логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 TVIT450

Човекот, драги мои браќа, почнува да старее не тогаш кога ќе му побелее косата, туку тогаш кога ќе му поцрни срцето! Не смееме да го тргнеме од ум тоа дека не постојат само телесни болести. И душата може да боли и да се разболи. Една од душевните, и тоа една од најсериозните болести, е зависта. Колку ли само несреќа, колку ли трагедии меѓу луѓето предизвикала зависта!…
                 Телесната болест можеме да ја откриеме врз основа на видливите симптоми. А според симптомите, кои ја издаваат зависта, лесно го препознаваме човекот, кој живее под нејзината власт. На крај, големо проклетство, големо безумие и голем злочин е да се завидува на другите луѓе. А што, всушност, е зависта? Кога некој се жалости и се јаде заради среќата на другиот, заради неговите доблести и напредувања. Истовремено се труди на секој начин и со кое било средство сето тоа да го расипе, да го уништи. Гледате, на пример, кога некој пожолтува, се онерасположува, се буни и трепери кога ќе види или чуе нешто за напредокот, добродетелите или убавината на друг човек, тој сосема сигурно во душата ја има зависта. Не сака другите да бидат среќни. Не може да ги гледа како напредуваат, како се возвишуваат и стануваат подобри од него и затоа со сите средства и на секој начин се обидува да му ја затруе радоста, да му го намали успехот.

Кога би било можно завидливиот човек да ја има молњата на располагање и кога би можел да ја фрли – само тоа, се разбира, никој да не го забележи – на куќата, на делата на луѓето на кои им завидува, и сето тоа да го сруши и уништи… Тоа сигурно со голема злоба би го направил! Но, кога веќе тоа не е возможно, завидливиот пронаоѓа и користи едно друго оружје – клеветата, која е чедо на зависта.      

Човекот, на кој му завидува, може да покаже некоја, па и најмала, несовршеност во карактерот. Завидливиот ги занемарува сите други доблести и својот поглед го насочува само кон тоа слабо место. Го зголемува, го развива и тогаш им го сервира на другите… Па дури и неговата жртва да не покажува ниту најмала видлива маана или слабост, завидливиот ја создава од ни од што. Неговата болна фантазија го измислува или го создава она што не постои.
               Го прашале еднаш еден мудрец кои очи гледаат подобро: сините, црните или смеѓите. Тој одговорил: завидливите! Очите на завидливиот човек го гледаат и она што е најситно. Го гледаат дури и она што… не постои. Само едно не гледаат: доброто! Ма го гледаат и тоа, но погрешно, затоа што не можат да ја поднесат неговата блескавост… Завидливите клеветници се како муви, кои не се грижат за целото здраво човечко тело, туку доаѓаат и застануваат на раната. Оној кој завидува на доблестите и вредноста на другиот и се труди да ја уништи, со тоа покажува дека не ја сака добродетелноста. Напротив, ја мрази, не може во себеси да поседува складност, префинети чувства, душевна убавина.
Како секоја страст, така и зависта го замаглува и помрачува човечкиот разум до таа мера, што е во состојба да ги изврши и најголемите злодела. Онаа сатанска енергичност што ја покажува завидливиот човек, само за да ја уништи добродетелноста, убавината, возвишеноста, остава силен впечаток и предизвикува страв. Не пропушта ниту една прилика да го понижи, да го разжалости и да го повреди понекогаш зад грб, а понекогаш во лице, човекот против кого што се свртува неговата завист. Ќе се труди да оцрни и со клевети, со лицемерие и злоба да ги изврти и најпростодушните постапки на човекот кому завидува. Клеветата и лицемерието се драгоцено оружје на завидливиот. До каде, навистина, може да отиде завидливиот? До какви изобличувања и до какви злосторнички заблуди?… Праведниот да го обележи како неправеден. Невиниот како виновен. Спасителот како измамник! Јунакот како предавник! Добродетелниот како убиец! Речено е дека зависта е најправедна, но и најнеправедна страст. Навистина е најнеправедна, затоа што ги ранува невините и простодушни срца. Но, и најправедна е, затоа што дење и ноќе како црв ја јаде утробата на завидливиот.
Браќа мои, ајде да си ги покоруваме себеси своите најубави чувства. Ако ги оставиме незауздени, ќе нè одведат во страст и во најдобар случај, едноставно ќе згасне насмевката од нашите усни, а другите ќе ги направиме несреќни. Никогаш не треба да отвориме уста, за да кажеме нешто лошо за својот ближен. И никогаш не смееме да слушаме нешто лошо за својот ближен ниту било што лошо да гледаме во својот ближен! Ако на својот животен пат сретнеме некој величествен, вистинска слава, јунаштво, среќа, талент, добродетел, да не допуштиме во нас да се роди црвот на зависта, да ни ја сотре душата, да ја изгубиме радоста и да смислуваме што да направиме сето тоа да исчезне.
Илјада пати е подобро душата да ни ја исполни восхитување и ликувањето да ú даде крилја на нашата душа. И тогаш спонтано ќе прошепнеме два слатки збора за создателите, чинителите на добро. Колку ќе им значи таа наша изјава и колку тоа служи за заедничкото добро! А потоа, тоа исто восхитување и тоа исто ликување ќе нè вдахнови, ќе нè побуди и ќе пробуди во нас копнеж и сила да дејствуваме и да се воздигнеме високо!
Извор: О зависти – Старац Нектарије Виталис
преземено од : Маран Ата

No photo description available.

 2023

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная