логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


tribina.zastresot1.jpg

Во текот на историското зреење на православната теолошка мисла за Црквата Христова се создале две впечатливи перцепции. Во првата од двете, Црквата се претставува како Брод кој плови низ разбранетите води на историски детерминираниот свет. Бродот - Црква имајќи го за своја појдовна точка создавањето на светот и на човекот, патува низ времето и просторот на овој свет и век имајќи ги за целна точка на своето патување дверите на есхатонот. Целото човештво т.е. сите народи и племиња, Новиот Израил, е повикан да влезе во Бродот и да земе учество во патувањето. Есхатонот и небесното граѓанство го осмислуваат историското постоење на човекот и на светот.

Во втората од двете перцепции, Црквата се претставува како Болница за лекување на луѓе болни од гревот. Општо позната е витината за тоа, дека само еден Бог е без грев. Консеквентно од оваа теза произлегува заклучокот, дека не постои човек без грев. А од овој заклучок се изведува вториот заклучок за тоа, дека сите луѓе се болни. И сето тоа е така, бидејќи во протоисторијата на светот и на човекот првородителите Адам и Ева предизвикале онтолошки дефект во природата на човекот и со самото тоа ја отвориле можноста за негова мултипликација. Бидејќи самиот космос, според типолошката теологија, претставува иконична претстава на Црквата, тогаш светот како архетипска Црква во која, што живее Бог Троица и Неговиот свет народ, е архетипска Болница за секоја друга болница. Во Неа болните ги лекува Лекарот над сите лекари, Богочовекот Христос.

Ете зошто Црквата никогаш не била рамнодушна спрема човечкото здравје. Таа е подеднакво загрижена, ем за душевното, ем за телесното здравје т.е. за здравјето на целиот човек, бидејќи човекот е несведлив на само една од двете онтолошки димензии. Црквата никогаш не го оставала човекот без својата грижа и нејзиниот континуитет е траењето на севкупниот живот на човекот, од неговото раѓање, до неговото заминување од земниот живот. Христијанскиот однос на Црквата спрема болестите, на луѓето им дава сила да го износат крстот на страданието кој произлегува од болеста.
Нашево досегашно кажување за етиологијта на стресот, и покрај тоа што изгледа далеку од темата, го сметаме за нејзина пролегомена.

tribina.zastresot1.jpg

Почитувани,

Секој дискурс за стресот треба да започне со обид на теологот да ги апсолвира ставовите на актуелната медицинска наука изречени за стресот. Обидот подразбира консултирање на една богата и разнообразна литература за стресот. Нејзиното богатство не соочува со постоењето на многу разнолики тези, но не секогаш меѓусебно врамновесени. Во продолжение ќе ги постулираме тезите на медицинските авторитети кои ни се чинат веродостојни и доволно тешки или сериозни за да станат предмет за истражуавање на православната теологија. Во таа смисла, целосно се согласувам со мислењето на Виктор Франкл, дека: Целта на психотерапијата е даја лечи душата, даја оздрави, а целта на религијата е суштински поинаква, - даја спасува душата.

Веќе самиот збор стрес потекнува од истоимениот англиски збор ѕtгеѕѕ, кој буквално би се превел со: акцент, нагласок или удар. Неговото семантичко значење во медицинската и теолошката наука одразува стресна состојба на човечкото психосоматско битие. Стресот се третира како фактор кој има моќ, кој било систем на вредности и сили да го исфрли (да го извади) од неговата функционална состојба, но и фактот кој вложува дополнителни напори да се врамнотежи нарушениот ситем на вредности и сили. Стресот при тоа може да биде ограничен, т.е. затворен во рамките на физичките системи и сили или пак да биде проширен (екстензивиран) и во регијата на психолошките сили и системи. И сето тоа се должи на непобитната вистина за психосоматското ткаење на човечкото битие (Владета Јеротиќ).

Настанувањето на стресниот статус на човечкиот организам, медицината го врзува за влијанијата што ги имаат врз човекот разнообразните душевни и физички процеси. Последиците на стресот можат да бидат: моментални, привремени или трајни. За која опција од трите ќе стане збор зависи од персоналната отпорност на душевно-телесната организација на човекот погоден од стресот.

Стресот има сила да ја дезинтегрира личноста на човекот. Ударот ја колеба врската меѓу духовниот и материјалниот принцип. Во човекот погоден од стрес, како реакија на стресот се извива копнежот по повторното воспоставување на нарушениот персоналитет, како и копнежот по соединување со светот. Можеби една мисла на францускиот егзистенцијалист Алберт Ками најдобро ќе го илустрира нашево кажување: Суштински елементи на човечката драма се носталгијата по единството и копнежот по апсолутот - вели тој во Побунетиот човек.

Стресот станува еден од базичните елементи на човечката драма за која пишува Алберт Ками. Човечката слабост и немоќта да се познае себеси однатре, како и тајната на светов во кој што живее е своевидниот ѕрirituѕ lосi за стресот. Стресот ја оневозможува персоналната реинтеграција и интеграцијата со светот така, што го осудува на неуспех копнежот по апсолутот.

Во Побунетиот човек Алберт Ками, нашево кажување го објаснил на следниов начин:
„ За кого и за што можам безусловно да кажам, дека го знаам. Своето  срце можам да го разберам  и знаам,  дека постои. Светот можам да го допрам и повторно знаам, дека и тој постои. Тука престанува секое мое знаење, се друго е измислица (коинциденција со Борхес), зашто штом се обидам да го определам или да го резимирам, и допуштам на водата да ми истече низ прстите... Дури и моето  срце  засекогаш останува непознато за мене. Помеѓу сигурноста која ја имам во своето постоење и смислата која се обидувам да ија дадам на сигурноста постои извесна празнина која никогаш со ништо нема да се пополни. Моето себство засекогаш ќе ми остане туѓо ".

Во овој фрагмент од спомнатото дело на францускиот нобеловец се отвора темата за психологијата и логиката и нивниот однос кон корпусот на гносеолошки прашања. Во можноста да се допушти постоењето на неброени вистини, недостасува самата, суштата Вистина Таа станува жртва на безочниот секуларен  релативизам! Паралелно со тоа, се случува коегзистенција на Сократовото познај се себеси и биди морален во исповедта. Во овој галиматијас на ничкосани категоријални вредности ја лоцираме улогата на носталгијата и незнаењето. Се случуваат бескрајни игри на важни теми. Неодговорените егзистенцијални прашања стануват моќни генератори на мачни, напати долготрајни стресни состојби. Притоа не можеме а да не се согласиме со Алберт Ками, дека бесмислата на животот е најразорната и најраспространетата болест која продира до сржта на човечкиот живот и го убива. Прашањето за бесмислата на животот ставено во тој контекст, претставува колосална причина за стрес.

Темата за стресот како последица на бесмислата на животот, Алберт Ками ја продлабочува и ја развива во неговото најпознато книжевно дело Странецот. Човекот секогаш одново се обидува да ја состави духовната слика за себеси во состојба на отрезнетост од опиеноста со контрадикторните искуства на животот и стресните дразби што ги носат тие. Човекот постојано трага по својот пат. Тој човек е човекот еманципиран од секоја т.н. професионална или традиционална помош поради, што ја прифаќа одговорноста со сопствени сили да ја открие смислата на животот и бестрасно да ја определи нејзината цел. Сега зборуваме за оној човек, кој откако доживеал стрес, односно хаварија на сопствениот систем на вредности и сили, преплашен од празнината која се отвора под неговите нозе, веќе при првите свои чекори му допушта на срцето да заспие, и на себеси да се откаже. Таквиот човек целосно ја губи довербата во себеси, а со тоа и надежта, дека може да се познае себеси. Тоа е човекот за кого Алберт Ками вели, дека се чувствува како странец на самиот себеси. Поради тоа, тој залудно и бесцелно талка по просторите од внатрешната пустиња на своето битие составена од апсурдни конфликти и сукцесивни стресови. Зборуваме за човекот на апсурдот, за неговата расцепеност и ништотност, за неговото копнеење по загубеното единство (плирома) на човечката природа и личност.

tribina.zastresot1.jpg

Доколку проникнувањето во јатката на човечката егзистенцијална агонија, која произлегува од копнежот по пресоградба на разграденото онтолошко единство, би било можно, дотолку повеќе ќе биде можно согледувањето на тој копнеж како можност да се открие душевната жед на човекот по мирот Божји. За мирот Божји, Хелдерлин пишува, дека не се наоѓа на површината од морските води, туку во нивната длабочина. Факт е, дека човекот растроен и внатрешно поделен од стресот го бара тихованието (исихијата) во длабочините на своето внатрешно, душевно битие. Човекот поместен од своите онтолошки темели поради стресот, предизвикан од внатрешните конфликти, но и од конфликтите со надворешната средина, откако ќе ја воспостави онтолошката рамнотежа, првото добро во кое посакува да постои е духовното безмолвие, кое се случува како резултат на врамновесениот душевен и духовен статус.

Во Побунетиот човек, Алберт Ками се обидува да го разголи времето на историскиот човек како значаен фактор на стресот:
„Некој можеби мисли, дека без двоумење треба да се осуди времето од половина век, времето за чие траење се уништени, поробени или убиени седумдесет милиони луѓе. Но, вината на тоа време, сепак мораме да ја разбереме. Во многу почесните времиња од нашево, - кога тиранот ги разурнувал градовите имајќи потреба од сопствена слава; кога робот врзан во синџири за кочијата на победникот бил влечен по улиците на кои му се воскликнувала слава; кога непријателите им биле фрлани на дивите ѕверови пред насобраната толпа, - духот не бил збунет од бесрамните злосторства, а осудата е јасна. Но, логорите подигнати под знамето на слободата; крвопролитијата правдани со човекољубието или со вкусот на надчовештвото, сериозно го сакатат судењето. Во денот, кога злосторството го облекува хитонот на невиност, низ необичните преобразби чудни за нашево раздобје, - тогаш, невиноста е повикана да се правда ".

 Еве зошто најдлабоката смисла на стремежот да се постои во исихија се осмислува со непопречената средба и со создавањето на жива и нераскинлива заедница на човекот со Бог Троица.

Духовната слика за несместливото Царство на Живиот Троичен Бог сместено во внатрешните простори на човекот на срцето, го отсликува растечкиот процес во опитот на аскетското молчание. Доживувањето кое произлегува од него потресно и се противставува на духовната пустиња на Алберт Ками, но истовремено одговара на прашањето на современиот човек: како даја состави својата искината душа?
Човекот кој бега од себеси, ги умножува внатрешните стресови (удари) и му се предава на сепоништувачкиот фатум (безизлез). Човекот пак, кој прифаќа да влезе во својата ризница т.е. да си се врати себеси, го пронаоѓа мистичниот пат кој води до душевната и духовната хармонија и до единството на природата. Во Митот за Сизиф, Алберт Ками ја согледува таинствената смисла за апсурдот кој произлегува од противставеноста на копнежот и апсурдното молчење на светот. Зошто светот молчи кога човекот страда?! До одговорот на ова прашање не се доаѓа без да се вкуси, антипипирш сепоништувачката празнина. Нејзин најголем конзумент е т.н. "техолошки човек, познат по незадоволениот копнеж по прогресот и по техничкиот развој. Денес, токму тој, го олицетворува многустрадалниот Сизиф.

Почитувани,
Живееме во историско раздобје во кое, што употребата на поимот грев е а рпоп осудена. Се нема воља да се признае, дека гревот е причина за секоја болест, па и за стресот. Гревот има гибелно дејство на природата на човекот, бидејќи е противприроден. Во спротивно гревот и гревовната состојба не ќе и наштетуваа на природата. На пример, се што е природно, за кое било живо суштество, не може да наштети. На рибите не им наштетува тоа, што постојано живеат во вода; на кактусите не им наштетува тоа што живеат во пусти и суви предели, во отсуство на голема влажност; на трската пак, не и наштетува тоа, што постојано се наоѓа во блатски предели. По аналогија заклучуваме, дека и гревот кога би бил, ем нормален, ем природен, за човекот не би бил причинител на психосоматски заболувања и на непријатностите што тие ги носат со себе.
Од односот на силите меѓу општата гревовност и конкретниот грев зависи дали ќе се случи стрес или не и доколку се случи, во која од трите наведени последици според траењето, ќе се манифестира.

Релацијата меѓу гревовната состојба и гревот може да се спореди со односот, што постои меѓу притисокот на течноста во централната цевка и нејзините продори во тенките периферни предели. При висок притисок, можноста водата да продира е поголема. Без притисок нејзиниот продор е апсолутно невозможен. Разбирањето на овој пример си наоѓа свој одраз во изреката: Пука таму каде, што е најтенко. Поправката на пукнатата цевка не ја отстранува можноста од повторна хаварија, се додека постои притисокот.

По се изгледа, дека постојат конституционално повеќе или помалку резистентни луѓе на дејството на различните видови на стрес. Уште во детството треба да им се обрне особено внимание на хиперсензибилните деца, за да се заштитат од стресови.

Стресовите се сепак неминовни, а можеби и неопходни за јакнење на физичкиот   и   психичкиот   организам,   за   процесот   на   персонализирање (оличноснување) на единката. Налик на природната неотпорност на некои од органите со кои сме дошле на свет (желудник, срце, бели дробови, кожа, нерви), за кои што знаеме дека може да се одбегне тоа, што заправо би ги повредило, - треба да се запознае психичкото битие и слабите неотпорни делови во него за да се знае и за да се може и оваа исклучително важна регија од животот на човекот, да се заштити од атаката на сите можни стресови. Се забележува се поголема и се позачестена изложеност на стресовите од сите можни видови, кои настануваат како последица на: атомските зрачења, потем, новите терминални заболувања, војните, загаденоста на водите, храната и воздухот, агресиите и насилствата, растурените бракови и распаднатите семејства, економските и социјалните кризи, отпуштањето од работа, и убените заштеди во банките што пропаѓаат неповратно, општата сиромаштија... -единствена успешна одбрана од стресовите е свесното и систематско јакнење на личносниот духовно-душевен живот. Првенствено од него зависи и степенот на издржливост на нашиот имунолошки систем. Дали ќе се одбраниме од сите сегашни и идни стресови зависи од тоа, дали ќе успееме да ја запознаеме нашата природа и нејзиниот Источник.

Но, за да биде така треба да се знае, дека гревовите се наоѓаат во постојано меѓусебно војување, идентично на демоните на кои им служат. Демоните се согласуваат и соработуваат само по прашањето: како да го убијат човекот? И токму затоа, според аскетската теологија, во односот на човекот спрема гревот и сопствената грешност се оформува човечката личност, нејзиното однесување и нејзиниот принципиелен животен став.

На православните свештеници им се обраќаат и бараат од нив помош и подршка потенцијалните жртви и жртвите на стресот. Тие имаат намера да му се противстават на гревот, но не располагаат со неопходното знаење и искуство за тоа. Но, што ќе им препорача на таквите луѓе свештеникот, кој не ги гледа и не сака да ги види сопствените гревови и сопствената грешност, кој не им се противставува и не сака да им се противстави на гревовите, поради што го нема и неможе да го има искуството на противставување?

Православното христијанство се соочува со низа сопствени искушенија. Негово најголемо искушение е искушението да побегне од светов и од неговата драматична проблематика како да не го допира историјата и се што носи таа. Потем искушението, Таа да се согласи со еден вид на наивен фатализам потпирајќи се на хетеродоксното поимање на Божествената Промисла и како да се заборавило за реалата моќ на демоните во историјата. 
Се осмелувам да тврдам, дека самиот обид да се зборува за проблемите врзани за душевното здравје на човекот со јазикот на православната аскетска теологија, претставува колосално сведоштво за зрелата потреба од современиот црковен живот. Во таа насока дејствуваат и православните психотерапевти ширум православниот свет.

Професионалната информираност на современиот лекар треба да се обогати со патриситичкото знаење за страстите и гревовите, како за два разградбени (дезинтегративни) фактори, кои водат во болест, како и за методологијата на нивното разбирање и восприемање.

Секогаш кога ќе се вкрстат заложбите на свештеникот, како духовен терапевт и лекарот, како психотерапевт, ќе се постигнат максимални резултати во лекувањето на стресот, но и на која било друга болест.


 Друго: Јавна Трибина на Православен богословски факултет „Свети Климнет Охридски“ – Скопје

Посети: {moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7596
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная