неа својата љубов кон Алексеј?

Евангелието учи дека нема поголема љубов од онаа кога некој ќе го положи животот свој за својот ближен. Но Бог, кој ја издава оваа заповед, според мислењето на „Јеховините сведоци" Самиот ностапува поинаку. Тој не го жртвува Својот живот заради луѓето, туку животот на истите тие луѓе, на најдобриот од луѓето, заради простување на полошите. Со туѓото страдање Бог ги измива туѓите гревови. Христовата Крв Му ги затскрива очите така што Тој повеќе не ги гледа останатите беззаконија и се простува. Бог пролева туѓа крв за да го измири Својот однос кон луѓето.

Ако Христос не е Бог, туку само „учител" или „пророк", во тој случај за Бог Христос не е ништо повеќе од жртвено животно чија крв од некои причини луѓето треба да ја пролеат за да предизвикаат милостив однос кон себе на Оној, пред Чие севидно око била пролеана крвта на жртвеното јагне. Ако Христос не е Бог, тогаш во светот нема книга која повеќе го навредува чувството за моралност од Евангелието. Луѓето долго и без обѕир грешеле, а Бог на нив се лутел. Најпосле, луѓето ја направиле најгнасната работа која можеле да ја направат - го убиле единствениот светол Човек на земјата. И како одговор на ова злосторство, Христовите апостоли од некоја причина изјавиле дека по убиството Христово Бог повеќе не се гневи на луѓето, дека нашите гревови се измиени со Христовата крв...

За Јеховините сведоци Христос не е ништо повеќе од некое битие кое страда за туѓите гревови и кого го користат двете други страни, за да ги разјаснат меѓусебните односи. Бог се гневи на луѓето затоа што луѓето ги прекршиле Неговите заповеди. Луѓето во Стариот Завет жртвено убиваат животни - и Бог се смилува. Излегува дека на Бога и во Новиот Завет му е потребно убиство на некој воплотен ангел за да го промени Својот однос кон луѓето.

Бог на „Јеховините сведоци" го положил крстот на илеќите на созданието. Бог на Христијаните, кои веруваат во Света Троица, Сам го зеде крстот на сопствените плеќи.
Ако Христос умрел за нас, ако Христос ја исполнил онаа љубов, од која нема поголема, ако и при тоа Христос не бил Бог, тогаш е возможен еден од двата заклучоци.

Или Христијанинот, т.е. оној, кој вистински го засакал Христос, мора да стане атеист: тој го почитува Христос, Чија љубов ја видел и ја познал, но не сака ни да слушне за Бога, Кој својата сопствена љубов кон луѓето со ништо не ја покажал. Или тој, иак, треба да го почитува Бога токму заради тоа што овој дозволил да се убие најдобриот меѓу луѓето...

Ако Христос умрел заради мене, зошто јас поради тоа би морал да го сакам Бог? Ако Христос не е Бог, зошто да му заблагодарувам на Бога? Од смртта не избави Христос, а Бог само Му дозволи да дејствува од љубов. Ние не треба да му се заблагодаруваме на Бога, туку само на Христос. Но, тогаш нас не спасило созданието, а не Творецот. Значи, по логиката на „Јеховините сведоци" Христос со Својот подвиг ја довел во опасност самата суштина на монотеизмот. Тој толку се врежал во сеќавањето на луѓето што со Себе го ставил во сенка Јехова. И сосема природно е што спасените луѓе го забора-виле името на Јехова. Бог ова не можел да го предвиди. Па, зошто Тој понудил токму таков начин на избавување на луѓето кој неизбежно ги довел луѓето до почитување на не-Бога, т.е. во власта на паганствотр? Бог секогаш така грижливо се стремел Израилот да не почне премногу да ги почитува своите јунаци, учители (гробницата на Мојсеј била скриена од народот), своите светињи (уништувањето на бакарната змија). Кога одеднаш - таква грешка...

Ако „Јеховините сведоци" се во право, тогаш можам да им честитам на зачудувачкото откритие: според нив излегува дека еден од првите атеисти во светот бил... апостол Павле. Имено Тој еднаш рекол: Бидејќи не сметав дека е добро меѓу вас да знам нешто друго освен за Исуса Христа, и тоа - Распнатиот (1. Кор. 2,2)

Ако Христос не е Бог, тогаш апостол Павле, кој рекол дека не сака да знае за ништо и за никого, освен за Христа, со тоа и самиот го изјавува и тоа дека не сака да знае ни за Бога. Христос со Својот Крст го засолни Небото. Во тој случај Христос не го открил Отецот, туку Го скрил зад Себе.

И ако не се признае дека во Христос Голема е тајната на побожноста: Бог се јави во плот"(1. Тим. 3, 16), тогаш излегува дека апостолската нроповед за Христа е само една лукава атеистичка пропаганда. Зашто, апостолите проповедаат дека и во никој друг нема спасение ( Дела. 4,11). Ако Христос не е Бог, туку само „пратеник", само „учител", само човек, ако Синот и Отецот не се едно по суштина, тогаш пред нас имаме проповед на атеизмот. Бог не спасува, и не спасува. Тогаш спасението е само во човекот Исус. Но, апостолите очигледно не се атеисти. Тие веруваат во Творецот. И тие одлично сфаќаат дека човекот нема да даде откуп за својата душа (Матеј 16, 26). Ако спасението е во Бога, и спасението е само во Христос - овие две вероисповеди можат да се обединат само преку учењето за Светата Троица.

И само во еден случај повторно можеме со религиско и морално стравопочитување да го примиме проповедањето на Новиот Завет: ако во измачениот лик на Голготскиот маченик Го препознаеме Онај Кој некогаш лично ја создал целата вселена.

Поради тоа самата суштина на Христијанството како монотеистичка религија бара да се признае Света Троица, бара во Распнатиот Христос да се препознае Вечниот Син, Вистинскиот Бог. И за „Јеховините сведоци" се однесува овој ист укор, кој уште во IV век Св. Григориј Ниски им го упатил на аријанците, кои исто така ја одрекувале Божествената Христова природа: „Зошто го лишуваш Отецот од благодарноста за нашето спасение, Отецот, Кој ги ослободил луѓето од смртта со Својата Сила, која е - Христос?"

 

 

Извадок од книгата:

„НЕМА СПАСЕНИЕ НАДВОР ОД ЦРКВАТА“

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархија

 Друго:

 

 

 Посети:{moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная