8. втор дел: Вистинскиот пост е и телесен и духовен.
И свети Тихон Задонски многу убаво ја објаснува потребата и неделивоста на телесниот и душевниот пост: ,, Постои пост телесен , постои и пост душевен. Телесен е пост кога стомакот пости од храна и пијалоци; а душевен е постот кога душата се воздржува од лоши помисли , зборови и дела... Полезен ни е телесниот пост, зошто ни служи за умртвување на страстите ; но душевниот пост толку ни е потребен, што телесниот пост без него е безвреден. Многумина постат со телото, но не постат со душата; многумина постат од храна и пиење, но не постат од лоши помисли, зборови и дела, и каква им е ползата од тоа? Вистинскиот пост е воздржување од секое зло. Значи , ако сакаш, Христијанин, постот да ти биде полезен, а ти, постејќи телесно, пости и душевно; и пости секогаш. Како што му налагаш поста на својот стомак, наложи им и на лошите помисли и на своите желби. Нека пости твојот ум од суетни помисли, нека пости твојата волја од лоши желби; нека постат твоите очи од лошо гледање; нека постат твоите уши од срамни песни и клеветнички шепотења; нека пости твојот јазик од клеветење, осудување, хулење, лажење, мамење, од изговарање на срамни и празни зборови; нека постат твоите раце од тепање и грабање туѓи богатства; да постат твоите нозе од одење кон лошо дело. Клони се од зло и прави добро. Тоа е христијанскиот пост каков што бара Бог од нас.
Извор: „Вистинскиот учител“
FB: Писмановски Кире