логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Не би можело да се започне со раскажување на настаните на ова  поклоничко патување а да не се зборува за личноста која го даде и белегот на традиционалното поклонение на свети мошти во пријателска Романија, Црна Гора, Украина, Грција и насекаде во Православието. Тоа е свештеникот Оливер, кој живее и работи во Битола и како пастир на големо стадо и семеен човек е добро познат и ценет во Битола. Неговата личност изобилува со голем избор на позитивни особини. Грижата околу лугето во текот на патувањата, која се однесува  на нивната духовна состојба, е од посебен респект, бидејки како личен учесник во дел од нив, сум сведок дека многумина ги насочи на Христовиот пат, многумина се утврдија во вистината, а секогаш има и такви кои остануваат во мракот на незнаењето, но со надеж бидејки секој е осенет со Божјата  благодет. Во неговата личност може да се каже дека  одлично се испреплетуваат двете битија, човечката и свештеничката,пастирската. И ова патување е одраз на неговата личност, едноставно кажано прекрасно.


Ова патување секако ке го носи и белегот на ЧУДО БОЖЈО! На крајот на нашето поклонение, во храмот на Свети Великомаченик Димитрија во Солун, на неговиот гроб, Светителот не удостои со мироточение, благоухание и воскресна благодат, која кулминираше со мешавина од радост, покајнички солзи, песна, восхит и неверие, дека ние недостојните сме удостоени да го доживуваме ова Богољубие. Нашата тага која се појави во текот на движењето во храмовите во градот Солун, поради провокациите на одредени грагани, исчезна после оваа милост на Светителот од која сите извлековме големи пораки. Радоста која од тој момент се вгнезди во нашите души и потребата таа да се излее од нашите личности во текот на остатокот од патувањето до Битола и Скопје, не може да се прикаже автентично,но блиску до вистината е дека тоа се моменти кои ја отсликуваат визијата за христијанско живеење,секој да живее преку среката на другиот, да се дадеш себеси  преку отсликување во среката на другиот.Разделбата беше нова средба,сега сме проширено семејство,тоа порасна со нови рожби.Секое патување стана момент на рагање на нови чеда во него.Македонија станува се побогата и посрекна.Од сите нас произлезе констатација дека Свети Димитрија го Благослови ова семејство, ја Благосливи Македонија која треба да продолжи по патеката на Христовиот Вера.

Секако би било голем пропуст да не ги пренесам големите благодети од поклонението на големиот Божји угодник Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски. Роден на островот Кипар,од прости родители, кои биле земјоделци и тој останал во истиот лик до крајот на својот живот. Во младоста се оженил и имал деца,по смртта на неговата сопруга тој сиот се предал на служба на Бога.Поради неговото благочестие,бил избран за епископ на Тримифунт, но до крај не го изменил својот прост и срдечен начин на живеење, околу обработката на земјата и чувањето на стоката се грижел самиот. За себе користел многу малку, се раздавал на другите. Со Божја сила правел многу чуда: сторил да има дожд во време на суша, го сменил течението на реката, воскреснал мртовци,ги видел и слушнал ангелите Божји,го исцелил царот Констанс од тешка болест,прозирал во тајните на човечките срца,упатил во верата многу луге.Бил учесник на првиот Вселенски Собор во Никеја, и со многубројните чуда го прославил Бога и им служел на поединци и на целата Божја Црква,се упокои во 348 година.Неговите мошти се наогаат на островот Крф и до ден денес го прославуваат Бога.Природата на островот Крв ,заедно со проткаената архитектура на старото и новото руво, опколен со морското плаветнило, само посебе е доживување кое ги регенерира сите изумрени клетки во нашиот веке истрошен крвоток, и дава наплив за нов живот. А душата, таа веке оддома е во вапај за средба со светителот, па срдечно собирајки ги сите телесни наслади спремна е за најголемото богатство, духовната храна, која е надвор од временските апетити.Таа го бара Божјото дарувано благо,Светителот да ја отвори својата врата и да не прими на гости,да ги ислуша нашите маки, нашите молитви, да не нагости со топлината на своето срце за да го загрее нашето, веке изморено од животот. Топол дочек на секаде, топли домакини, топли и срдечни свештеници, кои пеејки го тропарот на Свети Спиридон,  ги отворија неговите мошти. Во апсолутна тишина пропратена со пеењето на свештениците,течеше река од чекори, поток од солзи, купови молитви.  Сите беа сигурни дека сме добредојдени и кај него, нашиот мил Свети Спиридон, чувствуваш по топлината на телото, по полната утроба,по светлината во умот кој веке има визија за подобра иднина.Солзите миејки го нашиот вапај,се стишија и топлата насмевка ги отвори сите лица, а во нив се одсликуваше сонцето и морето со сета своја топлина и светлина.

 

 

Продолжува патеката и секоја наредна станица е од убава, поубава.Моштите на Царица Теодора, која се изборила со иконоборците,вракајки ги иконите Господови и на Светителите  во Божјата Црква. Потоа Метеорите,чудото на природата и Божјата промисла во тие за човек недостапни простори, да се изградат прекрасни испоснички и монашки домови, денес велелепни манастири. А за нас грешните,Бог ни дава можност да се обидеме, со помош на молитвата, вистинската молитва која доага од срцето,да се надминеме себеси во физичката немок на телото, да ги совладаме огромните висини и на врвот  да се почувствуваме задоволни поради подвигот во кој макар за момент, да бидеме со оние кои го оставиле светот и се во него за да го имаат тој подвиг секојдневно,во борбата со страстите, живејки со молитвата, молејки се за нас, и за целиот човечки род.

Во текот на патувањето,повекемина од групата,тивко се договаравме како да измолиме од отец Оливер, промена на планот,посета на големиот Божји угодник,старец Пајсие Светогорец,кој живеел и се подвигувал во поновите времиња, веке познат по своите Богоугодни дела, наш молитвеник и застапник пред Бога. Среката беше неповторлива кога го посетивме женскиот манастир, во местото Суроти, во околината на Солун, каде е неговиот гроб, како и моштите на Свети Арсение, неговиот духовен отец. Духовно чистилиште,би го нарекле,бидејки потокот од солзи никако непрестануваше. Продолживме понатаму. Морам да подзапрам со моето раскажување бидејки  нашето патување навлезе во течение, за кое нема доволно добри зборови со кои би продолжила.Она што се случуваше во него, се однесува на просторите на нашите души. Растежот на нови почви и плодови, потокот од сончева топлина и светлина, е толку интимно, тајновито,  што само лично може да се раскаже.Да оставам сите присутни поклоници, особно тоа да го направат, секој на свој начин.

Простете ми што се осмелив јас грешната, да ви дадам свое видување за ова поклоничко патување,но единствената цел ми беше да го спроведам во дело Божјото правило,љубете го ближниот повеке од себе,излегувајки од мојата тивка анонимност,да ви го пренесам со збор и со слика Чудото Божјо, мироточивиот благослов  од Божјиот угодник Свети Димитрија,  кој ни покажа колку не љуби. Сите ние 4о поклоници, сакаме таа љубов да ја споделиме со сите во Македонија,мирот во нашите срца да  Ви го дадеме на сите Вас, и да биде Мир  мегу нас и Мир со Бога.

 Известува : сестра Душанка



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная