логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

АКО БОГ Е ЉУБОВ, ТОГАШ СИТЕ РЕЛИГИИ НЕ СЕ ИСТИ!

 ѓакон Андреј Кураев

Go to fullsize image

Еден човек, Сергеј Тороп, кој некогаш работел како градски полицаец во Минусинск, после престојот во психијатриска болница се осетил како да е „Христос, Господ на Второто Доаѓање, творец на Третиот Завет". Себеси си ставил ново име - Висарион.
Нашиот разговор траеше четири часа. Мене пред се ме интересираше прашањето - што е тоа всушност ново што го објавува Висарион, со што смета дека е потребно да се дополни Новиот Завет. Со ова прашање му се обратив неколку пати. Неговите први одговори не ме задоволија. Се она што му изгледаше ново на поранешниот градски полицаец, за мене, како човек, кој целиот живот се занимавам со професионално изучување на историјата на религијата, ни најмалку не ми беше ново.
Проповед на љубовта и помирувањето? Тоа веќе го имаме кај Пророците и во Евангелието.
Непријателството на боговите на Стариот и Новиот Завет? Тоа веќе го имаме кај гностиците.
Идејата за карма? Тоа го имаме кај религиите во Индија.
Идејата за реинкарнација? Ниту оваа идеа не е толку нова за да вреди заради неа Христос повторно да дојде на земјата.
Па што е токму толку насушно, толку зачудувачки ново што сега е потребно да им се соопшти на луѓето, заради што би требало сега да се приреди наводното „Второ доаѓање Христово"?
Најиосле Висарион вака ја формулира „научната новина" на своите проповеди: „Религиите од Истокот учеа дека постои бесконечен број на реинкарнации. Христијаните воопшто ги одрекуваат реинкарнациите. А јас, пак, соопштувам, дека немаат право ни едните, ни другите. Реинкарнации постојат, но вкупно се седум. На секоја душа и се даваат само седум обиди". Премалку за претензиите на невидената новина...
И, се разбира, него воопшто не го интересираше дали идејата за карма и реинкарнација може, ете така просто, механички да се потпре на Библијата. Зашто токму со знаењето од Библијата, како што се покажа, „новиот месија" не владееше.
Сметам дека е корисно да ве известам за тоа како понатаму течеше нашиот разговор, зашто тоа веќе беше многу типично. Оние луѓе, кои се уверени во својата способност да го „обноват" и „дополнат" Христијанството, по правило многу лошо го познаваат и Христијанството и самото Свето Писмо.
И ете, така, мојот разговор со Висарион природно се сврти кон библиските текстови. И овде излезе дека пред мене е собеседник, со кој не може да се гради разговор, дури ни таков каков што се гради со протестантите. Му наведувам некој библиски текст, неспоив со неговите гледишта, а тој дури ќе ми рече: „Па, ти барем сваќаш дека Евангелијата се напишани за мене. Но јас токму тоа не го зборував. Апостолите не ме сфатиле правилно. Јас имав предвид нешто сосем друго".
Ке наведам уште некое библиско место, а како одговор слушам прашање: „А дали ти имаш гревови?" На таквото прашање можев да му кажам само едно: „Е нив ги има повеќе отколку што самиот би сакал". Задоволен со моето признавање лажниот месија објаснува: „Па ете. А грешен човек не може чисто да го сфати Словото Божјо. Јас, пак, немам гревови. И само поради тоа можам правилно да ја сфатам смислата на Библијата".
И така се најдов во ситуација, која е повеќе од вообичаена за свештеник. Ова е обичен, потполно секојдневен составен дел од работата на свештеникот: да му се објасни на човекот дека тој сепак има гревови. Доаѓа човек на исповед, не сфаќајќи ја нејзината смисла, не умеејќи да се кае и изјавува: „А јас немам гревови. Ако некого сум убил - тоа било само деловно" . Или, пак, поинаку ја избегнува маката на покајанието: веднаш со брзо признавање на сите гревови (Во се сум грешна, оче24). Или наместо своите гревови на исповед ќе почне да кажува за гревовите на другите луѓе („Јас, оче овие денови згрешив, изговорив погрдни зборови. Но, таа самата е крива. Таа..." - и приказна од половина час за вистинитите и вообразените гревови на комшивката).
И ете така, пред мене се најде човек, кој длабоко верува во сопствената непогрешливост. И требаше да му покажам дека нема доволно основа за тоа себеси да се смета за најсовршен човек и уште помалку Единороден Син Божји. Секако, неговите лични грешки не ме интересираа. Но, работата е во тоа, дека на јазикот на православното богословие гревот не е само кршење на заповедите, туку и болест. Гревот е неполнота, отпаѓање. И еве оваа неполнота на животот и мислите на Висарион требаше да се направи очигледна. Наједноставниот и најненавредливиот пат да се направи тоа е да се разјаснат границите на неговите сознанија.
Најпрво почнав да зборувам со него за будизмот. Висарионовото движењето се нарекува „Заедница на единствената вера". Тој тврди дека го нашол патот за обединување на сите религии, пред се будизмот и Христијанството. Меѓутоа, набрзо се виде дека тој за будизмот просто нема никаква претстава. И тоа беше толку очигледно, што дури и на мојот собеседник му стана јасно дека не треба да се претставува како познавач на будизмот.
Откако призна дека не го познава будизмот, го запрашав:
„А како Вие се подготвувате да го обединувате она што не го знаете? И како можете да се сметате себе си за Месија, Збор Божји, Логос, Разум Божји, кога Вие не го знаете она што му е позато на секој образован човек?"
Неговиот одговор беше многу снаодлив:
„Па будизмот е лага. А Месијата мора да ја знае вистината, но не е обврзан да ја знае лагата и гревот".
„Значи, обединувајќи ги будизмот и Христијанството, Вие ги обединувате лагата со вистината?"
„Не. За единството зборувам само да би привлекол поголем број на луѓе. Во суштина вистината е само во Христијанството, само во Библијата и во мене".
Тогаш го насочив разговорот на такви теми, чие незнаење никако не може да се пофали. Се утврди дека ни старогрчкиот, ни староеврејскиот, ни латинскиот, ни современите европски јазици лажниот месија не ги знае. Тоа не е никакво злосторство за човекот25. Но, оној кој се претставува за Христа, како тоа да не се потрудил да го научи мајчиниот јазик на вистинскиот Спасител? Зарем староеврејскиот или старогрчкиот јазик, исто така, се грев, чии допир го осквернува „месијата"? Зарем Бог не го знае човечкиот јазик и не ги разбира нашите молитви наразни јазици?
Овде веќе ми одговори со молчење.
Но, кулминација на нашиот разговор беше во оној момент, кога Висарион почна да зборува за постоењето на мноштвото богови. Кога слушнав дека проповеда обичен окултен политеизам, го замолив да се сети на десете заповеди. Ефектот ги премина сите мои очекувања: се виде дека „Месијата", кој се претставува како автор на Библијата, просто не ги знае десетте заповеди. Почна да мрмори нешто „не убивај" и „не кради". Но, првата заповед не можеше ни да ја наведе. Морав да го потсетам : Слушај, Израиле. Јас сум Господ, твојот Бог, да немаш други богови освен Мене! Оваа заповед сама по себе го разглоби многубоштвото на Висарион. Но, тоа што тој не го знаеше она што го знае на иамет еден обичен ученик во обично школо по веронаука, што не ги знае десетте Заповеди, ги разниша неговите претензии уште повеќе и уште поскандалозно... Сфаќајќи го тоа, тој одби да ми ги достави видео и аудио снимките на нашиот разговор, кои наскоро беа и уништени...
На оваа средба со човекот кој претендираше на тоа да стане автор на „Третиот Завет", во најизразна форма се виде она што се гледа и кај другите религиски „новатори". Тие се нафаќаат да го обноват она, со што и самите сосема површно се запознати. Понекогаш тие просто не ја познаваат ни Библијата ни Православието26. Понекогаш намерно ги искривуваат и едното и другото. Понекогаш без своја волја користат антиправославни карикатури, кои во свеста им ги уфрлил некој друг (инерција на атеистичкото или секташкото воспитување, печатот, модата и сл.).
Во краен случај разговорот со таков „реформатор" може да потсети на разговорот, до кој е дојдено уште во минатиот век, помеѓу еден свештеник и еден атеист.
Во случајна средба, неверникот со одредено самоуверување го декларира своето „слободоумие":
„А знаете ли, оче, вие можеби ќе се зачудите, но јас не верувам во Бога".
„Па што" - мирно одговорил свештеникот - „не верувам нијас".
И потоа му објаснил на збунетиот собеседник:
„Гледате ли, ни јас не верувам во таков бог во кој Вие не верувате. Јас не верувам во старец со брада и лош карактер, каков што Го замислувате Вие кога ќе го слушиете името Божјо. Бог, на Кого јас му служам и Кој Го проповеда мојата Црква е подруг. Тоа е Евангелски Бог на Љубовта. Вие просто не сте се запознале сериозно со учењето на нашата Црква, и затоа, не знаејќи Го вис-тинскиот лик на Бога, ја отфрлате Неговата лажна кари-катура. И во тоа имате право".
Грешката на овај атеист била во тоа, што место ликот на Бога на Љубовта, место Христа, во својата свест направил лик на полициски надзорник. Грешката на оние луѓе, кои имаат намера да го „доиолнат" Евангелието се состои во тоа што тие наместо ликот на Бога на Љубовта исто така иоставиле некој сопствен идол - овој пат нарекувајќи го „Големиот Учител". Ако Христос е само учител и проповедник од првиот век, тогаш со сета почит кон Него единствено природно е да се дополнат Неговите проповеди, поаѓајќи од она искуство кое човештвото го стекнало во последните дваесет векови.
Знаењата можат да се прошират. Но, може ли да се рече дека во текот на овие векови сме научиле да сакаме посилно од Христос? Ако Христос им зборувал на луѓето за некаква апстрактна Божествена љубов би било возможно да се очекува појава на други проповедници, кои на истата тема не би зборувале ништо помалку талентирано, ама притоа за своите параболи би земале примери од современиот живот. Но Христос не раскажувал за љубовта на Бога така, како што се зборува за нешто неодредено, надворешно, што нема врска со самиот раскажувач. Тој не зборувал за Бога така како што ние зборуваме за друг човек и за особините на неговиот карактер. Тој ја покажа оваа Божја љубов. Во Христос, Бог не зборува за Себе, туку Себеси се даде на луѓето.
И, значи, оној, Кој ќе се осмели да мисли дека го надминал Христос, можно е и треба да го дочекаме со едноставно прашање: А дали твојата љубов навистина ја надминала Христовата љубов? Не ме интересира твојата красноречивост. Објасни: Што не можела да исполни Христовата Жртва, и како ти се подготвуваш недостатокот на таа Жртва да го исполниш со своите говори? Убеден си дека Бог нешто скрил, нешто не ни дарувал во Ж ртвата на Својот Син, и дека сега таа скриена енергија на Божјата Љубов Бог ни ја дарува нам, овоплотувајќи се во тебе?
Добро, до Крстот уште не си дојден. Но, дури, во својата теорија, во своето богословие - со што си го надминал искуството на христијанското сфаќање на тајната на Христова љубов?
Имаш намера да го збогатиш христијанското богословие со искуството, кое го стекнале другите традиции, и да дадеш ново, не „средновековно" религиско мислење. Сметаш дека Заветот, кој некогаш е наречен Нов, веќе застарел. Зборуваш дека со Стариот Завет луѓето живееле помалку од петнаесет векови, а со новиот веќе дваесет. И поставуваш прашање, кое ти изгледа реторичко: не е ли на прагот од третиот милениум дојдено времето на човештвото да му се даде ново Евангелие, нова религија? Зарем не е природно да се претпостави дека настанува ерата на Третиот Завет?
Всушност - целиот свет, кој некогаш бил „христијански", врие, истурајќи секоја година од котелот на своите религиски барања стотина нови секти, илјадници книги на „учители", „гуруи", „спиритисти" „чудотворци", „пророци" и „живи богови" кои ненадејно се појавиле. Во „Труд" од 01.07.95.г. објавено е дека „денес на територијата на Русија, според тврдењата на статистичарите, делуваат околу триста илјади народни исцелители, јасновидци магионичари и астролози". Триста илјади светци и пророци! Само пет години по укинувањето на државното безбожништво во Русија веќе на секои триста и педесет лица доаѓа по еден „богодаруван" чудотворец! И ова е сосем блиску  до  стандардите  на  современиот „цивилизиран свет": како што тврди американскиот сектолог Г.Џ. Бери „само во Лос Анџелес има околу илјада активни „контактери - спиритисти27". А „информациите", кои сите овие луѓе ги добивале „од длабочината на Космосот" во принцип е иста: време е Евангелието да се остави на страна и да се премине на окултизмот, кој всушност ќе биде „Третиот Завет".
Јас, пак, оваа „космичка информација" ја дочекувам со едноставно драшање: Дали во религиската историја на човештвото е возможно нешто вистински ново после Новиот Завет? Дали во принцип може да настане некоја иовисока претстава за Бога од онаа која е изложена на страниците на Евангелието? Можеме ли ние да замислиме религија која соопштува повозвишена претстава за Бога од онаа која веќе многу векови ја чуваат Христијаните?
Да претпоставиме дека сето тоа е возможно. Да претпоставиме дека на прагот на третиот милениум по Христовото Раѓање човештвото е подготвено да го прифати „Третиот Завет". Да претпоставиме дека во различните религии во светот се чуваат делчиња на единствениот мозаик и дека е возможно да се соберат во едно, за најпосле, да се добие целосниот лик на Божеството.
Меѓутоа, очигледно е дека на тој пат на „ синтеза" и „еволуција" мора да се зачува се најдобро што било пронајдено и зацврстено во раните религиски испитувања на човештвото.
Сигурно не треба да се докажува дека во сета разноликост на религиските учења и праксата на човештвото оние традиции, кои дошле до заклучок за Единственото Праначело, направиле чекор повисоко во погледот на светот од народите и културите кои останале на политеистичкиот   (многубожечки)   поглед   на   светот. Секаде каде што се будела религиската мисла, т.е. секаде, каде што религискиот живот не се сведувал на обредност, луѓето доаѓале до заклучок дека севкупната разноликост на  животот има Единствен  Извор.  Философијата  на Старите Грци, исто како и мислата на Старата Индија, дошла до заклучок дека Божеството е - Единствено. За тоа пламено проповедале пророците на Стариот Израил: Бог е Еден.
Значи, синтезата на с најдобро што било стекнато во религиската еволуција на човештвото, треба да се гради на база на монизмот, т.е. на претпоставката за единственото Божество, со кое како со своја Прапричина и основа е поврзана се што постои.
Но, постојат и различни монистички погледи на светот. Постојат пантеистички и теистички школи. Првиот правец смета дека Единственото Начело е без личност, вториот претпоставува дека Тоа може да се претстави како Личност.
Разликата на пантеистичкото богословие од персоналистичкото (личносното) потполно јасно го дефинирал Е. Кант: пантеисти ги нарекол оние кои „светската целина ја прифаќаат како единствена сеопфатна супстанца, не гледајќи зад оваа основа разум28". Безличниот Апсолут на пантеистите е некаква апсолутна супстанција, која не знае за себе, не се контролира, нема самосвест, ни волја. Богот на пантеистите не е личност, туку просто Енергија, слична на гравитацијата, која проникнува низ целата Вселена. Оваа Енергија нема ниту слобода во своите делувања, ниту во нивното разбирање, ниту контрола над своите манифестирања. Во целиот свет се движи различното воплотување на Единствената Енергија, која не може да се сфати, а која се покажува и во доброто и во злото, и во создавањето и во рушењето; нејзините делумни манифестирања умираат, но таа секогаш останува своја, никого не жалејќи и никого и не сакајќи.
Такво е пантеистичкото Божество, кое, на пример, го проповедаше Џордано Бруно: „Божеството не знае за себе и не може да биде разбрано29". Е. П. Блавацка за него зборува вака: „Ние Апсолутната Свест ја нарекуваме „несвестица" зашто нам ни изгледа дека тоа неизбежно мора да биде така... Вечно Дишење, кое не знае за самото себе30". „Ен Соф не може да биде Творец дури ни Моделар на Вселената, - изјавува основачката на тезофијата - ниту може да биде Светлост. Затоа Ен Соф исто така е темница. Неподвижно Бесконечниот и апсолутно Безграничниот не може ни да сака, ни да мисли, ни да делува31".
Но, постои сфаќање за Бога како Личност. Во таквото богословие, карактеристично, на пример, за Христијанството и за исламот, Бог е бесконечен, секаде присутен, не е ограничен ниту од материјата, ни од времето, ниту од простор. „Бога го нема ни во облакот, ниту на некое друго место. Тој е надвор од просторот, не подлегнува на ограничувањата на времето, не може да се опфати со карактеристиките на материјата. Ни со делче од Своето Битие Он не се содржи во ништо материјално, ниту го опфаќа преку ограничувањето на материјата ниту преку поделба на Себе. Вака вели Господ: ...Каде тогаш ќе изградите дом за Мепе (Иса. 66,1)32. Но, ниту во вселената Он Себеси не си изградил храм, зашто е безграничен" (Климент Александриски, Стромата, II, 2). Но, при тоа Он знае за себе, владее со сите свои манифестации и дејствија, поседува самосвест и секое Негово манифестирање во светот е резултат на Неговото слободна одлука.
Кој од овие два лика на битието изгледа посовршен и подостоен на Бога?
Ако мислиме на Апсолутот, мораме за Него да мислиме како за целокупност на сите совршенства во безграничен степен. Припаѓа ли самосвеста и самоконтролата во совршенства? Да. Според тоа, и при размислувањето за Апсолутот нужно е да се претпостави дека Апсолутот знае Самиот за Себе. Припаѓа ли слободата во совршенствата? Очигледно е дека од двете состојби на битието посовршена е онаа која може да дејствува слободно, поаѓајќи од самата себе, свесно и со разумно поставување на целта. Според тоа, и при начинот на мислење на Апсолутот подостојно е да се замисли дека секое Негово дејствување се случува според Неговата слободна волја, а не од некакви несфатливи нужности.
Сфаќањето на Единственото Начело како слободна и разумна Личност е подостојно од поимањето на истото како безлична Супстанција.
Да допуштиме, за момент, дека атеистите се во право, и дека нема никакво „Совршено Битие". Но, ако веќе се занимаваме со религиска философија и поставуваме хипотеза за таквото Битие, тогаш е подлабока и подоследна онаа философија која самосвеста и слободата ќе ги вброи во совршенства, и која затоа во Апсолутот ќе види Личност. Неразбирлива и необврзувачка е пантеистичката логика, која претпоставува дека божем при доследно размислување за Битието е потребно да Се лиши од способноста самостојно да размислува, слободно и свесно да дејствува, да сака и создава.
Според точното мислење на Владимир Соловјов: „За Божеството не смее да се размислува како тоа да е безлично, безволно, несвесно и да дејствува без цел... Да се смета дека Бог е безличен, безволен итн. не е возможно зашто тоа би значело да се постави пониско од човекот. Не е без основа да се смета дека одредени предмети, како, на пример, мебелот, камењата од калдрмата, трупците, купиштата песок, се безволни, безлични и несвесни, ние со самото тоа тврдиме дека преднос над нив има личното, свесното и со цел насочено човечко битие, и никакви софизми не можат да го изменат овој наш аксиоматски заклучок33".
Пантеистите велат дека да се мисли за Бога како за Личност значи да Го правиме премногу антропоморфен, премногу го спуштаме Божеството. Но, и самите пантеисти сметаат дека Бог е единствен со севкупното битие. А ако Божество прима во Себе с што постои, тогаш зошто Тоа, Кое без разлика се идентификува со секаков камен, пенушка, комета и куче, не може да биде слично на човекот? Ако по убедување на пантеизмот (себожието) Божеството е единствено со се и е единствен субјект на сите својства во светот и сите процеси во светот - зошто тогаш Тоа не би било и носител на највисоките човечки својства: разумот, поставување на цел, свест, љубов, и гнев? Зошто при размислувањето за Апсолутот треба бесконечно да се множат својствата на несвесниот свет, т.е. пониските својства, а не да се доведат до бесконечен степен таквите совршенства, какви што се слободата, разумот и љубовта?
Кога христијанското богословие тврди дека Бог е - Личност, тоа всушност извршува работа која негира, заградува, штити. Тоа е апофатичко, мистично-негирачко богословие34. Тоа не е заклучување на Несфатливиот во човечките формули, туку Негово ослободување од нив. Да речеш дека Божеството е лишено од разумот, љубовта, слободата, поставувањето на цел, личноста, самосвеста, значи да се понуди премногу приземна, премногу навредлива претстава за Апсолутот. Според тоа, христијанската мисла го негира пантеизмот од истите причини, од кои таа ги отфрла паганските претстави за боговите како за телесни, ограничени, не сезнајни35 и грешни битија. Да се тврди личноста во Бога значи да се тврди за полнота нг Божественото Битие. Негирањето на оваа личност не означува „проширување", туку, напротив, осиромашување на нашата претстава за Бога. На крајот на краиштатс, ако разумното битие го сметаме за повисоко од оној кој е лишен од разумот, ако претпоставиме дека слободното битие е подостојно од битието кое и робува на потребата, тогаш зошто за Оној Кого го сметаме за Бог, т.е. за Битие Кое бескрајно ни претходи, мораме да мислиме како да е лишено од овие добродетели?
Трошката, која носедува самосвест, бескрајно е по-достојна од огромната галаксија која не е свесна за себе ни за својот гат. Ако философот ја иризнава предноста на свесниот над несвесниот свет - тогаш не може а да не признае, како ни шпанскиот философ-егзистенцијалист Унамуно: „Но, нека ми каже некој дали она што го нарекуваме закон на гравитација или кој било друг закон или математички принцип, е самобитна и независна реалност, онаква, каква што е, на нример, ангелот, дали таквиот закон е непгго што има свест за самиот себе и за другите, со едсн збор, дали тој е личност?... Но што е објективираниот разум без волја и без чувства? За нас е исто што и ништо; илјада пати поужасно од ништо36".
Ако „трската која мисли" е новредна од дабовата шума без мозок, од секогаш праведните и вечно бесчувствителните аритметички закони и принципи на космогенезата без личност, тогаш произлегува дека човекот, свесен за себе, неизмерно е повисок од несвесното „Божество" на пантеистите. Значи, христијанската критика на пантеизмот е негирање на негирањата. „Не може да се забрани!" Не може да му се забрани на Бога да мисли! Не може да му се забрани на Бога да биде Личност!
Христијаните се сложуваат со позитивните тврдења на пантеизмот: Божеството е неограничено и светот е проникнат со Божеството. Разликата овде ќе биде само во тоа што пантеистите ќе речат дека Бог по Својата суштина го проникнува светот, а Христијаните дека Он проникнува со Своите енергии. Тоа не би било повеќе од сиор за зборовите доколку пантеистичката теза не повлекува со себе одредени многу важни негативни последици. Токму со овие негирања на пантеизмот Христијаните не се сложуваат. Ние не се сложуваме со негирањето на личниот разум во Бога, на личната волја, како и на надс-ветовната слобода на Бога.
Разликата номеѓу пантеизмот и теизмот се резимира многу просто: можеме ли „да сметаме дека моралното битие е праоснова на созданието37, или ќе сметаме дека моралните вредности постојат само во свеста и дејствувањето на човекот, но ги нема во животот на Божеството, токму како што ги нема ни во животот на мувата".
Пантеистот ќе рече: ја негирам освестеноста со поставена цел во дејствувањето на Апсолутот, затоа што целта на она кон што треба да се стремиме заради недостатокот, е отсутството на она што се посакува. Достигнувањето на целта го обогатува онај кој се стреми за достигнување на целта. Но Апсолутот не може со ништо да се збогати, Он веќе има своја полнота на битието во себе, и затоа нема зошто да дејствува, ниту да поставува цел38. Па што тогаш може да му недостасува на Апсолутот? Што Божеството може да посака да присоедини кон Својата Полнота?
Нас. Бог не сака да не присвои за Себе, туку нам да ни се подари Себе си. И Он ни ја даде слободата за да можеме овај дар да го прифатиме слободно. Бог нас не пушти од Себе во надеж дека ќе се вратиме. Ние не сме му потребни на Бога заради Него, туку заради нас. Он не создал во времето, со цел да ни ја подари Својата Вечност. Пантеистичкиот синцир на расудување, кој негира поставување цел во Бога, се гради на чисто користољубиво сфаќање на целта: цел на дејствувањето е она што му е потребно на непосредниот субјект на дејствување. Но, возможно е да се сака добро и на другиот, возможно е да се дејствува и поради друг. Тоа и се нарекува љубов, и ако Бог е љубов, тогаш Он може да сака зголемување на доброто не за Себе (во Него отсекогаш се е добро), туку за другите. Всушност сфаќањето на Бога како Љубов овозможува да согледаме во Него Личност и Ум кој поставува цел.
Значи онаа религија која би можела да го надмине Христијанството, мора да го сочува сфаќањето на Бога како слободна и разумна Личност39.
Ако во Бога нема Љубов, ако Бог не е сиособен за персоналистички (личносен), љубообилен однос, тогаш човекот не е поголем од мувлата на периферното мочуриште на Вселената.
И овде е неизбежен избор: или да се прифати Евангелието, кое соопштува дека Оној, низ кој се стана преку
Него и без Него ништо не стана, што стана (Јован 1,3), дојде на Земјата и стана човек; или човекот и неговата планета не се ништо повеќе од депонија на кармичкиот отпад. Космосот живее сам но себе и дури не знае дека некаде на неговата периферија човекот страда и нешто очекува. Овај свет не станува пополн ако во него дојде човекот, ниту осиромашува ако човекот си оди од него. Два по два секогаш е еднакво на четири. Две галаксии плус две галаксии - секогаш се добива четири. Дали тоа го знаат Земјаните или не - таблицата за множење тоа воопшто не ја интересира. Убавината на светот не е создадена за човекот, не се грижи за човекот и затоа по својата суштина е нечовечка.
На пантеистите во Христијанството најнесфатлива им е тајната на Божествената љубов. Кога еден од дописниците со Ј. Рерих плашливо забележал дска Бог е Љубов, а единствено да сака може само субјект, а не безличен закон - теозофката40 го потсетила:
„Истокот забрани секаква дискусија за Неискажливиот, концентрирајќи ја сета своја сила на доживувањата само на величествените манифестирања на Тајната41.
На друго место таа, навистина, има објаснето дека „божествената љубов" не е ништо друго освен сила на космичката гравитација: „Божествената љубов е принцип на гравитацијата или истиот оној Фохат, во своето својство на Божествената љубов, на електричната сила на сродството и симпатијата42".
А Христијанинот зад симфонијата на светот ја чувствува токму живата љубов, Личноста која сака. Не просто Закон, не просто Разум, не просто „ гравитација", не просто „Космички електрицитет" туку Лична Волја која сака. И заради тоа тој дури уште поживо од пантеистот го доживува единството на Бога и светот. Тој не само што го доживува, како пантеист, присоединувањето на светот со Небесното Начело, туку тој уште и знае како му е Име-то на ова Начело, знае на Кого може да му искаже збор на благодарност за оваа вечер и за идната зора. И еве го правото кое пантеистите го загубиле - тие не можат да извикнат: Слава Тебе, показавшему нам свет! („Слава на Тебе, Кој ни ја покажа светлината!").
Сега можеме да го продолжиме нашиот експеримент за да заклучиме како е најдостојно да размислуваме за Бога. Веќе видовме дека меѓу мноштвото богословски концепции најчиста, највозвишена, најосмислена е онаа која ни соопштува дека: „Бог е љубов". И произлегува дека и подлабок и попривлечен е оној лик на Божествената Личност, Чии богојавленија се манифестираат не само во волјата, силата или во разумот, туку и во љубовта.
Значи, религијата на иднината, ако таа навистина посака да собере се најдобро што е веќе увидено во религиската еволуција на човештвото, ќе мора да ја прифати оваа формула.
Бог е Еден.
Бог е Личност.
Бог е Љубов.
Тоа се трите најважни заклучоци на севкупната религиска историја на човештвото.
И ова не е просто формула. Во Христијанството постои не само одразот на оваа формула, туку нејзиното единствено воплотување. Христос не само што им зборуваше на луѓето за Божјата љубов, туку Он неа ја покажа. Токму во Жртвата Христова откровението за Бога е покажано во поголема мерка отколку во кои било други проповеди и приказни - алегории. Љубовта не се открива во аргументи, туку на дело. И во Христос најважно е неговото спасителско дело.
Окултистите  ќе  речат:  го  признаваме  големото значење на Жртвата Христова, во неа гледаме знак и лекција за Божјата љубов. Но оваа изјава нема да ги направи Христијани. Како прво, кармата, која е највисок принцип на окултната философија, никого не го сака. Таа едноставно автоматски делува. Како второ, за Христијаните во Христос живее сета полнота на Божеството (Кол. 2, 9), а за окултистите во Христос имало само честичка од Божеството. Како трето, за Христијаните воплотувањето на Бога во човекот, во Христос, било слободно и чудесно дело на љубовта. А за окултистите Божеството просто е присутно во секој светски феномен, па и во Христос, исто како и во она копје со кое Христос бил прободен, и во оној леген во кој Пилат ги миел рацете. Божеството не страдало поради тоа што сакало да го впие во Себе искуството на човечката болка, туку заради тоа што не-мало каде. Од гледна точка на окултистите, Бог го нема надвор од светот, и поради тоа, кога се крши кој било камен - се крши „парче" од божеството, кое ни малку не е согласно (бидејќи тоа и „нема со што" да се согласи, зошто во него нема Личност!) на никакво страдање.
Окултистите се подготвени да ги почитуваат страдањата Христови, но Он за нив не е ништо повеќе од „планетарен Логос", кој слегол од не знам колку висок стеиен на „Космичката Хиерархија". Но, тоа значи дека за Бога и не може да се каже дека всушност Тој е љубов; па на Голгота не умрел Бог, туку некој понизок чин... Па, всушност, значи дека во Божеството и нема љубов - таа се покажува само на пониските, поприземните и почовечките „планови на битието".
Дрскоста на евангелското соопштение се открива во потполност ако тоа се зема во целина, а не во делови: ако се сфати дека Христијанството се гради токму на објавувањето дека Самиот Бог, Оној, над Кого нема никакво битие, се воплотил во распнатиот Син на Марија. Големата љубов на Бога кон луѓето не може да биде покажана (зашто на „кармата" или на „Фохат" нема ни на памет да им падне да се искачат на крстот заради луѓето, ниту „знаците на Зодијакот" ќе почнат да ја менуваат вообичаената патека за да им помогнат на луѓето).
Затоа патот од Голгота може да води само надолу: секој објавувач на некаква религијска „новина" после Христос, ако неговата проповед почне да го „проширува" или да го „обновува" Евангелието, прави чекор надолу, во оној магизам и суеверие, од кои Евангелието ги ослободи луѓето.
Така од Северниот пол секој чекор води во еден правец: кон југ.
Така, од врвот на Еверест чекор во кој било правец веќе значи спуштање.
Категориите „современо", „застарено", „средновековно", „прогресивно", „заостанато" овде просто не се умесни. Овде се работи за друг, надвременски и вонвременски систем на вредности. Љубовта не застарува. Време, според Новиот Завет, не ќе има веќе (Откр. 10, 6); а љубовта ќе остане дури и после исчезнувањето на времто. Љубовта ќе ја надживее дури и надежта (1. Кор. 13, 8-14) - зашто надежта е можна само при сменување на сегашноста и иднината. И, значи, текот на времето нема власт над Евангелието на Љубовта.
Меѓу оние реалности, кои никогаш нема да можат да го одделат Христијанинот од љубовта Божја, покажана во Христа, апостол Павле ги наведува не само занданите и прогоните, туку и реката од времето („ ни сегашнината, ни иднината..." - Рим. 8, 38). Реката на времето не може да го намали, ниту да го укине Заветот на љубовта, кој го даде Христос. Тоа е така - зашто луѓето не се тие што го дадоа овај завет, ниту луѓето го најдоа Христос, туку Бог ги најде луѓето и Бог го направи овај завет со нас. Она што луѓето го создале може да застари. Она што не е засновано дури ни на учење, туку на самиот живот, смртта и Воскресението на Господ Исус Христос - нема да може да застари.
Сите разговори за „Третиот Завет", за „епохата на Духот" и „ерата, на водолија" не земаат во обѕир една библиска околност: ние живееме „во последното време". Тоа не е последно во смисла дека денес-утре ќе биде крај на светот. До крајот на историјата може да поминат уште илјади и илјади години, па, сепак, нашето време е последно. Тоа е „последно" веќе две илјади години. Најважното веќе се случи. Бог веќе стана Човек, и Он нема намера да „Се разовоилотува". Оние кои се нодготвуваат да го надминат „последното време" на Христијанството во „Новата Епоха" (New Аge), всушност се спуштиле во тегобноста на „претпоследните" епохи пред Новиот Завет.
Постои нешто во светот што Бог не може да го подобри. А луѓето - можат. Таа загадочна реалност е Христијанската религија. Бог заради нас, луѓето, веќе го направи тоа што е најтешко да се замисли. Тој го премина прагот на Својата вечност и влезе во реката на времето. Тој Кој со Својата рака го создаде човекот, прифати да претрпи шлаканици од човечките раце. Тој, Кој ја облекува земјата во облаци, Сам беше облечен во облека на навреди... Со Својата љубов ни се даде Самиот Себе. Не треба од Бога да чекаме нови „подобрени" откровенија, туку од својот живот да бараме поголема полнота во согласност со вечното Евангелие на Љубовта. Како што точно напиша уште М. Тареев:
„Зборувањата за развојот или усовршувањето на Христијанството се мачно бесмислени: Евангелието никогаш не може да биде надминато. Идејата за наводниот „Трет Завет" крие во себе, како идеја на бесконечен прогрес, негирање на секоја смисла на историјата, непроѕирна бесмисленост на светскиот процес. Прогресот без сомнение постои, но тој го сочинува горниот, површински тек во светската историја, под кој се случува обратен тек... Светиот Дух повеќе со ништо ново не го дополнува Христовото Дело: Тој само го обновува Неговото дело во човекот. Само човекот може да го дополни Христијанството - не во смисла на усовршување на Христијанството, туку во смисла на повторување или повторно решение на христијанската задача од страна на човекот за самиот себе. Христијанството во себе не носи ограниченост во смисла дека е можна посовршена религија, туку во таа смисла дека тоа е премногу возвишено за да го каже последниот збор, кој му останува на човекот токму заради тоа што тој е овенчан со слава и чест. Христијанството е ноловина од животот, навистина, апсолутна половина, но онаа која сепак ја претпоставува другата, релативна половина, која човекот го спојува со Христијанството43".
Значи, во Евангелието не треба да се прилепуваат некои „нови" страници, ниту да се очекува некој друг глас од Небесата и не треба да се вежбаат некои нови „техники на медитација". Туку во рацете треба да се земе полузаборавеното Евангелие, и да се отвори со прашање:
„Господе, што сакаш Ти, да ми кажеш? Твојот вечен Логос нека ми соопшти во што е мојот денешен долг, какви мораат да бидат мојата вера, мојата надеж и мојата љубов!"



24. Еден свештеник, мој познаник, во една таква ситуација запрашал една таква грешница: „Велиш за се си грешна? А дали ноќе си крадела мотори? Не? Тогаш, значи, кај се за тоа што вистински го имаш направено".
25. Далеку од тоа дека сум полиглот, но во тој момент од разговорот мене многу ми помогна отец Олег Стенаев, поставувајќи му на Висарион неколку прашања на иврит јазикот.
26. На пример, заменик претседател на Меѓународниот етер Л. Шапошников: „Евангелие, послание до Галатјаните, 5, 13-15". в. - Л. Шапошников. Новото планетарно мислење и Русија; Огнен свет, 1996. бр. 3 (11), стр. 17. Ние не го надраснавме Евангелието, туку испаднавме од лулката на Евангелието и, силно удирајќи се во главата, се вообразивме дека сме го надраснале Евангелието.
27. Бери Г. Џ., Во што веруваат тие; М., 1994., стр. 158.
28. Кант Е., Критика на моќта на расудувањето; 80; Кант Е., Собрани дела, т. 5, М. 1966, стр. 452
29. Богољубов Н., Теизам и пантеизам; Нижниј Новогород, 1899, с. 302
28.  Кант Е., Критика на моќта на расудувањето; 80; Кант Е., Собрани дела, т. 5, М. 1966, стр. 452.
29. Богољубов Н., Теизам и пантеизам; Нижниј Новгород, 1899, с. 302.
30. Блавацка Е. П., Тајна доктрина; Т. 1. Рига, 1937, стр. 102.
31.. Блавацка Е. П., Поглавие од "Тајна доктрина", Весник на теософијата, 1913. бр. 10, стр. 69.
32.. Во рускиод превод на Светиот синод: „каде тогаш ќе изградите дом за Мене".
33. Соловјов В. С, Претстава за Бога; Собрани дела. т. 7. СПб., 1903. стр.16.
34. Апофатички (негирачки) се нарекува начинот на богословието кој го негира премногу избрзаното придавање на човечки, филосовски, психолошки, социјални или моралистички категории на Бога. Апофатичкото богословие истакнува дека Бог е неизмерно повозвишен од нашите претстави за Него, тоа истакнува дека духовното искуство на Богопознавањето не може да се смести во премногу човечките, и со тоа смалувачки формули. Меѓутоа, важно е да се истакне дека апофатиката не е агностицизам. Агностикот едноставно одбива да Го познае Бога, додека богословот, кој делува според апофатичкиот метод, токму тоа и го прави. Агностикот се врти на сонцето и вели дека самото постоење на сонцето не може да се докаже, и дека е сосема бесмислено да се загледуваме во него. А богословот го забележува сонцето, го признава, а тоа пак во одредена мерка дури и го изгорело. И еве тој како да зема разнобојни парчиња стакло и преку нив гледа во сонцето. Се разбира, секое парченце стакло го затемнува, ограничува светењето на сонцето. Но, како прво, едноставно не би можело да се гледа во сонцето без никакви стакла. Како второ, подобро е да се гледа во сонцето низ затемнети очила, отколку всушност целиот живот да се проживее во мрачна пештера. И, како трето, секое ново парченце на стакло (т.е. човечки збор или формула) сепак овозможува да се фати некоја нова нијанса на Сонцето на Правдата. Па, дури, и ако тоа очигледно не одговара - тоа е исто така резултат: сознаваме дека Бога на тој начин е невозможно да се замисли...
35. Прочуеншт грчки мит за Атина, која се раѓа од главата на Зевс, не ја открива толку „бестрасноста". колку неинформираноста на анткчките богови. Атина се раѓа од главата на Зевс поради тоа штоЗевс пред тоа ја изел своја сопствена сопруга - божицата на муцроста Метида, која веќе била трудна со Атина, а ја изел токму заради тоа „за да му јавува што е зло, а што е добро" (Хесиод, Теогонија, 900). Боговите ни самите не ја знаат разликата меѓудоброто и злото и мораат на тоа да се научат.
36. Де Унамуно М., За трагичното чувствување на животот кај луѓето и народите, Агонија на христијанството; М., 1997. стр. 174 и 180.
37. Кант Е., Критика на моќта на расудувањето; 88, Кант Е. „Собрани дела". т. 5. М., 1966., стр. 492.
38. Според мислењето на пантеистот Спиноза, теистичкото уверување за тоа дека Бог дејствува целисходно , „го уништува совршенството на Бога; зашто ако Бог создава заради некаква цел, тогаш Он неопходно се стреми кон она што го нема" (Спиноза Б., Етика, кн.1. Додаток на теоремите 36; Избрани дела. т.2. М, 1957., стр. 397).
39. Споредбата на пантеизмот и Христијанството е посветена мојата книга „Христијанската философија и пантеизмот" (М., 1997.).
40. Теософка - не е навредлив епитет. Рерихови, за кои воопшто било карактеристично вчудоневидувачкото немање чувство за рускиот јазик, го употребувале овој збор (нпр.: „Вие бидејќи сте теософка одамна..." - Рерих Ј. И., Писмо до В. А. Дукшта-Дукшинска од 27.4.37, Рерих Ј. И., Рерих Н. К. Асеев А. М. „Окултизам и Јога". Летопис на соработка. т. 2. М., 1996, стр. 303), не забележувајќи дека тој, пред се би се рекло, звучи навредливо.
41. Рерих Ј. И, Писма 1929. 1938.; т. 1. Минск, 1992., стр. 439.
42. Рерих Ј. И, Писма 1929. 1938.; т. 2. Минск. 1992., стр. 12.
43. Тарејев М. М., Христијанската филозофија; д. 1. Ново богословие, М., 1917, ст

 Посети:{moshits}

Извадок од книгата:

„НЕМА СПАСЕНИЕ НАДВОР ОД ЦРКВАТА“

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархија

 Друго:

Дали во Стариот Завет Бог е - Љубов?

Дали во исламот Бог е - Љубов?

Дали во античкиот паганизам Бог е - Љубов?

Дали во Шаманизмот Бог е - Љубов?

АКО БОГ Е ЉУБОВ, ТОГАШ СИТЕ РЕЛИГИИ НЕ СЕ ИСТИ!

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3124
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная