логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 o.Georgij.Kalciu.jpg

Отец Георгиј Калциу: Првовековен христијанин во дваесеттиот век

Блажени се гонетите заради правда, зашто е нивно царството небесно!

Не бев свесен. Или, да бидам појасен, пред да станам православен христијанин, знаев само дека Православната Црква била силно гонета од страна на комунистите, но не бев свесен дека тоа гонење многу често било еднакво на гонењата на раната Црква.

Отец Георгиј Калциу (1925-2006) бил исповедник за верата. Романец по раѓање, православен христијанин по воспитување, и свештеник по вокација, Калциу поминал дваесет и една сурова година во затвор, бивајќи измачуван и подложен на перење на мозокот – поради неговото храбро проповедање на Евангелието и критикување на комунистичкиот материјализам.

Отец Георгиј бил најмалото од единаесетте деца одгледани од неговите побожни православни родители. Комунизмот завладеал со Романија во 1944 година, а веднаш потоа, владата започнала со прогонства врз Црквата. Како студент по медицина кој јавно ја изразувал својата вера, младиот Калциу им станал сомнителен на комунистичките власти. Во 1948 год бил уапсен, и во затворот бил подложен на експерименти за контрола на умот во стилот на орвеловата „1984“: бил измачуван сè додека не се откажал од Христа, а потоа бил принуден самиот тој да ги измачува другите, додека тие не го стореле истото. „Сакаа да ни ги одземат душите“, има кажано о. Георгиј во едно интервју, „не нашите тела“.

Прогонуван од својата „слабост“, Калциу се заветил да стане свештеник доколку ги преживее измачувањата. Бивајќи ослободен во 1964, се оженил, добил син, и докторирал француски јазик. Но, неговиот завет останал. Кога набрзо потоа добил и божемна француска професура во богословијата (предавал француски јазик во богословијата), тој започнал тајно да се подготвува за својот свештенички позив. Бил ракоположен во 1973 година.

Отец Георгиј и неговото семејство живееле мирно, додека комунистичката власт не започнала повторно да ја гони Црквата. Пазејќи го она што самиот го сметал за божји призив, тој одржал седум проповеди пред младите Романци. Беседите биле изговорени во средите од Великиот пост, и секоја од нив била продолжение на претходната. Тоа бил ретко храбар чекор за Романија во 1978 год. Црковните врати биле затворени за отец Калциу од страна на исплашениот Патријарх, па затоа овој свет исповедник бил принуден да ги изговори пред црковните двери. Самата непожелност за комунистичките власти го направила отец Георгиј интересен лик за романската бунтовна младина, која станувала сè поприврзана за него.

Во неговата прва беседа, „Повикот“, о. Георгиј ги охрабрил младите да го слушнат „гласот Христов“, уптаувајќи разорен (за комунистите) повик за вера:

„Го знаете ли Христа, млади луѓе? Ако сè што за Него знаете е она што ве учат на часовите по атеизам, лишени сте од вистината, од онаа вистина која може да ве ослободи. Кој ли го врза тој вел врз вашите очи, за да не можете да ја видите најубавата светлина на љубовта, објавена во животот Исусов до самиот крај?“

Одговорот бил очигледен: Владата, комунистите, и наставниците кои тие ги контролирале. Отец Георгиј понудил јасна покана:

„Дојдете во Црквата Христова – за да научите што е девственост и чедност, што е кротост и што е љубов. Ќе го пронајдете вашето место во животот, и смисолот на вашето постоење. На ваше зачудување, ќе откриете дека нашите животи не завршуваат со смрт, ами со воскресение; дека нашето постоење се заснова на самиот Христос, и дека овој свет не е само празнотија во која надвладеало небитието… Исус ве тражи: Исус ве најде!“

Недела по недела, енергичните проповеди на о. Георгиј методски ја изградиле евангелската порака. Во неговата втора проповед, тој поттикнувал, „Да градиме цркви!“. Во третата, говорел за „Небесата и Земјата“, а во четвртата, за „Верата и Другарството“. Во петтата, насетувајќи го она што му следува, о. Георгиј говорел за „Свештенството и Страдањето“:

Во шестата беседа, ја прикажал теологијата на „Смртта и Воскресението“, и на крај, токму пред Пасха, го заклучил овој циклус на беседи со една љубовна порака, уверувајќи ги верните на Божјото „Простување“. Својата последна беседа ја завршил со извадок од Златоустовото Пасхално слово, кое секоја Пасха се чита во сите краишта на Црквата:

„ Кој работел од првиот час, денес нека го прими праведниот долг. Кој дошол по третиот час, нека празнува со благодарност. Кој стигнал по шестиот час, ни најмалку нека не се сомнева, зашто со ништо нема да биде оштетен. Кој го пропуштил и деветиот час, нека пристапи не колебајќи се. Кој стигнал дури во единаесеттиот час, нека не се плаши поради доцнењето: зашто овој прекрасен Господар го прима последниот како и првиот, го одмара оној кој дошол во единаесеттиот час исто како и оној кој работел од првиот час… Воскресна Христос и паднаа демоните. Воскресна Христос и се радуваат ангелите. Воскресна Христос и ниту еден мртов во гробот!“

На крајот од постот, отец Георгиј знаел што да очекува. На крајот, се исполниле повеќемесечните смртни закани. Чаушеску издал наредба Секуритате (Романската тајна полиција) да направи Калциу да исчезне.

Сепак, верата на отец Георгиј овој пат била многу позрела и пооформена отколку при неговото прво затворање. И покрај силното измачување, со кое се соочил, тој не потклекнал. Во едно интервју, тој го кажал следново: „При едно такво непрестајно испрашување не можев ниту да се сетам на Господовата молитва („Оче наш“). Но, тогаш на ум ми дојде Исусовата молитва „Господ Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме“. И стравот веднаш исчезна… а јас можев да им се спротивставам“.

Потоа, поминал неколку години во самица. Не знаел ништо за неговото семјество, како што и тие не знаеле ништо за него. Една ноќ, о. Георгиј го слушнал радосното биење од многуте црковни камбани: Пасха. Рано утрината, најлошиот чувар во затворот – кој уживал во тоа да го измачува – влегол во самицата на свештеникот. Отецот требало да се заврти кон ѕидот, но наместо тоа, тој смело го погледнал својот мачител во очите, и му рекол: „Христос воскресе!“. И, наместо да започне со измачување, чуварот подзастанал, и низ забите промрморел: „Навистина воскресе!“, напуштајќи ја келијата без да го измачува.

И токму тој ден, Пасха, отец Георгиј добил откровение за она што православната теологија го нарекува Несоздадена Светлина.

„Чуварот ја затвори вратата, и јас бев преплашен од она што тој ми го одговори. И, малку по малку, се видов себеси сиот во Светлина. Масичката која се наоѓаше веднаш до ѕидот сјаеше како сонце; сè во мојата келија беше преполно со светлина. Не можам да објаснам со зборови колкава радост ме преисполни тогаш. Ништо не можам да објаснам. Знам само дека се случи, а јас тоа не го заслужив“.

Кога о. Георгиј го преместиле во една келија со двајца криминалци (кои имале наредба да го убијат), тој и двајцата ги покрстил. Дотогаш, западните земји извршиле притисок врз Чаушеску да не го казнува свештенството. Како резултат на тоа, Христовиот исповедник бил пуштен на домашен притвор во 1984 година, и следната година пребегнал во САД, кадешто го поминал остатокот од неговиот живот во слобода.

Отец Георгиј Калциу го живеел она што го проповедал. Тој немал омраза кон своите гонители. Попрво, дење и ноќе се молел за нив, и во рацете Божји ја предал грижата за нивното спасение. И на секој чекор ја среќавал радоста. Една од неговите духовни ќерки, Фредерика Грин, во книгата напишана за него, вели: „Тој имаше насмевка која зрачи. Му се радуваше на животот и секогаш насмевнат… О. Георгиј беше навистина радосен… Беше природно љубезен, и секој од нас го држеше за рака, зрачејќи со неговата сјајна насмевка“.

Отец Калциу живеел живот, каков што многу христијани се молат да добијат – но на каков што повеќето се надеваат дека нема да бидат повикани. Неговото сведоштво е јасно: исповедништвото и мачеништвото, без оглед на тоа колку и да се силни, придонесуваат кон зголемување на верата и конечната победа.

И за крај, како што ние, православните христијани велиме кога ги просиме молитвите на упокоените праведници: Свети Георгиј Новоисповеднику, моли Го Бога за нас.

 

 Извор: Агапи

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная