„...Но, и тие што пишуваа за животот на Светиите и ги објавија нивните слова, го сторија тоа со таа цел. Исто така, и душата којашто Бог така ја има создадено, ако нема слух за возвишените и за созерцание достојни слова, станува сонлива и безгрижна.Само преку вакви раскажувања, преку читања на чудесни случки ќе успееш да го изгониш заборавот и да ја возобновиш својата надградба.Јас кога дојдов на Света Гора запознав многумина Отци кои живееја во подвиг и во созерцание. Стари и свети луѓе.Еден од нив беше старец Калиник. Одличен аскет.
Затворник четириесет години.
Се подвизуваше во умното дејствување и јадеше од медот на Божествената љубов, станувајќи корисен и за другите.
Тој го доживеа и грабнувањето на умот.Подолу од него беше еден друг, старец Герасим.
Краен тихувател. Родум од Хиос.
Чудесен подвижник.
Се подвизуваше во умната молитва. Деведесетгодишен.
Помина седумнаесет години
на врвот од Пророк Илија борејќи се со демоните и бивајќи удиран од невремето остана без покрив.Столб на трпение, тој постојано имаше солзи.
Засладуван со созерцувањето на Христа, го заврши својот безгрижен и мирен живот.Погоре беше старец Игнатиј.
Без вид многу години. Многу години духовник.
Старец од деведесет и пет години.
Се молеше умствено и непрестајно така што од молитвата му излегуваше благоухание од устата.
Секој се радуваше да зборува блиску до неговата уста.Имаше и еден друг.
Најчудесен од сите Свети отци на Атон, отец Даниил.
Подражавател на најголемиот Арсениј.
Краен молчеливец, затворник.
Литургија служеше до крајот на животот.
Во текот на шеесет години не можеше да замисли ни еден ден да не служи Божествената Литургија.Во Големата Четириесетница секој ден служеше Преждеосвештена Литургија.
Престарен до последниот ден заврши без болест.А неговата Литургија траеше секогаш три и половина до четири часа, зашто не можеше да ги искаже молитвите од умиление. Од неговите солзи се натопуваше земјата пред него.
Затоа претпочиташе туѓинец да не присуствува на Литургиите, за да не го види неговото дело.Бидејќи јас го молев со многу жар, ме примаше.
Кога одев – пешачев по три часа ноќе, за да присуствувам на таа чудесна, навистина Божествена претстава.
Тогаш ми кажуваше по една до две изреки излегувајќи од олтарот и веднаш се криеше сè до следниот ден.Секојдневно до крајот на животот имаше целоноќно бдение и умна молитва.
Угледан на него го земав неговиот типик и имав голема полза.
Секој ден јадеше по дваесет и пет грама леб и изгледаше како да лебди на Литургијата.И без патосот да стане кал не ја завршуваше Литургијата.Имаше и многу други созерцатели коишто јас не се удостоив да ги видам, бидејќи се упокоија пред една или две години. Ми ги раскажуваа нивните чудесни подвизи, бидејќи многу ме интересираше.Чекор по чекор ги обиколував ридовите и пештерите да најдам слични примери.
Зашто мојот старец беше прост и добар и кога ќе му го подготвев јадењето ми даваше благослов да барам сè што е добродетелно за мојата душа.По неговата смрт, го погребав и го истражив целиот Атон, барајќи духовна поука.Имаше еден старец во една пештера, којшто преку ден требаше да плаче седум пати.
Тоа беше неговото дело. А пак ноќта цела да ја помине во солзи.
Неговата перница секогаш беше натопена.
И послушаникот, кој одеше два-три пати во денот бидејќи не сакаше да е близу до него за да не му го прекинува плачот, го прашуваше„Старче, зошто толку плачеш?”
И овој му одговараше:
”Дете мое, кога човек Го созерцува Бога од љубов му течат солзи и не може да ги запре.”Постоеја и други помали.
Отец Козма и другите.
Големи! Ако сака некој да напише за нив, ќе му биде потребно многу хартија. Сега сите тие се починати и живеат во другиот век.А денес ретко ќе чуете слово за умно-срдечната молитва.
Луѓето се заробени од толку многу грижи и материјално размислување имајќи совршен презир кон трезвеноста, така што многумина, не само што не сакаат да дознаат,
да научат, или да истражат, туку, дури и да чујат дека некој кажува за сторените подвизи веднаш го навредуваат и го отфрлаат, сметајќи го за чудак и луд
бидејќи неговиот живот не е сличен со нивниот така што им служи за потсмев.Се случува нешто слично како во епохата на идолопоклонството.
Ако ги навредиш идолите те каменуваат и те убиваат. Сега, пак, секоја страст има позиција на идол.
Та, ако ја искараш или ја осудиш страста којашто некого веќе го совладала, веднаш велат:
”каменувајте го, зашто ги навреди нашите богови.”Јас, бидејќи не примам никого, без исклучок, ниту пак, сакам да знам како живее и што прави светот, постојано сум мета на осудување и на озборување од страна на монасите.И не престанувам дење - ноќе да се молам за Отците и да нагласувам дека тие имаат право. Јас сум виновен само ако се соблазнам од нив.Бидејќи тие гледаат со очите што им ги даде Бог. Неправичен и за осуда сум кога ќе речам
– зошто не размислуваат како што мислам јас.Бог да нè помилува сите по молитвите на Преподобните и Богоносни Отци наши.
Старец Јосиф Спилеот
Избор од фејсбук страната на:
Азбука на Православната вера (Azbuka na Pravoslavnata vera)