логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Мотивот за Воплотување на Логосот Божји (1)

Cur Deus Homo?1

„Јас сум Алфа и Омега“ (Откровение 1, 8)

I

Од самиот почеток на христијанството неговата порака e благовестие за спасението. Согласно на тоа, нашиот Господ е примарно поиман и опишуван како Спасителот, Кој го искупи Својот народ од ропството на гревот и распадливоста. Самото Христово Воплотување во раното христијанско богословие вообичаено е интерпретирано од перспектива на Искупувањето.

Погрешните концепции за личноста Христова со кои раната Црква мораше да се бори беа критикувани и отфрлани токму во моментот во кој претендираа да ја поткопаат реалноста на човековото Искупување. Во христијанското учење, генерално, се сметаше дека самото значење на Спасението е во тоа што преку него повторно беше воспоставен интимниот сојуз помеѓу Бог и човекот, па, оттамму, и дека е неопходно Искупителот да припаѓа на обете страни, односно да биде воедно и Бог и Човек оти, во спротивно, не ќе може повторно да биде воспоставена скршената заедница помеѓу Бог и човекот. Тоа е основната мисла на свети Атанасиј во неговата борба со аријаните, на свети Григориј Назијанзин во неговото отфрлање на аполониријанството, како и на други црковни автори од IV и V век.

„Спасено е она што е соединето со Бога“, вели свети Григориј Назијанзин. Искупувачкиот аспект и ефектот на Воплотувањето се постојано потенцирани од Отците на Црквата. Самата цел на Воплотувањето е дефинирана токму како искупување на човекот и негово враќање во првобитните услови кои се уништени од падот и гревот. Гревот на светот е испразнет и отстранет преку Воплотениот, и само Тој, воедно и Бог и Човек, можеше да го стори тоа.

 

 Од друга страна, би било неправилно да се тврди дека Отците ја гледаа искупителната цел како единствена причина за Воплотувањето, и дека Воплотувањето воопшто не ќе се случеше доколку човекот не погрешеше. Прашањето, во оваа форма, никогаш не беше поставено од Отците. Проблематиката за конечниот мотив на Воплотувањето не беше формално дебатиран во патристичката доба. Прашањето на поврзаноста помеѓу тајната на Воплотувањето и примарната цел на Созданието не беше допрена од Отците; тие не го елаборираа систематски ова прашање. „Можеби би било вистина да се рече дека мислата за Воплотувањето, независно од падот, е во хармонија со генералниот тон на грчкото богословие. Одредени патристички искази се чини дека имплицираат дека на одделни, спорадични места, таа мисла е дистинктивно воочувана и можеби разработувана“. Овие „патристички искази“ не се собрани и проверени. Всушност, исти Отци можат да бидатцитирани во полза на спротивставени мислења.

Не е доволно да се земаат цитатии тие да се вон контекст, такашто ќе се игнорира целта, многу често полемичка, поради која се создавани конкретни дела. Многу од тие „патристички искази“ се само „случајни“ изјави, и истите можат правилно да се користат исклучиво со целосна грижа и претпазливост. Нивното вистинско значење може да биде осигурано само кога се читани во контекстот, односно во перспективата на мислата на секој конкретен црковен автор.
II

Руперт Доицки (починал во 1135 г.) се чини дека е првиот помеѓу средновековните римокатолички богослови кој формално го поткрена прашањето за мотивот на Воплотувањето. Неговата идеја беше дека Воплотувањето му припаѓа на првобитниот дизајн на создавањето, па оттаму е независно од падот на човекот. Воплотувањето, во интерпретација на Руперт Доицки, е конзумирање на првобитната создателна цел на Бога; тоа е цел за себе, а не само искупително средство за човековата природа. Хонориј Отенски (починал 1152 г.) го има истото убедување. Големите римокатолички црковни доктори од XIII век, како Александар Халски и Алберт Велики, ја прифаќаа идејата за Воплотувањето независно од падот како најпригодно решение за проблемот.

Дунс Скот (околу 1266-1308) го елаборираше целиот концепт со голема грижа и логичка конзистентност. За него Воплотувањето надвор од падот не само што е најпригодна, туку е суштествена доктринарна претпоставка. Воплотувањето на Синот Божји е самата причина за созданието. Доколку тоа не би било така, смета тој, ова врховно Божјо дело ќе беше само нешто непредвидено или „случајно“. „Ако падот е причината за Христовото Воплотување, би следелo дека најголемото Божјо дело беше само случајно. Но славата на сè останато не е така интензивна како онаа на Христос, и се чини неразумно да се смета дека Бог не ќе го стореше искупителното дело само заради праведноста на Адам, ако Адам не згрешеше. Основното прашање на Дунс Скот беше токму тоа за поредокот на Божјото „предопределување“,Божјата намера, односно за редоследот на мисли во Божјиот совет при Создавањето. Христос, Вооплотениот, е прв објект на создавачката волја на Бога, и заради Христос е создадено сè што е создадено. „Христовото Воплотување не беше предвидено само како можност, туку тоа еконечната цел на Бог од вечноста. Така, говорејќи за нешта кои се предопределени, Христос беше предистиниран во човекова природа пред сè останато, оти Он е поблизу до конечната цел“.

Овој редослед на „цели“ или „предвидувања“, се разбира е, само логички. Главниот акцент на Дунс Скот се однесува на неусловениот и примордијален карактер на Божествената замисла за Воплотувањето, земен во целосната перспектива на Создавањето. Тома Аквински (1224-1274), исто така, во значајна мера го дискутира проблемот. Тој ја увидува целата тежина на аргументите во полза на мислењето дека дури и надвор од падот, „сепак, Бог ќе се воплотеше“, и ја цитира мислата на блажен Августин: „во Воплотувањето на Христос, е неопходно да бидат земени в предвид и други нешта освен ослободувањето од гревот“ (De Trinitate XIII.17). Меѓутоа, Аквински не можел да пронајде ниту во Светото Писмо, ниту во патристичките писанија никакво директно сведоштво за Воплотувањето како независно од падот, па затоа инклинира кон верувањето дека Синот Божји немаше да се воплоти ако човекот не згрешеше. „Иако Бог можеше да се воплоти без постоење на гревот, сепак, посоодветно е да се рече дека ако човекот не згрешеше, Бог немаше да се воплоти, оти насекаде во Светото Писмо како причина за Воплотувањето ни е даден гревот на првиот човек“.

Недофатливата тајна на Божествената волја од страна на човекот може да се разбере „само доколку е целосно засведочена во Светото Писмо, односно само во степенот во кој (овие нешта) се пренесени во Светото Писмо“, или како што Аквински, на друго место, вели „само во мерата во која сме информирани преку авторитетот на светиите, преку кои Бог ја откри Својата волја“. Единствено Христос го знае вистинскиот одговор на ова прашање: „Вистината за ова може да ја знае само Оној Кој беше роден и Кој се принесе Себеси во жртва, затоа што Он така благоволи“. Бонавентура (1221-1274) ја сочувал и ја предложил истата претпазливост. Споредувајќи ги двете мислења, она во полза на Воплотувањето независно од падот, и она за Воплотувањето како зависно од падот, тој заклучил: „Обете (мислења) ја привлекуваат душата заради различни причини: притоа се чини дека првото мислење е во поголема согласност со судот на разумот, но сепак, второто е посогласно со благоволението на верата“. Поправилно би било да се потпреме на директното сведоштво на Светото Писмо, а не на аргументите на човековата логика.

Генерално гледано, учењето на Дунс Скот беше следено од најголемиот дел од богословите на монашкиот ред на францескините, како и од забележителен број на римокатоличките богослови надвор од тој ред, меѓу кои: Дионисиј Картуазински, Габриел Бил, Џон Весел и, во време на Тридентскиот Собор, Џакомо Накјанти, бискупот на Кјоџа (Јакобус Наклантус), како и понекој од раните реформатори, на пример, Андреас Озиандер.

Нивното мнение беше цврсто спротивставено од други, и притоа, не само од страна на стриктните томисти. Целиот проблем е во голема мера дискутиран како од римокатоличките, така и од протестантските богослови во XVII век. Помеѓу најзначајните римокатолички приврзаници на независноста на Воплотувањето од падот особено треба да се истакнат Франциско Салски и Малбранш. Малбранш решително инсистира на метафизичката неопходност од Воплотувањето, неопходност која е сосема независна од човековиот пад, оти во спротивно,смета тој, не би имало соодветна причина или цел за самиот акт на создавањето. Контроверзата помеѓу римокатоличките богослови оди и потаму, понекогаш со претерана жештина и острина, и прашањето сè уште не е разрешено. Кај англиканците, во минатото столетие, бискупот Вескот силно истапи во застапништво на идејата за „апсолутниот мотив“ во својот воодушевувачки есеј за „Евангелието на Воплотувањето“.

Покојниот православен отец кој живееше на Запад, Сергеј Булгаков, пак, цврсто се држеше за мислењето дека Воплотувањето треба да се разгледува како апсолутна Божја волја, како волја независна од самата катастрофа на падот.


1 Зошто Бог стана Човек?

Протопрезвитер Георгиј Флоровски
Извор: Православен пат бр. 32

Преземено од: http://agapi.mk/cur-deus-homo-1/



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная